Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Ова што го кажа е тотално офтопик, јас немам претензии да станам не Философ со С како што ме нарече туку поправилно да го спелувам -филозоф(денес филозофите немаат леб да јадат) ниту се правам најпаметна, ако немаш нешто да кажеш поврзано со темата тогаш немам ни јас што да ти кажам тебе, иначе со зборот неписмена не се послужив јас прва туку некој друг јас само го употребив нејзиниот збор.
А за последната реченица што ја кажа се согласувам, не сум точно сигурна колкав е процентот на заштита бидејќи варира во однос на различните контрцептивни средства, а тоа што контрацептивните средства не даваат 100% заштита туку многу помалку јасно укажува на фактот дека можна е појавата на несакана бременост, така што тој аргумент дека требало да се заштитат ,,неписмените"(не знам кој е неписмен у случајов) со контрацептивни средства паѓа во вода.

Зборуваме за проценти?Хммм.....А колкав ќе биде бројот на несакани бремености,а со тоа и на направени абортуси,доколку се користи контрацепцијата?Многу помал процент од сега...Ако некој сака абортусот да го прави заради контрацепција,тој за мене е неписмен,(кога веќе ги споменавме и нив неписмените:pipi:),и глуп..Исто доколку се користеше абортусот само доколку има шанси детето потоа да има некои недостатоци,и на пример при силување на некоја девојка да остане бремена,знаеш колку ќе биде намален бројот на абортуси......??
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525

Божица истото и јас го велам, јас не сум за абортусот во сите случаи, туку само за абортус во случаите кога бременоста е несакана т.е се случила по спротивна волја на жената а тие случаи се тие што ги наброи (силување, во случај на вродени недостатоци кај фетусот или во случај кај што и покрај употребеното контрацептивно средство кое што не дава 100% заштита се случила таа бременост)

но ако абортусот се забрани легално, тогаш ќе настрадаат невини жени кои што имале несакана бременост во случаите што ги опишав погоре, а најповеќе ќе страдаат жените кои што ќе немаат доволно материјални средства да си дозволат абортус во странство и ќе бидат принудени да го извршат нелегалниот абортус во Македонија во несоодветни услови извршен од нестручни лица.
 
Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
јас не сум за абортусот во сите случаи, туку само за абортус во случаите кога бременоста е несакана т.е се случила по спротивна волја на жената
И неколку страни назад:
понекогаш возрасна жена која што на пр. родила 2 3 деца и патем останала трудна, можеби сака да си го искористи основното човеково право и да абортира зошто не сака повеќе деца
...
АБе луѓево пари за леб немаат еееј чукнете тоа тиквите.
што треба да раѓаме деца и по улица да ги оставаме да питаат за леб,
некој треба да мисли на отварање нови работни места наместо на глупости, абортусот е основно човеково право на жената да управува со својот живот и своето тело!!!!!!!!!
... двава поста ми се нелогични, контрадикторни и чудни:raz: не стоиш позади твоите убедувања... само дај биди поќе конзистентна пред да почнеш дискусија. И придонеси за темева малце и објасни го болдираниов дел... мал историјат од кога абортусот е основно човеково право на жената или нешо во тој стил... едноставно ми е апсурдна реченицава.:smir:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Да убие човек нешто што скоро и да нема почнато во животот е незамисливо според мене. Човечко суштество кое што нема ништо лошо направено на овај свет и да му се одземе шансата за живот која што од Бога му е дадена мислам дека не е во ред.
 
Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%B1%D0%BE%D1%80%D1%82%D1%83%D1%81

кој сака да се едуцира за абортусот изволте на страницава има се објаснето и тоа на македонски јазик
Како и обично, прајш галиматијас и симбиоза на повеќе гледишта. Доколку цитираното од википедиа ти беше дел од ставот, неотуѓиво право и основно право не е исто.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
неотуѓиво право и основно право не е исто.
:pos2::pos2: па точно е дека не е исто, но во суштина тоа е право кое што не смее да се забрани.:smir:
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
:pos2::pos2: па точно е дека не е исто, но во суштина тоа е право кое што не смее да се забрани.:smir:

А кај е тука правото на детето чиј живот се скратува?И немој сега блаблабла,дека тоа уште тогаш не е дете не е оформено,во почетен стадиум е и уште блаблабла,во моментот можеби не е дете,но ти тоа право му го скратуваш,му скратуваш живот....И сега и за права ќе зборуваме?:pipi:
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Дома > Македонија
Во анти-абортус кампањата била вмешана црквата

Коментари (0)
11.02.2009 18:43
„Во ставовите на Владата очигледна е и вмешаноста на црквата“
Невладините организации здружени против владините анти абортус кампањи. Десетина формираа алијанса која ќе се спротивставува на кампањите, кои според нив го прекршуваат човековите права, особено правото на избор и абортус.
Тие бараат Владата веднаш да се повлече од кампањата со која жената се осудува како убиец.
„Сета оваа актуелна, и да кажеме деструктивна анти абортус кампања која што се води, има само за цел да ги лимитира репродуктивните права на жената, основните права слободно да одлучува како ќе го планира своето семејство, правото на живот, правото на здравје“, изјави Бојан Јовановски од НВО „Хера“.
Според невладините, власта со анти абортус кампањата манипулира со јавноста. Изнесува погрешни медицински сознанија само за да ја оправда својата цел. Тие велат дека во ставовите на Владата очигледна е и вмешаноста на црквата.
Бојан Јовановски
„Владината кампања продолжува да ги поистоветува секуларното во државата со ставовите во државата, дека абортусот го третира како убивање на жив организам, односно како убиство што е еквивалентно на третирање на жените коишто абортираат како убијци, и од друга страна дека се врши стигматизација врз жената којашто донесува самостојна одлука, и којашто одлучува за сопственото тело“, рече Славчо Димитров од „Коалиција за заштита на сексуалните права на маргинализираните заедници“.
Владата влезе во кампања против абортусот со објавување на тендер. До 23 февруари ќе се собираат идеи како ќе изгледа проектот. Во тендерската документација Владата абортусот го дефинира како насилен прекин на бременоста, а раѓањето на децата според неа се Божји благослов.
Покрај кампањата се работи и на нов закон за абортус. Што ќе содржи и дали со него ќе се ограничи правото на жената за абортус, засега се држи во тајност.

ЗОШТО НЕКОИ ДЕВОЈКИ СО СИЛА САКААТ ДА СИ ГИ СКРАТАТ ПРАВАТА????
БОЖИЦА ИМАШ ОДГОВОР НА ОВА ПРАШАЊЕ???????? ДАЛИ ТИ БОЖИЦА СИ ПАРТИСКИ ВОЈНИК КОЈ ШТО НЕМОЖЕ ДА РАЗМИСЛИ СО СВОЈ МОЗОК? ИЛИ МОЖЕБИ НЕ САКАШ ДА РАЗМИСЛИШ? ТОА ШТО НЕ РАЗМИСЛУВАШ СО СВОЈА ГЛАВА НЕМА ДА ТИ ДОНЕСЕ НИШТО ДОБРО! И ПОВЕЌЕ НЕСАКАМ ДА КОМЕНТИРАМ НА ТЕМАВА БЕСЦЕЛНО ДА ВЕ УБЕДУВАМ ВО НЕШТО, ЗОШТО СТЕ ТОЛКУ ТВРДОГЛАВИ?? МИСЛИШ ВМРО ЌЕ ТИ ОБЕЗБЕДИ РАБОТНО МЕСТО АКО СЕ КАРАШ ПО ФОРУМИ ЗАСТАПУВАЈЌИ ГИ ГЛУПАВИТЕ ТЕЗИ НА ПАРТИЈАТА???
БЕДНО.....БЕДНО
 
Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
:pos2::pos2: па точно е дека не е исто, но во суштина тоа е право кое што не смее да се забрани.:smir:
Јас те прашав зашто е основно, а ти делкаш зашто е неотуѓиво. Не се контролираш колку си контрадикторна по констатации...
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Тина што ти е поентата???

Правото е основно и неотуѓиво, не барај во јајцето влакно што се вели, јас не сум контрадикторна воопште а ти наместо да ме цитираш, подобро земи и постирај нешто твое лично и поткрепи го со аргументи а не само да се караш со мене ок:smir:
зошто со сила сакаш да си го скратиш правото како на жена не можам да те сфатам навистина, не ми е целта да се правам најпаметна тука само не можам да ги разберам некои женски лица што сакаат да си ги скратат сопствените права?
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
ЗОШТО НЕКОИ ДЕВОЈКИ СО СИЛА САКААТ ДА СИ ГИ СКРАТАТ ПРАВАТА????
БОЖИЦА ИМАШ ОДГОВОР НА ОВА ПРАШАЊЕ???????? ДАЛИ ТИ БОЖИЦА СИ ПАРТИСКИ ВОЈНИК КОЈ ШТО НЕМОЖЕ ДА РАЗМИСЛИ СО СВОЈ МОЗОК? ИЛИ МОЖЕБИ НЕ САКАШ ДА РАЗМИСЛИШ? ТОА ШТО НЕ РАЗМИСЛУВАШ СО СВОЈА ГЛАВА НЕМА ДА ТИ ДОНЕСЕ НИШТО ДОБРО! И ПОВЕЌЕ НЕСАКАМ ДА КОМЕНТИРАМ НА ТЕМАВА БЕСЦЕЛНО ДА ВЕ УБЕДУВАМ ВО НЕШТО, ЗОШТО СТЕ ТОЛКУ ТВРДОГЛАВИ?? МИСЛИШ ВМРО ЌЕ ТИ ОБЕЗБЕДИ РАБОТНО МЕСТО АКО СЕ КАРАШ ПО ФОРУМИ ЗАСТАПУВАЈЌИ ГИ ГЛУПАВИТЕ ТЕЗИ НА ПАРТИЈАТА???
БЕДНО.....БЕДНО

Не сум ни партиски војник сонце,а и знам да размислувам со своја глава,а како што гледам и позрела личност сум од тебе(без разлика колку години имаш)заклучокот ми е од таму што ти не знаеш да си го контролираш,мислам на речникот што го употребуваш..Бедно,бедно..И девојката сама одбрала да си го скрати правото на живот ако роди дете,затоа што има два начини да има секс,со е без заштита,а таа го одбира ризичниот и тој што може да и го зафркне животот,па ако сака да си игра со животот,нека игра до крај и нека си ги прифати одговорностите,ама очиглено и девојките кои абортираат се на исто ниво за размилсување како твоето..А да и зборуваш дека ние девојките си ги кратиме правата???Не сум феминситка до срж,а и кој знае уште на колку девојчина им се скратува животот годишно со тие абортуси..И повторно бедно,бедно
 
Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Тина што ти е поентата???

Правото е основно и неотуѓиво, не барај во јајцето влакно што се вели, јас не сум контрадикторна воопште а ти наместо да ме цитираш, подобро земи и постирај нешто твое лично и поткрепи го со аргументи а не само да се караш со мене ок:smir:
зошто со сила сакаш да си го скратиш правото како на жена не можам да те сфатам навистина, не ми е целта да се правам најпаметна тука само не можам да ги разберам некои женски лица што сакаат да си ги скратат сопствените права?
Си имам јас свои постови тука за мојот став во врска со абортусот неколку месеци уназад, имаш во опција Барај
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Не сум ни партиски војник сонце,а и знам да размислувам со своја глава,а како што гледам и позрела личност сум од тебе(без разлика колку години имаш)заклучокот ми е од таму што ти не знаеш да си го контролираш,мислам на речникот што го употребуваш..Бедно,бедно..И девојката сама одбрала да си го скрати правото на живот ако роди дете,затоа што има два начини да има секс,со е без заштита,а таа го одбира ризичниот и тој што може да и го зафркне животот,па ако сака да си игра со животот,нека игра до крај и нека си ги прифати одговорностите,ама очиглено и девојките кои абортираат се на исто ниво за размилсување како твоето..А да и зборуваш дека ние девојките си ги кратиме правата???Не сум феминситка до срж,а и кој знае уште на колку девојчина им се скратува животот годишно со тие абортуси..И повторно бедно,бедно
Не се сомневам дека знаеш да размислуваш со своја глава, прочитај малку повеќе информирај се дека контрацептивните средства не се 100% заштита од несакана бременост,
феминистка па да сум феминистка зошто да си ги кратам правата??
Дали е тоа здрав разум???
Ќе им се скратува животот на девојките уште многу повеќе кога ќе се подложуваат на нелегални абпртуси извршени во несоодветни медицински услови, а смртноста ќе биде и поголема.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Не се сомневам дека знаеш да размислуваш со своја глава, прочитај малку повеќе информирај се дека контрацептивните средства не се 100% заштита од несакана бременост,
феминистка па да сум феминистка зошто да си ги кратам правата??
Дали е тоа здрав разум???
Ќе им се скратува животот на девојките уште многу повеќе кога ќе се подложуваат на нелегални абпртуси извршени во несоодветни медицински услови, а смртноста ќе биде и поголема.
Абре сестро добро сум јас информирана и знам добро како одат работите со контрацептивните средства,само ти малку повеќе разлистај колку бремености има настанато,а да се заштитени,можеби не се 100% заштита,но 96,97% малку се?Сепак се многу повеќе отколку воопшто да не ги користиш...И плус колку посто од тие 3,4% можат да бидат ризични и сепак да настане бременоста?....И пак ти за женските права,еве јас ќе ти зборувам за правата на сите,ако не користат кондом што е со заразните болести?Ај бременоста ќе ја прекинеш,ам болестааааа?:tapp:...Значит ти секако не си ги штитиш своите права,не сакаш да имаш заштитен секс и се ставаш на ризик себеси без разлика дали за бременост или за болест ...И еве повторно за девојките,те прашав,а што е со правото на живот на тие кои суштества кои можеби ако се родат во девојки,што е со нивното право?

Али јебига сепак јас сум една пристрасна Вмро-вка која не може да размилсува со своја глава и која не дозволува секој да ја напумпа,па да абортира и која ќе си ги сноси сите одговорности,остај то што има ризик за здравјето,каде е тука совеста што ќе те пече до крај на живот....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom