Види сеа, ние уште пред да почниме дискусија се договоривме дека јас сум бесчуствителен гад и уопште не ме засега шо како изгледа ембрионот.
Него јас пак ќе те прашам, пошто рече дека живот се вдахнува во моментот на оплодување на јајце клетката, дали би употребила апче после сексуален однос?
Шо ако јајце клетката е оплодена? Ти уништуваш живот нели? Не му даваш шанса, кој ти го дава тебе правото на тоа бебе да му ја скратиш можноста за живот. И сега немој да си измислиш терминологија и да ми речиш, стоп стоп не важи, за бебе се рачуна после 72 часа и 1 секунда точно кога апчињата веќе не делуваат.
И пак ти давам хипотетичка ситуација. Некој ти го тура впичка, како се случило најмалце битно, гнаса е те лажи не клал кондом, а те натртил и ти не гледаш поднапиена си плус дури да се сетиш тој ти свршава впич, а ти пак ко за беља овулираш. И сега дали по секоја цена си стоиш на принципите. Користиш ап, али не?
Кој лажи, ќор думри. :baeh::baeh::baeh:
Абе тука било интересно! Што не ќутите? Да те нервирам сега и јас малку? Аааааааај!
Како прво, нема да те замарам со фактите кои ти ги покажа ада погоре, затоа што сум ги покажала, никој не ми ги рецнал, а и ми е мака од муабетите дека се тоа само тези на луѓе кои се против абортус. Како да зборуваме за нешто променливо, кое ако го гледаш ти е зелено, а ако го гледам јас е црвено.
А како второ, ете сакам и јас да одговорам на твоето некако прегнасно поставено прашање, кое секако доловува една реална ситуација, во која секој може да се најде.
Во тој случај, ваљда се работи за две возрасни лица кои ако знаат колку се лесни кога се под алкохол не смеат да си дозволат да пијат или нека го прават тоа секој посебно во 4 ѕида. Доколку таа мерка не си ја преземат, јасно дека може да им се случи дури и полоша работа. Но, после направена "грешка" како што е бременост, двајцата би требало да се вразумат и да почнат да размислуваат што со тоа, наместо да им е мака да се замараат и да се одлучат на најлесниот начин да се решат од проблемот. Ако не се свестат, јас пак мислам дека треба да биде родено детето, затоа што тоа не е криво за нивните зелени постапки. Потоа нека го дадат на роднините или на посвојување, ама нека не прават нешто што можеби еден ден и нив самите ќе ги прогонува.
Е сега, ова можеби изгледа како бајка, која во секојдневниот и суров живот може да заврши многу полошо од абортусот, но зошто да не сме свесни и за тоа? Абортусот е лош, лошо и оставањето дете во дом. Поентата на ова би била секој да се труди да не дојде до ниту една од овие работи. Има тука многу деца кои си имаат врзано в крпче дека абортусот е кул, со што сметаат дека може да си пружаат секаков живот, кој и во случај да им донесе нешто вакво, веднаш имаат начин како да го решат. Немојте да ме негирате, дека им се познава тоа од првите два реда во нивните постови, а тоа е трагично.
Значи, јас ќе трубам вечно зошто сметам дека абортусот е лош чин, со што можеби некому ќе му помогнам еден ден да не се реши на тој чекор. Ти ќе трубиш вечно за обратниот став, со што пак ќе помогнеш некому, да научи како да реагира превентивно и воопшто да не дојде до некоја од гадните ситуации кои можат многу лесно да завршат со несакана бременост.
п.с. Во врска со скинатите кондоми од погоре, за кои наводно не сме криви. Претпазлив човек и кога користи кондом не свршува внатре, а и внимава на тоа каков кондом купува и дали е со поминат рок на траење. Тоа е најмалку што секој може, а скоро никој не го прави.