Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако сум бил у присуство на Бог па да знам јас лично, вака треба да му верувам на Мојсеј, или на апостолите или на незнам уште кој.

Донекаде си во право, оти не Ти преостанува голем избор, освен да им веруваш, т.е.да имаш доверба во оние кои веќе Го сретнаа Бога.

--- надополнето ---

Како да бидам сигурен дека сите тие не биле во сојуз со лукавиот ?

Не можеш да бидеш сигурен во ништо, доколку не ја прифатиш и не ја живееш Христовата наука.

--- надополнето ---

Викате библијата е божја реч.
Од кај сте сигурни ?

Прво, веруваме дека Писмото е збор Божји.
Второ, можеме да ги испитаме вистините од Писмото преку својот опит.

--- надополнето ---

Од кај сте сигурни ?

Преку личниот опит, кој е 100%-но личен и приватен, без посредници, без „рекла-кажала„.

--- надополнето ---

Ви се јавил Бог на вас па да ви каже ?

Бог веќе ми/ни се јави, а мое/Твое е дали ќе Го прифатиш или не.
 
Господ Бог е жив и секогаш е присутен во својата Црква. Ако навистина имаш желба да се сретнеш со Исус Христос тоа можеш да го оствариш во Католичката и Православната Црква. Едноставно само треба да го побараш. И не заборавај, Бог не е човек, Бог не ти должи ништо, ти и јас сме тие кои имаме потреба од Него.

Зарем во протестантската не може ?

--- надополнето ---

Како бе не се појави, па е појави пред цел јудејски народ...Но едните Го прифатија и Му поверуваа а другите Го распнаа.

--- надополнето ---

Бог им се јавува на поединци, оти тие поединци се достојни да Го видат Бога.

Како ќе знаеш да ли Ти се појавил Бог или лукавиот? Просто и едноставно: ако Ти се јави Бог, твојата душа ќе го доживее тој настан како средба меѓу Творецот и творението и на таа средба, самиот ќе увидиш дела стоиш пред Твојот Творец, и ќе ја видиш сета Твоја расипаност. Ако Ти се јави лукавиот, ќе почувствуваш неприроден страв и ќе сакаш за збришеш што подалеку од местото на средбата.

--- надополнето ---

Позитивноста е и лична и колективна.

--- надополнето ---

Може: се дефинира како желба за лично охристовување, лично обожение (не „обожување„).

--- надополнето ---

Влијае: со прифаќањето на верата Христова, секкој поединец минува низ преумување и менување на своето вкупно битие од отпаднато во богоподобно.

16k3pzb.gif

Какво охристовување? Исус беше еден !
А на световно ниво има некоја добра страна?
Што е она кое во секојдневниот живот го одликува припадникот на религијата vs. неприпадникот?
Кои квалитети и доблести?
 
Господ Бог е жив и секогаш е присутен во својата Црква. Ако навистина имаш желба да се сретнеш со Исус Христос тоа можеш да го оствариш во Католичката и Православната Црква. Едноставно само треба да го побараш. И не заборавај, Бог не е човек, Бог не ти должи ништо, ти и јас сме тие кои имаме потреба од Него.
А доколку некој верник од горенаведените конфесии нема црква во близина,а сака да се сретне со Исус,шо прајме тогаш?Или некој рецимо еским од Лапонија му текнало христијанин да се прави,ако нема црква во близина ништо од бизнисот,а?Бог е само в’црква,а?
 
Ќе се сретне, ако е верник. Ако на некој еским од Лапонија му текнало да стане христијанин, некој мора да му го донел Христос. А зарем не знаеш дека телото на христијанинот е Храм Божји.
 
Ќе се сретне, ако е верник. Ако на некој еским од Лапонија му текнало да стане христијанин, некој мора да му го донел Христос. А зарем не знаеш дека телото на христијанинот е Храм Божји.
Aбе ете видел ескимот на МТВsat. литургија у соборна и му текнало православен ќе се прави,а црква на 10.000 км у радиус ни за лек.И шо прајме тогаш,нема похристијанчување,а?Не ми врти сеа телото храм божји ова она,убаво си рече Исус да се бара во православна и католичка ЦРКВА(тврда градба)...тотално погрешно верување.
 
Ако немат црквени згради (тврда градба), дали ќе постојат Католичката и Православната Црква?
 
Ако немат црквени згради (тврда градба), дали ќе постојат Католичката и Православната Црква?
Aма зошто се праеш мутав со сила?Или мутав си?
 
И онака скоро сите цркви и џамии во Македонија се дивоградби...
 
Aма зошто се праеш мутав со сила?Или мутав си?

Побарав твое мислење, како резонираш, бидејки ти поставив прашање. И каков одгвор добив? Но, што е тоа е. Благодарам на одговорот.
 
Побарав твое мислење, како резонираш, бидејки ти поставив прашање. И каков одгвор добив? Но, што е тоа е. Благодарам на одговорот.
И јас поставив прашање,ти избегнуваш одговор со мутавост.Фала и кај вас.
 
Кој бил Мелхиседек и зошто Аврам му се поклонил?
Што занчи тврдењето: „Ти си вечен првосвештеник по чинот Мелхиседеков.“

Ајде да видиме нешто околу тоа кој бил тој Мелхиседек. Крал на Салим, (секако, Ерусалим) и свештеник на севишниот Бог (во тоа својство и изнел леб и вино, веројатно, кога Аврам дошол кај него и му дал десетина од пленот што го собрал спасувајќи го Лот и помагајќи му на кралот на Содом). 1.Мој.14.
Не сум премногу упатен во теолошките толкувања. Се чини дека Мелсиседек треба да претставува некаква праслика за Христос, како крал и првосвештеник, чие потекло, според еврејските верувања, е таинствено, мистично. Во некои од нив тој е бесмртен и вечен.
Но според некои други разбирања, Мелхиседек, т.е. Мелхизедек би можело да значи и богот-Зедек-е-мојот-крал, според трети тој претставува некаков ангелски ентитет, а некои дури и го изедначуваат со Светиот Дух
 
Ако немат црквени згради (тврда градба), дали ќе постојат Католичката и Православната Црква?
Јоан, Божиот храм е човековото тело и човековата душа. Црквените згради се места за собирање на истоверниците. Исус и Мохамед го проповедале Божјото слово помеѓу луѓето, зградит се небитни, сигурно ти е познато.
 
Нешто ко Енфилд роуд, Паркхед, Олд Трафорд или Ноу Камп.
Само поретко има дешавки, неколку пати годишно...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom