Јелена Карлеуша во сала Борис Трајковски - 20.11.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Влезници за Карлеуша – од понеделник
Четврток, 21.10.2010
Македонска сцена

ДИВА доаѓа во Скопје. Еден месец до спектакуларниот концерт на Јелена Карлеуша во спортската сала Борис Трајковски. Организаторите Јованов Рекордс и ВИП продукција, ветуваат одлична забава, но претходно најавуваат, влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник 25 ти октомври.



Влезниците за стоење ќе бидат по цена од 400 денари. За седење 500 а оние што сакаат да бидат во ВИп делот на публиката, за ВИП влезница ќе треба да платат 800 денари. Влезниците за концертот можете да ги најдете на веѓе добро познатите продажни места: Југотон, Tobacco и Together салоните, Роза Веро2, Рамстор и др.



После спектаклот што Карлеуша го приреди во Белградската Арена, несомнено вистински спектакал не очекува и овде, во македонската метропола.



Концертот на дивата ќе биде поделен во четири дела и ќе биде со еден единствен наслов All about the diva. Секој дел од концертот ќе биде единствена музичка приказна за период од животот и кариерата на Карлеуша. На крајот сите четири ќе завршуваат во единствена музичка целина.



Скандалозна, ексцентрична, оригинална и успешна ЈК каква што е денес. Она по што спектаклот во Скопје ќе се разликува од оној во Белград е изборот на 10 танчери кои ќе ја придружуваат дивата, во салата Борис Трајковски, на песна што таа сама ќе ја одбере.

Ако Белградска Арена на 15 ти мај беше полна, тогаш и Борис Трајковски на 20 ноември сигурно ќе биде. Дотогаш купете влезница, за да си го обезбедите вашето место!
 
Абе ја ќе ви гракам место нејзе за 200 денари, ем поевтино ем знаете на кого ги давате парите. :Р :)
 
500 ден за да гледам силикони..не фала
 
За 500 денари, ќе си земеш две холанџанки, и онака ќе пејат подобро од неа, и тоа на твоја инцијатива
 
Само едно не ми е јасно ... дали стварно се надеваат дека ќе ја напунат салата со Карлеуша??? Знам дека има едно чудо фолкери у државава, али претстојат концерти на Цеца и Аца Лукас така што мислам дека ова ќе им биде комплетен промашај. :)
 
Карлеуша прави шоу на концертите вреди тоа да с евиди сценскиот настап и е многу јак дака би нарекол дека повеќе ќе биде мјузикл отколку концерт.
 
преска гледав некое шоу на прва српска тв и се зеза за карлеуша вика ќе доаѓала у скопје со 4 шлепери. па типот вика јас не знам што ќе и се 4 шлепери ама знам дека еден шлепер ќе биде само за боки 13 :pos2:
 
Za 500 denari moze6 da kupuvas lep 2 meseca,a ja pojjse za jadenjetosum1
Inace dobra grupa se ovie Jelena Karleusa.HEHE
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom