Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
молам одговор :)
Земјата од 1 јануари 2000 година не ја држат 3 те кита, туку голема желка. На секои 2 илјади години с еменуваат китовите и желката за да им биде полесно. Е сега желката малку помалку може да ја држи земјата во хоризонтала и затоа се мрда на нејзиниот оклоп и настануваат цунамија како тоа во 2004 та. Инаку желката е потомок на парот желки што ги спаси Дедо Ное.:toe:

Мислам дека овој одговор е токму тоа што го бараш.

Ај сеа ти дај објаснување на сопственото прашање? Може ли да го слушнеме. Како настана цунамито, зошто настана и зашто баш во Индонезија. Ќе можеш ли да одговориш?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Сите животи му припаѓаат на Бог и Тој има суверено право да си ги земе кога што ќе посака.
„сите животи се Мои“ (Бог, Езекиел 18:4, Библијата)
Страшно е ова. Не дека ти веруваш во ова, затоа што не веруваш, туку дека постојат луѓе кој веруваат во ова. Интересно е да се истражува од кој психилошки стравови и неспособности за соочување со светот има ова произлезено...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ај сеа ти дај објаснување на сопственото прашање? Може ли да го слушнеме. Како настана цунамито, зошто настана и зашто баш во Индонезија. Ќе можеш ли да одговориш?
Се придружувам кон прашањево: живо ме занима атеистичкиот одговор.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Се придружувам кон прашањево: живо ме занима атеистичкиот одговор.
Хехе Сега ќе добиеме линк од википедија како настанува цунами и зошто:helou: ТОј што го постави прашањето благе везе нема да даде одговор сам, без да изгугла. Некои луѓе само си прашуваат нешто ради реда и мислат дека ја погодиле поентата и заебале некого.

Така да јас лично очекувам одговор со некоја негација и сарказам. Па ај да видиме.

--- надополнето ---

Страшно е ова. Не дека ти веруваш во ова, затоа што не веруваш, туку дека постојат луѓе кој веруваат во ова. Интересно е да се истражува од кој психилошки стравови и неспособности за соочување со светот има ова произлезено...
You hit the target :toe:

Дај да се видат психолошки профили на верници, теисти, атеисти, агностици, деисти, сатанисти, пагани....
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Па колку што се сеќавам имаше земјотрес во Индиски Океан кој го покрена цунамито.Не е прв и последен пат таму да има цунами, трусни подрачја се тоа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Е ми, линко, дека е? А клипо? :)pos2:)

Ајде, ќе речеме дека подводен земјотрес предизвикал расед, а раседот предизивикал денивелација на морската/океанската водена површина, која предизикала појава на бранови, ради висинската разлика од водената површина.

А земјостресот, од што е предизикан?
 
Од движењето на тектонските плочи?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ај сеа ти дај објаснување на сопственото прашање? Може ли да го слушнеме. Како настана цунамито, зошто настана и зашто баш во Индонезија. Ќе можеш ли да одговориш?
Во 2004, на 26 декември стегна земјотрес чиј епицентар беше западно од брегот на Суматра.

Земјотресот беше предизвикан од странично и надолно поместување на работ на тектонската плоча кој се наоѓа на дното на океанот. Ова поместување предизвика серија бранови со огромни водени маси со висина и над 30 метри.

Ова е една од најсмртоносните природни катастрофи во забележаната историја на човештвото. Погодени беа сите крајбрежни земји. Најсилно, Индонезија, па Шри Ланка, Индија и Тајланд.

Со силина од 9.3 степени по Рихтер, ова е третиот по силина забележан земјотрес на сеизмичката скала. Воедно, ова е НАЈДОЛГИОТ забележан земјотрес (скоро 10 мин.) Земјотресот ја помести земјата од својата патека за 1 сантиметар и предизвика последователни земјотреси се' до Аљаска.

Виновник за земјотресот, а потоа и за цунамите е природното постојано движење на тектонските плочи.

Дали ти е сега јасно зошто се случи цунамито во 2004 година, зошто се случи баш во Индонезија, но и Шри Ланка, Индија и останатите крајбрежни земји? Дали ти е јасно како дојде до цунами или ти треба уште објаснување?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Од движењето на тектонските плочи?
Можеби, а то плочите, од што се придвижени?

--- надополнето ---

Дали ти е јасно како дојде до цунами или ти треба уште објаснување?
Треба: посочи ја смислата и целта за појавата на то цунамито.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Можеби, а то плочите, од што се придвижени?

--- надополнето ---

Треба: посочи ја смислата и целта за појавата на то цунамито.
Смисол и цел???!!! И од што се придвижени плочите според тебе?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
А земјостресот, од што е предизикан?
Тектонските плочи на кои лежат континентите се во ПОСТОЈАНО движење. Така, индија е денес дел од Азија, иако пред 100-тина милиони години била далеку под Екваторот.

Повремено, тектонските плочи се судираат и едната од нив влегува под другата. Тоа на површината резултира со потреси кои ги нарекуваме земјотреси.

Ова е познато поради тоа што нешто повеќе од 100 години земјотресите се мерат, последиците од нив се нотираат и добиените податоци се проучуваат и врз основа на тие податоци и наодите од ултразвучното мапирање на океанскиот под, се прават предвидувања за движењата на плочите, кои подоцна се проверуваат.

Сеизмологијата е научна студија на земјотресите и ширењето на еластичните бранови низ земјата и другите планетарни тела. Луѓе посветуваат цели животни кариери на проучување на овие феномени и разработување на техники за предвидување на земјотресите и последиците од нив (пр: цунами)

Сепак, некои инфантилни дебили сеуште мислат дека стариот бел дедо кој гледа од небото се љути и ја тресе земјата.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Во 2004, на 26 декември стегна земјотрес чиј епицентар беше западно од брегот на Суматра.

Земјотресот беше предизвикан од странично и надолно поместување на работ на тектонската плоча кој се наоѓа на дното на океанот. Ова поместување предизвика серија бранови со огромни водени маси со висина и над 30 метри.

Ова е една од најсмртоносните природни катастрофи во забележаната историја на човештвото. Погодени беа сите крајбрежни земји. Најсилно, Индонезија, па Шри Ланка, Индија и Тајланд.

Со силина од 9.3 степени по Рихтер, ова е третиот по силина забележан земјотрес на сеизмичката скала. Воедно, ова е НАЈДОЛГИОТ забележан земјотрес (скоро 10 мин.) Земјотресот ја помести земјата од својата патека за 1 сантиметар и предизвика последователни земјотреси се' до Аљаска.

Виновник за земјотресот, а потоа и за цунамите е природното постојано движење на тектонските плочи.

Дали ти е сега јасно зошто се случи цунамито во 2004 година, зошто се случи баш во Индонезија, но и Шри Ланка, Индија и останатите крајбрежни земји? Дали ти е јасно како дојде до цунами или ти треба уште објаснување?

Дибек, побарав објаснување од форумџијата кој го напиша тоа:helou: Не од тебе. Знам дека ти ќе дадеш соодветен одговор.

--- надополнето ---

Сепак, некои инфантилни дебили сеуште мислат дека стариот бел дедо кој гледа од небото се љути и ја тресе земјата.
А поради ова човек не може да има квалитетна дискусија со некого. Директна навреда за секој што се смета себе си верник, нели? Не е убаво тоа:nenene:

п.с Оваа твоја реченица важи ли за сите што се декларираат атеисти, а не знаат да дат одговор како твојот во врска со цунамито и земјотресот? Мислам дека многу сеирџии појма немаат дека тектонските плочи се движат постојано, и на што се должи земјотресот и цунамито. Да го чуевме нивното мислење дали ќе беше инфантилно ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
До BDack-от:

Работата е во то, што одредени дебили изразуваат сомнеж во то теоријата за т.н. „континентални плочи„. Ама ајде, ќе речеме дека то плочите, навистина постојат. А кои са Твоите лични и непосредни сознанија за наводното постоење на тија плочи, причините и начинот на нивното делува и последиците од тоа, или на форумов пласираш нешто кое некој и некаде го кажал?

Патем, не постои стар бел дедо, кој дрма и тресе, освен можеби во некои прикаски пред заспивање.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Треба: посочи ја смислата и целта за појавата на то цунамито.
Шта ти је бре, дете? Не ли читаш? Не ли си одел у школо?

Тектонските плочи се во ПОСТОЈАНО движење. Тоа движење, во геолошко време за кое ти самиот велиш дека не можеш да го појмиш, условува судири и разидување на plo;ite.

Постојат 7 (седум) главни тектонски плочи. 6 се континентални, а една е пацифичка. Има и помали тектонски плочи.

Ова се учи во 7 одделение по предметот Географија.

Некои луѓе биле многу болни како деца. Чудно е како завршиле архитектура, како се сега физичари и уметници, а во слободно време магационери кои немаат работа, па висат по религиски рофуми по цел ден и поставуваат инфантилни прашања.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Смисол и цел???!!! И од што се придвижени плочите според тебе?
Не е битно како е то според мене, но битно е то, дека простото механицистичко толкување на цунамито, причините за неговата појава и сл. не е доволно за верните.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom