Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Глупости какво напуштање на планетата Земја!
За помалку од 100 години човечството ќе може да се справи со било која природна закана од Вселената,ресурсите на нашата планетата се непресушни ако се земат во обзир океаните и морињата.Пристап до нив добиваме со глобалните климатски промени
кои ни одат во прилог.
Long live Macedonia!
Е ајде објасни те молам како може да се справиме со било која закана ?![]()
Ај малку размислувај во овој правец..... ако за 200 години бидеме способни за меѓуѕвездени патувања од големи размери и за се што оди со тоа, зошто тогаш не би биле способни за справување со проблемите овде доле?
......голем дел од проблемите и сега се решливи....но изгледа не е дојдено времето за нивно решавање..причини.....најдобро ќе ти одговорат подржувачите на теоријата за заговор.
Не не он кажа дека човекот нема ни да има потреба некогаш да ја напушти Земјата зошто сме можеле да се справиме со сите вселнски закани. Значи сега ако збориме за сите закани тогаш едноставно ова не е можно бидејќи има закани од вселенат кои никаква технологија не би можела да ги спречи или да не одбрани од нив. Неизбежниот крај на Сонцето и неговото ширење пред тоа и зголемување на температурата на нашта планета до ниво невозможно за живот, удари со астероиди, комети, блиска експолозија на супер нова чија радијација ќе ја дувне атмосферата од Земјата, и ред други работи. Можеби веројатностите се мали но сепак постојат и само заради тоа за ако сакаме човечката раса да опстане порано или покасно ќе мора да се размислува и работи во овој правец. Поентата е дека не може да кажеме дека ова се тотални глупости.![]()
Е ајде објасни те молам како може да се справиме со било која закана ?![]()
Како прво нагласив дека човештвото ќе биде подготвено да се справи со сите "природни" закани од Вселената,што подразбира судир со астероди на пример кои што можат да влезат во движењето на наштата планета,комети кои што вообичаено ја имаат утвдрено своја патека на движење но сепак можат да бидат закана и сл.
Најважно е прво тие тела со големи димензии да бидат забележани што и денес е на едно доста високо ниво.Набљудувања се вршат со телескопи чии рефлетори денес надминуваат повеќе од 10м а да не говориме за телескопите кои што се наоѓаат во орбитата на нашата планета чие набљудување не е попречено од нашата атмосвера.
Патувањата во Вселената сеуште се интензивни и побезбедни од порано а за оружја со голема разорна моќ воопшто да не говориме бидејќи човештвото премногу посветува внимание на тоа.
Ако земеме во предвид дека горенаведените услови постојано се унапредуваат и дека голем број научници уште од нашето блиското минато нудеа и идејни решенија за справувување на ваков вид на закана,тогаш јас негледам ниту една причина за помалку од 100 години човештвото да не биде подготвено за ваков предизвик.
Туку што планирав да ја распалам - "преку к... со тоа конспирациските теории.. " рутина кога ме здрви името. Ако Стивен вика така вистина е. За жал интерстеларно патување е далеку за денешни стандарди. Ајнштајновиов релативитет не допушта надсветлосни брзини, барем не со сите претпоставки/заклучоци на теоријата. Единствено теоретски возможен е концептот на завиткување на просторот околу вселенски брод - и не зборувам за Стар Трик туку за Alcubierre_drive. И тој концепт е соочен со многу проблеми. Но не е далеку денот кога ќе полека ќе почниме да работиме со негативните концепти (црна маса, негативна енергија, негативна маса, антиматерија инт инт) Не дека ги разбирам било која од овие ама знам дека со антиматеријата има практични експерименти веќе од 1994. Пример антиматеријата можеби е решениее на енергетскиот проблем.. таа е посилна за 4 степени на 10та од нуклеарната по единица маса. итн итн инт.
Ама едно верувам. ако земе чоек да анализира колку напреднавме во првите 1000 години, првите 2000 години, последните 200, послендите 100, последните 50 и последните 5 години ќе види дека трендот е самозасилувачки - колку напрдеуваме толку побрзо напредуваме. Така да 200 години треба да се доволно за да колонизираме други планети со оглед на досегашниот развој.
Значи под опасности од вселената не се подразбираат само комети и астероиди туку има и други поопасни работи кои ги спомнав погоре и уште некои кои не ги споманв. А ако веќе споман за удар со комети и астероиди само за информација и ден денес ние ги немаме забележано сите астроиди кои се опасни за Земјата а често пати се случува оние кои ќе поминат "блиску" до Земјата да ги забележиме касно што значи доколку се случи тој астероид да бил на траектроија кон Земјата би немале или би имале премал период за реакција. Денес постојат само теории како би се справиле со таква закана, а решенија има само на Холивудксите филмови. Инаку оваа изјава на Хокинг може и да се сфати како поттик човештвото се повеќе и поагресивно да работи на истаржување на Вселената зошто споредно со 60тите и 70 тите години сега интензитеот е помал а напротив би требало да биде далеку поголем. А точно е тоа дека човештвото напредува се побрзо и побрзо. Само не во сите полиња подеднакво.![]()
Пријателче те зафатила вселенофобија ,
нашиот Сончев систем е постар од четири милијарди години
и се наоѓа на работ од Млечниот пат далеку од сите големи
потенцијални ризици кои што можат и наштетат на планетата Земја.
Да не е така јас,ти и сите останати не би виселе на форумов.
Сепак дефинитивно се сложувам со твојот став во врска со потребата
за поинтензивно истражување на Вселената и вистина е
нема таква динамика како во периодот на Студената војна.