Религиозно vs Научно толкување

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Читни троа како завшрува животот од славниот Фројд, и ќе ти стане јасно дека не слама, туку сламиште тешко има намлатено дотичниот во својот живот. Како живеел, поточно, каква наука терал, така и умрел.
 
Прикаската за славниот Џордано, ако ја земеме школки, ќе испадне дека типов бид запален оти тврдел дека геоцентричниот светоглед е неточен, туку дека Земјата, „сепак, се врти„, така? Не. Добрите познавачи велат дека Бруно бил спален не ради своето „космичко„ убедување за хелиоцентричноста, туку ради своите пагански и нехристијански убедувања, со кои и одел на нерви на тогашната инквизиција и на римската Црква.

Изненаден?
 
ХАХАХАХАХАХАХААА..... :pos2::pos2::pos2:

Фројд млател празна слама?

Убаво си реков на почетокот на постот дека џабе ти објаснувам.

Ако моето е млатење празна слама, ајде ти докажи, користејќи ја универзалната наука во Библијата или било која света книга. Ајде докажи, па да видиме кој всушност млати празна слама.

Што се нема да прочитам на форумов, Фројд млател празна слама? Оф леле мајкооо....
Еве не коментирам , кажи зошто е он заслужен.
Се надевам дека ке дозволи модераторот да чуеме што ке каже.
Само без користење на гугл , што открил он ?
 
Прикаската за славниот Џордано, ако ја земеме школки, ќе испадне дека типов бид запален оти тврдел дека геоцентричниот светоглед е неточен, туку дека Земјата, „сепак, се врти„, така? Не. Добрите познавачи велат дека Бруно бил спален не ради своето „космичко„ убедување за хелиоцентричноста, туку ради своите пагански и нехристијански убедувања, со кои и одел на нерви на тогашната инквизиција и на римската Црква.

Изненаден?

“Сепак се врти“ се зборовите на Галилео а не на Ѓордано.
Сите дела на Ѓордано, откако бил спален како еретик вклучувајќи и научни филозофски, астрономски... биле забранетти од страна на Христијанската црква Ставени биле на листатат на Index Librorum Prohibitorum.

Галилеј ко сме веќе кај него , куртули смртна казна но беше приморан јавно да се одрекне од неговите научни тврдења и беше ставен во домашен притвор до крај на својот живот. За да оди на лекар мораше да бара дозвола од Христијанската црква да ја напушти куќата.

Кога сме кај пописот на забранети и проколнати книги од стррана на Христијанската црква тука како автори и нивни дела се и Сартр, Волтер, Хуго, Жан Жак Русо, Имануел Кант, Рене Декарт, Галилео Галилеј, Паскал, Кеплер, забранети се на пример книгите на ботаничарите Гешнер и Брунфелс, книги по медицина на Конариус, за теорија на правото од Олдендорп, географ и космограф Зиглер....

Интересно е дека во попис на проколнати и забранети книги ја нема “Мојата борба“ на Адолф Хитлер.
 
Let 3, Христијанската црква и Римокатоличката црква не се едно те исто. Во горниот текст намерно или случајно си напишал Христијанската црква наместо Римокатоличка. Инаку интересно е тоа што во горната листа Кеплер и Паскал се христијани :)
 
Тоа е црква која сввоето учење, начела, догма, идеи и вера ја темели на Христовите зборови и пишувањата на Библијата. Тоа е Христијанска црква исто како што е хистијанска и евангелистичката и адвентисичката и протестанската и православнаѕта и сите оние кои како свое начело го земаат Исус Христ.

И Ѓордано Бруно бил христијанин, и Галилео бил Христијанин али не е поентата дали научникот бил христијанин туку како Христијанската црква и нејзините институци се однесувале кон науката и научниците. Нивните дела како и дела на многу други астронооми, биолози, географи, филозофи... биле забранети од страна на тие институции. Не смееле да се печатат читаат проучуваат или предаваат по универзитетите каде таа црква имала свои влијанија а во некои случаеви и ги спалувала и затварала писателите.

Тоа е однос кон науката на таа црква која своите начела ги темели во учењата на Исус Христ.
 
Човек кој крадел, кој бил алчен и ненаситен и секогаш се борел за повеќе и повеќе и никогаш не го делел со другите.Човек кој другите луѓе ги гледал од високо и никогаш не почуствувал жал за него или пак желба да помогне.Дали бог треба да му прости?Нека се покае.Но покајанието не е само зборовите БОЖЕ ПРОСТИ МИ на смртна постела..
Јас сум... ајде да речеме атеист ама не правам ништо од ова горе наведеново. Ако тебе ваквите луѓе ти се синоним за атеисти.... немам коментар

Прашање: Како оживеале безживотните хемиски соединенија?

Науката не дала наеднаш одговор на сите прашања. Ако луѓето сите појави што не можеле да си ги објаснат ги оставале дека се дело на Создателот денеска сеуште ќе живеевме по пештери

Еве не коментирам , кажи зошто е он заслужен.
Се надевам дека ке дозволи модераторот да чуеме што ке каже.
Само без користење на гугл , што открил он ?

А да не го парафразираме и цитираме ние овдека Фројд да земеш ти самиот да прочиташ нешто од него, лесни му се книгите за читање бидејќи има доста примери па може и ќе се пронајдеш во некој
 
Чорбаџија напиша:

Јас не го поставив моето прашање до науката, туку до атеистите. Затоа и чекам некој од атеистите да го одговори тоа прашање. Не мора наеднаш, ете може и постепено :)

Патем, не знам зошто моето прашање е префрлено во оваа тема. Што се случи со темата "Прашања за атеистите"? Зошто е избришана?
Заради претендиозноста на насловот (каде што науката по дифолт се става под капата на атеистите),, јас повеќе нема да дискутирам на оваа тема. Се надевам дека модераторот да ја врати темата "Прашања до атеистите", а до тогаш поздрав на сите.
 
А да не го парафразираме и цитираме ние овдека Фројд да земеш ти самиот да прочиташ нешто од него, лесни му се книгите за читање бидејќи има доста примери па може и ќе се пронајдеш во некој
Никој тебе не те праша за да читираш некого.
А прашањето дали ке се пронајдам у некој пример само покажува дека врска немаш што пишуваш.

--- надополнето ---

цитираш*
 
Јас сум... ајде да речеме атеист ама не правам ништо од ова горе наведеново. Ако тебе ваквите луѓе ти се синоним за атеисти.... немам коментар

Не ми е синоним за атеист ова.Не се сите атеисти исти.Некои едноставно не веруваат дека бог постои а сепак живеат добар живот и дури повеќе ги практикуваат тие работи кои нашиот бог не учи од нас.Не веруваат во бог но едноставно ги прифаќаат тие работи како исправни и си бркаат работа.Иначе тоа беше споредба за грешен човек и праведен човек.
 
А кое е твоето објаснување???
Па очигледно е влијанието на свеста врз материјата.
На крајот на краиштата целата материја е проекција на свеста(интелигенција)-Бог , кој поставил одредени правила-закони.
Кај сме ние тука тоа е друга работа.
 
Еве не коментирам , кажи зошто е он заслужен.
Се надевам дека ке дозволи модераторот да чуеме што ке каже.
Само без користење на гугл , што открил он ?

Еве, со слабо познавање на неговата струка и без користење на гугл ќе ти одговорам.
Фројд ги поставил темелите на псухологијата, ја направил наука, наука која ја проучува психата на човекот (не сум сигурен дали само за човекот или не). Неговите книги и дела се учебници за студентите по психологија и медицина низ целиот свет, а ги открил, меѓу многуте работи, значењата и потеклото на човечките инстинкти, кажал дека човекот се базира на 2 најважни и најсилни инстинкта, инстинкти за преживување и за размножување. Во подробности го објаснил сексуалниот инстинкт, ги објаснил и негативните појави како педофилијата и хомосексуалноста и причините за ивното појавување.
Имал напишано огромен број на дела, ти препорачувам да прочиташ некое поопшто, поупростено дело бидејќи оригиналните дела користат премногу медицински изрази. Или пак прочитај некој од неговите бројни изреки.
 
Прво само човекот има психа(персоналити) одвоено од неговата индивидуа - шизофренија , од тука не требаше да ги спомнеш животните.
И книгите на многу други се по школите по светов што не значи дека вредат да се проучуваат , а најмалку учат на памет.
Не се инстикти туку нагони , кај инстинктот имаш интелигенција(можност за повеке избор овде се сведува само на еден).
И у случај да ги објаснил , што фајде , кој се олечи идејки на психијатар.
Ок да не тепаме оф топик имам многу за пишување овде ама нема везе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom