Интересно предавање на германскиот философ Robert Spaeman во Mинхен.
ВО својот реферат покажа и одважи пред се еден Постулат за Божјето постоење.
Ова подоле е цитат од неговото предавање:
"Futurum exactum", или futurII, е за нас немоновно поврзан со prezent.
За нешто да се каже дека сега постои, е истозначно како да се каже дека било во иднината. Во оваа смисла секоја вистина е вечна. Дека вечерта 12.10.2006 биле собрани полно луѓе во Католичката Академија во Минхем по повод предавањето за '"Рационалност аи Вербата во Бог", не беше вистина само таа вечер, туку е вечно вистинито. Сегашноста останува како минато на иднината секогаш вистинита.
Меѓутоа колку навистина вреди оваа вистинитост? Може да се каже: Во трагите кои во своето каузално дејствување ги остава.
ТОлку долго, додека минатото можеме да го паметиме не е тешко да одговориме на прашањето за нејзиното опстојување(на вистината се мисли).
Меѓутоа и сеќавањата еднаш ќе престанат, ќе ги снема. Еднаш ќе ги снема и луѓето од земјата. А конечно, еднаш ќе ја снема и Земјината топка.
Бидејќи, ако на минатото му припаѓа една сегашност, чие е тоа минато, тогаш мораме да кажеме: со свесна сегашност, а сегашноста е секогаш свесна сегашност, се губи минатото, а и futurum exactum го губи своето значение.
Но токму оваа мисла ние не можеже даја замислиме.
Реченицата "Во далечната иднина нема да биде веќе вистина, дека вечерва во Минхен сме биле заедно" е бесмислена. Оваа мисла не можеме да ја мислиме, замислиме, како и да е.
Значи уште еднаш: Oд кој вид е оваа сегашност на минатото, вечната вистинитост на секоја вистина?
Единствен одговор е: Ние мораме исклучиво да замислиме една СВЕСТ во која се што се случува, се меморира и уште повеќе се складира, значи АПСОЛУТНА СВЕСТ
Ниту еден збор нема да биде кажан, ниту една болка нема да биде непочиствувана, ноту една радост нема да биде избегната. Случка во минатото можѓе да биде простено, но не може да биде неслучено истото тоа. Ако постои сегашност тогаш е неминовен и futurum exactum, а со самото тоа и Постулатот за постоење на БОГ.
"ЈАС СЕ ПЛАШАМ", така пишуваше Nietzsche, " Не можеме да с еоттарасиме од Бог, бидејќи сеуште веруваме во Граматиката".
Имено, и самиот Nietzsche можел да пишува, она што сакал да го каже бидсејќи се тоа го доверил на граматиката.
Ова е интересен Граматички доказ за постоењето на Бог.
Може да се продискутира за него, но не со паушални заклучоци дека едноставно не е така и толку.