Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Според Библијата, Гавриил (поточно Габриел) е ангел, а не Архангел. Архангел е Михаел.

Ангелот одговори и му рече: „Јас сум Габриел, кој стои пред Бога и испратен сум да зборувам со тебе...“ (Лука 1:9, Библијата)
„А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Габриел...“ (Лука 1:26, Библијата)
„А Архангелот Михаел...“ (Јуда 1:9, Библијата)
Надвор од Црквата Христова, Гаврил може да ми биде и маалски сосед, а во Црквата, и Михаил, и Гавриил, Рафаил, Уриел и останатите, се архангели.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Надвор од Црквата Христова, Гаврил може да ми биде и маалски сосед, а во Црквата, и Михаил, и Гавриил, Рафаил, Уриел и останатите, се архангели.
Црквата Христова е во согласност со Божјото Слово кое Христос (главата на Црквата Христова) го потврди како веродостојно. Во православните „цркви“ добро е познат феноменот на култивизирање на личности и нивно воздигнување до ранг на архангели, па дури и до ранг на богови и божици како што е примерот за култот на Марија и нејзиното обожавање со титули со кои дури ни Бог не се кити во Светото Писмо.
Значи, внатре во Црквата Христова, Библијата го нарекува Габриел ангел, а Михаел архангел.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи, внатре во Црквата Христова, Библијата го нарекува Габриел ангел, а Михаел архангел.
Во ред де, можеби во Дебар маало, така ги нарекувате...Нека Ти биде според верата Твоја.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Брееее, значи колку христијански цркви има по ова форумов од total 3-4 верници. Бетер сте од политичкиве партии.

Све само Вистински, Едни и Единствени Цркви на Христос, на Исус, на Јахве, Највистински, Пресветли мрачно-средновековни, Најнајцркви, Дебармаалски, Климентови, Павлеви, на Крстот, на сведоците на Исус, на Јехова, на Марија Коленичарите, една Католичка, друга Римо-католичка, ама одвоена од Православно-Католичката-со-љут-еден-дека-не-се-делел-римо-од-католик-туку-православен-од-Исус на Марија или на Јахве-Серафим-Крст-Библија-Христијанска-вера-единствена на светот најјака од сите-кичма-ќе-ви-скршиме-лом и една има Велигденска - ГАРАНТ!

Браво посветени верници! Алал да ви е верата една христијанска!!!

Keep up the good work - грабајте тоа виљушките за изоштрување слика - сеа му е мајката!!! ...т.е. синот!
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Црквата Христова е во согласност со Божјото Слово кое Христос (главата на Црквата Христова) го потврди како веродостојно. Во православните „цркви“ добро е познат феноменот на култивизирање на личности и нивно воздигнување до ранг на архангели, па дури и до ранг на богови и божици како што е примерот за култот на Марија и нејзиното обожавање со титули со кои дури ни Бог не се кити во Светото Писмо.
Значи, внатре во Црквата Христова, Библијата го нарекува Габриел ангел, а Михаел архангел.
Кој бил Мелхиседек и зошто Аврам му се поклонил?

Што занчи тврдењето: „Ти си вечен првосвештеник по чинот Мелхиседеков.“
Во ред де, можеби во Дебар маало, така ги нарекувате...Нека Ти биде според верата Твоја.
Прашање за цитираниве припадници на трите најбројни гранки на христијанството...

Ете да речиме некој атеист...се сомнева...се сомнева во својата невера и е спремен да се покае и да се предаде на Неговата милост и спасение.
Но по кој пат да тргне?
Бидејќи натемаго ни ора ни копа, а само нови и нови религии и секти прави,нововерци,секташи,разни лажни сведочења се испилуваат секојднаевно и го искушуваат оној кој сака да го отфрли атеистичкото проклетие од себе си...како да не попадне во поголем грев?!

Двајца од вас тројца се дел од лажната,отпадничка вера што значи дека ако чоек сака да биде прав христијанин и спасен во Христа (а бидејќи вашите три вери се најбројни) и сака да се информира како да избегне 66,6 % :) можност да падне во канџите на лажното сведочење на лукавиот, како ќе ја упатите таа изгубена и заблудена душа назад кон патот и спасението вечно а со тоа ќе направите богоугодно дело кое од вас се бара во Писмото...
На кој пат човек да фати, католички,православен или протестанстски кое е тоа кое е по Негова воља?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
На кој пат човек да фати, католички,православен или протестанстски кое е тоа кое е по Негова воља?
1. Почни да Го бараш Бога.
2. Штом Го најдеш, штом поверуваш во Него, Он ќе те упати на точната „адреса„ (проверено од мене лично, од мое искуствено сознание, кое е потврдено со црковните записи и искуства!).

Заедницата која правилно Го исповеда Бога, ја пренесува и ја исповеда само од Бога ни откриената вистина. Божјата вистина не е од овој Свет, таа „шамара„ и буди од гревовен сон, а ласкавата вистина, која доаѓа од „натемаго„ и од неговите слуги, тоа е вистина од овој отпаднат Свет, која ја храни човековата гордост.

Еве, Ти посочив една од најбитните разлики за вистините кои доаѓаат од трите рисјански заедници, а можноста да одбереш (или одбиеш..) е Твое право.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
На кој пат човек да фати, католички,православен или протестанстски кое е тоа кое е по Негова воља?
Доколку покајаниот човек почне да го чита христијанското Божјо Слово (Светото Писмо / Библијата) и одлучи да го следи Бог, а не да се води по разни човечки преданија и традиции, лесно ќе препознае кој е вистинскиот Божји пат.

„Твоето слово (Боже) е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека. “ (Псалм 119:105, Библијата)
„ Татко... освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината.“ (Исус Христос, ев. Јован 17:17, Библијата)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Фали уште католичката понуда....хехе

Ако е веќе јавен Тендеров напишете и конкретна сума во понудиве. Да знае човеков колку ќе заработи ако ви се приклучи :toe:
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Јоан, јави се - конкуренција ниту ора, ниту копа, ниту спие!!!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Фали уште католичката понуда....хехе

Ако е веќе јавен Тендеров напишете и конкретна сума во понудиве. Да знае човеков колку ќе заработи ако ви се приклучи :toe:
Бранкооо, излези бе Бранкооооо....(ха-ха-ха!).
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Бранкооо, излези бе Бранкооооо....(ха-ха-ха!).
Мики излези од чаурата...... Излези

Изгледа заедно коленичите со дотичниов хомиќ, па и репликите му ги знаеш?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики излези од чаурата...... Излези

Изгледа заедно коленичите со дотичниов хомиќ, па и репликите му ги знаеш?
Атеист, cut your bullshit и ако имаш нешто (а немаш, очигледно...) да пишеш-пиши и не ме отекуј под појас...разбираш.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Атеист, cut your bullshit и ако имаш нешто (а немаш, очигледно...) да пишеш-пиши и не ме отекуј под појас...разбираш.
Толку можеш ти со твоето Ај-кју, те разбирам, ама не можам да ти помгнам. Толку ти е капацитетот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom