Тие на студентски божем од Марс се паднати. Ја прашав и ја нешто денес за изборните и ми вели дека незнаела :uvo: Па зошто се тогаш таму?? Бидејки не ми одговорија еве ке прашам овде ако знае некој да ми одговори. Од изборните имам банкарство, и проблемот сега е тоа што тој се слуша на 2 департмани, фин. менаџмент 3 год. и на сметководство и ревизија 4 год., па имаат и различни термини на предавања. И сега, тие што го имаат за изборен со кој и кога треба да го слушаат ?:nesvest:
Тоа не можат, и нема да ти одговорат во студентски прашања. Верувај ми, имав сличен проблем. Решението е да одиш кај предметниот професор, и кажи му го истото, он ќе ти каже што треба да направиш
--- надополнето ---
До некој поупатен на форумов дали е точно тоа дека сега на пример во трета можам да земам било кој предмет за изборен од кој и да е смер што јас го немам слушано како изборен? Ја прашував тетката на студентси а таа незнаеше
--- надополнето ---
дај понуда како бараш предлог без понуда ?! што имаш на располагање
Понуда!? Понуда it is!
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
До сега како дополнителни предмети ги имам полагано Трговско право и Основи не е-бизнис.
1. Трговско право - Може да се учи од презентации, обично од 33 прашања на колоквиумите 28 или 29 се од презентациите. Ако убаво ги научиш презентациите вадиш солидна 9ка како ништо, и тоа ако ти се посреќи можеш да се најдеш на горна граница па да полагаш есеј за 10ка. Комбинирано учење од книга и скрипта е win -win ситуација. Не препорачувам да се полага на испит затоа што материјалот е обемен, и е сепак правен предмет па има свои специфичности, според мене е најубаво да го фатиш на колоквиуми, впрочем се спрема за 2-3 дена. Се полага на заокружување, т.е. оптички, и најважното ( а богами и најолеснителната околност) е тоа што од понудените одговори
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
САМО ЕДЕН Е ТОЧЕН
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
. Па така и само со читкање можеш да се извадиш. Присуството не е задолжително, јас не одев скоро никогаш, ама тогаш кога сум бил едвај беа 15-20 души. Професорот и асистентката се повеќе од коректни.. Предметов дефинитивно го сметам за лесен! А и интересен е онака..
2. Е-бизнис - Може да се учи од презентации кои ги дава професорот, и исто така и од скриптата. Предметов е зезнат! Ако не ти иде англиски не го земај.. Оценката се добива со сумирање на резултатите од колоквиумите (зезнати!) и од лабораториските вежби (зезнати!). Ајде со ред.. Колоквиумите! Епа тестот е поделен на 2 дела, оптички и описен. Со други зборови, на првата страна на тестот имаш заокружување а позади да одговориш на поставени прашања (мислам беа 5).. Ама не се лесни ич. Тешки се! Сашо е заебан тип, мајке ми! Вежбите се своја прича.. Носат 40% од оценката, и ако ги направиш добро те вадат многу на крајна оценка, ама иди направи ги! Задолжителни се, ги има еднаш неделно по 2 саати траат и напињање е стварно.. Мијалче е главен на вежби, топ е стварно, ама критериумот на оценување уште не можам да му го сфатам..
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)
Предметов им го препорачувам на колегите кои навистина учат, на нив можеби би им бил полесен условно кажано. Ама сепак.. не е толку тешка материјата колку што професорот сака да ја направи.
И никако оставање на испит. Наместо ова го препорачувам Социологија, од многу колеги сум слушнал дека е ок предмет, лесен.. Ако се најде некој нека каже, јас стварно нз...