Човештвото има уште 200 години за да смисли начин како да ја напушти Земјата

  • Креатор на темата Креатор на темата ShRiNk
  • Време на започнување Време на започнување
Абе добро ни е вака што ни фали :D
Уште полошо ке биде , може болести такви ствари да се пренесат.. -.-''
 
Глупости какво напуштање на планетата Земја!

За помалку од 100 години човечството ќе може да се справи со било која природна закана од Вселената,ресурсите на нашата планетата се непресушни ако се земат во обзир океаните и морињата.Пристап до нив добиваме со глобалните климатски промени
кои ни одат во прилог.:vozbud:
Демир Капија станува најзначајно морско пристаниште во Југоисточна Европа.:pos2:

Long live Macedonia!
 
За 200 години ништо нема да остане од нас, нека му ја мислат идните генерации! :pos2:
 
Глупости какво напуштање на планетата Земја!

За помалку од 100 години човечството ќе може да се справи со било која природна закана од Вселената,ресурсите на нашата планетата се непресушни ако се земат во обзир океаните и морињата.Пристап до нив добиваме со глобалните климатски промени
кои ни одат во прилог.:vozbud:

Long live Macedonia!

Е ајде објасни те молам како може да се справиме со било која закана ? :)
 
Ај малку размислувај во овој правец..... ако за 200 години бидеме способни за меѓуѕвездени патувања од големи размери и за се што оди со тоа, зошто тогаш не би биле способни за справување со проблемите овде доле?
......голем дел од проблемите и сега се решливи....но изгледа не е дојдено времето за нивно решавање..причини.....најдобро ќе ти одговорат подржувачите на теоријата за заговор.
 
Не не он кажа дека човекот нема ни да има потреба некогаш да ја напушти Земјата зошто сме можеле да се справиме со сите вселнски закани. Значи сега ако збориме за сите закани тогаш едноставно ова не е можно бидејќи има закани од вселенат кои никаква технологија не би можела да ги спречи или да не одбрани од нив. Неизбежниот крај на Сонцето и неговото ширење пред тоа и зголемување на температурата на нашта планета до ниво невозможно за живот, удари со астероиди, комети, блиска експолозија на супер нова чија радијација ќе ја дувне атмосферата од Земјата, и ред други работи. Можеби веројатностите се мали но сепак постојат и само заради тоа за ако сакаме човечката раса да опстане порано или покасно ќе мора да се размислува и работи во овој правец. Поентата е дека не може да кажеме дека ова се тотални глупости. :)
 
Крајот на Сонцето не се гледа уште 5 милијарди години, а откако се откриени астероидите се зголемија шансите тие да паднат на Земјата, за супернова има еден кандидат блиску до Сончевиот систем кој може да го осетиме после неколку милиони години. Теориски има мали шанси, но практично ги нема. А и мислам дека е рано да правиме муабет за со оглед на технологијата за што ја имаме, малкуте егзопланети кои ги знаеме кои и не се баш погодни за живот, бавните патувања низ вселената... А и мислам дека најбезбедно е на Земјата и треба да проработи човечката свест дека една планета имаме и треба да обрнеме внимание повеќе на екологијата бидејќи попрво ние ке ја уништиме планетата отколку нешто друго.
 
^^^
Дека сме далеку од патување сме далеку, дека веројатностите се мали, мали се. Но сепак незначи дека не треба да малку по малку да се прават вакви истражувања и проекти. Крајот на Сонцето, фазата на црвен џин е за 5 милијарид години но зголемувањето на температурите и радијацијата која че доведе Земјата да е непогодна за живот се доста пред тоа. Сеа занм смешно е да се збори за 3 4 милијарди години. До тогаш можеме ние луѓето самите себеси да се уништиме ако Земјата ни стане претесна. Освен експлозија на супернова имаше и уште една опасност не ми ткенува терминот точно....дел од овие опасности и други ги имаше на една емисија на ДИксавери посевтана на можните опаснисти за истребување на човекот. :)
 
Проблемите на Земјата се далеку поголеми и поважни и поблиски од тие во вселената. Многу популација не е арно оти ке стане тесно, ако има војни може да се намали но тоа не е начин бидејќи така може и да се истреби, треба само постепено да се намали наталитетот и да се постигне некој баланс. Кога ке нема да се загадува Земјата тогаш може да посегнеме кон колонизација на вселената а не напуштање на Земјата. Се согласувам треба малку по малку да се оди кон ова но за двесте години е брзо и треба големи промени.
 
Е ајде објасни те молам како може да се справиме со било која закана ? :)

Како прво нагласив дека човештвото ќе биде подготвено да се справи со сите "природни" закани од Вселената,што подразбира судир со астероди на пример кои што можат да влезат во движењето на наштата планета,комети кои што вообичаено ја имаат утвдрено своја патека на движење но сепак можат да бидат закана и сл.
Најважно е прво тие тела со големи димензии да бидат забележани што и денес е на едно доста високо ниво.Набљудувања се вршат со телескопи чии рефлетори денес надминуваат повеќе од 10м а да не говориме за телескопите кои што се наоѓаат во орбитата на нашата планета чие набљудување не е попречено од нашата атмосвера.
Патувањата во Вселената сеуште се интензивни и побезбедни од порано а за оружја со голема разорна моќ воопшто да не говориме бидејќи човештвото премногу посветува внимание на тоа.
Ако земеме во предвид дека горенаведените услови постојано се унапредуваат и дека голем број научници уште од нашето блиското минато нудеа и идејни решенија за справувување на ваков вид на закана,тогаш јас негледам ниту една причина за помалку од 100 години човештвото да не биде подготвено за ваков предизвик.
 
Туку што планирав да ја распалам - "преку к... со тоа конспирациските теории.. " рутина кога ме здрви името. Ако Стивен вика така вистина е. За жал интерстеларно патување е далеку за денешни стандарди. Ајнштајновиов релативитет не допушта надсветлосни брзини, барем не со сите претпоставки/заклучоци на теоријата. Единствено теоретски возможен е концептот на завиткување на просторот околу вселенски брод - и не зборувам за Стар Трик туку за Alcubierre_drive. И тој концепт е соочен со многу проблеми. Но не е далеку денот кога ќе полека ќе почниме да работиме со негативните концепти (црна маса, негативна енергија, негативна маса, антиматерија инт инт) Не дека ги разбирам било која од овие ама знам дека со антиматеријата има практични експерименти веќе од 1994. Пример антиматеријата можеби е решениее на енергетскиот проблем.. таа е посилна за 4 степени на 10та од нуклеарната по единица маса. итн итн инт.

Ама едно верувам. ако земе чоек да анализира колку напреднавме во првите 1000 години, првите 2000 години, последните 200, послендите 100, последните 50 и последните 5 години ќе види дека трендот е самозасилувачки - колку напрдеуваме толку побрзо напредуваме. Така да 200 години треба да се доволно за да колонизираме други планети со оглед на досегашниот развој.
 
Значи под опасности од вселената не се подразбираат само комети и астероиди туку има и други поопасни работи кои ги спомнав погоре и уште некои кои не ги споманв. А ако веќе споман за удар со комети и астероиди само за информација и ден денес ние ги немаме забележано сите астроиди кои се опасни за Земјата а често пати се случува оние кои ќе поминат "блиску" до Земјата да ги забележиме касно што значи доколку се случи тој астероид да бил на траектроија кон Земјата би немале или би имале премал период за реакција. Денес постојат само теории како би се справиле со таква закана, а решенија има само на Холивудксите филмови. Инаку оваа изјава на Хокинг може и да се сфати како поттик човештвото се повеќе и поагресивно да работи на истаржување на Вселената зошто споредно со 60тите и 70 тите години сега интензитеот е помал а напротив би требало да биде далеку поголем. А точно е тоа дека човештвото напредува се побрзо и побрзо. Само не во сите полиња подеднакво. :)
 
Точно, особено последниот пасус.
Тоа што денес изгледа невозможно, утре може да биде секојдневие.
 
Пријателче те зафатила вселенофобија ,
нашиот Сончев систем е постар од четири милијарди години
и се наоѓа на работ од Млечниот пат далеку од сите големи
потенцијални ризици кои што можат и наштетат на планетата Земја.
Да не е така јас,ти и сите останати не би виселе на форумов.
Сепак дефинитивно се сложувам со твојот став во врска со потребата
за поинтензивно истражување на Вселената и вистина е
нема таква динамика како во периодот на Студената војна.
 
:) Вселенофобија :)...можеби...но нема зашто да не се диксутира на оваа тема. Сепак гледано временски од аспект на вселената човекот постои многу картко можеби и затоа не ни изгледаат сериозни ваквите закани. Како и да е мал дел од парите за коорпоративни војни да одеше во вселенски истражувања ке бевме отидени многу понапред од каде што сме сега.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom