MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Се однесуваше за тоа што Св Тома вели дека во нас е Божјото царство, но истовремено и вон нас...нешто кое може да се опише како здобивање на знаење, гносис. Не интелектуално знаење туку споствено, лично. Според некои текстови, во овој дел се разликуваат евангелијата од она на Св. Тома...дел од разликите. Другите разлики се на пример немањето опис за катастрофален крај на светот него би се десило како внатрешна состојба на Божјото царство (за разлика од другите евангелија, освен по Лука 17:20). Други разлики се што според 4-те евангелија Исус е олицетворение на Бог, божја присутност во човечка форма...за разлика од тоа Св Тома учел дека ние/јас и Исус сме длабоко во нас близнаци, идентични односно сме божји деца како и тој. Исто има некои разлики и во авторитетноста на одговорите -во евангелијата (откако го прашале) Исус ги учи на молитвата, на давањето милостиња, миење лице...во другото евангелие наводно е даден одговор на Исус како неавторитет, односно со совет да се свртиме кон себе- не кажувај лаги и не прави она што го мразиш...
Ова евангелие е наводно најдено во библиотеката Наг Хамади, како и некои други евангелија (Евангелие на Вистината) кои се отфрлени од црковните авторитети. Значи постојат повеќе евангелија кои не се вклучени во Светото Писмо, најчесто како гностички/херетички. Сепак не можам да забележам во некои разлики грев до толку за да се исклучат од Црквата.
Моја грешка за апостолите
Поимот „Царство Небесно„ се однесува на духовно расположение, кое (ќе) го имаат душите од праведниците, кои (ќе) обитуваат во Рајот и во непосредна близина до Христа Бога.
Изразот „...Царството Небесно е во вас...„ има друго значење: тоа се однесува на душата од човекот, која е бесмртна, и која е дар од Духот Свет. Воедно, тоа „...што е во нас..„ се однесува и на сликата/ликот Божји, според кој сме створени. Но, тоа „..што е во нас...„ се однесува и на даровите од Светиот Дух, а нивното стекнување е дел од целта од нашиот овоземен живот.
Така, јасно е дека се работи за израз и категорија, која има повеќеслојно значење.
--- надополнето ---
Само ти, во еден пост од еден параграф успеа да кажеш и дека е несменето и дека е сигурно сменето. Чудо! Ем несменето, ем не 100% исто. Магија некоја да не е?
Она што не е сменето, тоа е духот од учењето во Писмото,. т.е. логиката на изразувањето и учењето, сместени во Писмото. Но не очекувај дека Писмото, преведено на македонски или некој друг јазик, е апсолутно идентично со Писмото од пред 1000, 1500 или 1800 г. Така, не е работата во магијата, туку во духот кој се провлекува низ целото Писмо и кој (дух) се запазува и во преводите.