Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Секој мора да ја пронајде сопствената вистина и никој нема право на друг да му натрупува своја.
Дали Христијаните се согласуваат со ова, или не? :)
 
Грешка си. За постоењето за Бог, природно на секој човек ни е в садено.

Грешка си. Не ни е всадено. Тебе некој ти го всадил - мене не. Е, сега пробај да се сетиш тебе кој ти го всадил така добро, па оди прашај го зошто ти го всадил така без прашање, што сега мислиш дека ти бил отсекогаш всаден.

ПРАШАЊЕ: Дали христијаните сметаат дека господ им е всаден?
 
Сакам да кажам дека од нешто создадено да се испитува, и да се тргне до нешто несоздадено, тоа е Бог.Значи без почеток,пред сите векови, несоздаден, тоа е Бог.
 
Сакам да кажам дека од нешто создадено да се испитува, и да се тргне до нешто несоздадено, тоа е Бог.Значи без почеток,пред сите векови, несоздаден, тоа е Бог.

Две оф топик прашања:

1. Дали си поп/или студираш теологија?
2. Дали гледаш еротски филмови?
 
Сакам да кажам дека од нешто создадено да се испитува, и да се тргне до нешто несоздадено, тоа е Бог.Значи без почеток,пред сите векови, несоздаден, тоа е Бог.

Каква врска има овој муабетсо прашањето дали е Господ всаден кај луѓето?!?! Ти збориш за создадено, испитано, несоздадено... Прашањето беше друго.
 
Читав некои списанија, книги, сајтови...па најдов некои информации што не сум сигурен дали се и колку точни

1. Покрај 4-те евангелија споменати се и други -Евангелие на Вистината, Евангелие на Св Тома. Она по Јуда не го споменувам, премногу е користено во комерцијални цели, но не е страшно ако некој има информација и за ова евангелие

2. Согласно евангелијата дали е точно дека само во Евангелието по Јован Св Тома е споменат како неверлив, малку наивен би рекол, а другите евангелија мислам дека не го ни третираат проблемот со неверувањето на Тома. Дали Апостолите Јован и Тома биле во конфликт/ривалство? Според некои извори, ова е причината за споменувањето на неговиот однос кон воскреснатиот Исус само во евангелието по Св Јован и што Св Тома заминал за Индија каде пропведал, градел цркви и слично (имал таму големо влијание).

3. Зошто од 12 апостоли, само 4 се земени предвид при градење на Новиот Завет? Четири столба на црквата или нешто друго. Дали и со која цел се отфрлени гностичките текстови? Инаку Св Тома негде го претставуваат како гностик па наводно причина за необјавување на неговото евангелие е токму гностичкиот поглед и учење

4. Дали навистина Св Јован и Св Тома имале различен приод и учења во однос на тоа што е Светлина и каде се наоѓа (во Исус преку кого треба да стигнеме до таа Светлина или во секој од нас, но треба да ја бараме). Ова не го напишав баш најјасно, но кој ги познава овие дилеми мислам ќе ме сфати што сакав да прашам.
Данке
 
1. Црквата ги признава само 4-те познати евангелија, а сите други познати евангелија се апокрифни или гностички и не се дел од Новиот Завет, туку само обид да се „подметне„ лага во Светото Писмо.
2. Не, двата Апостоли , Јован и Тома, не биле во ривалство. Евангелијата во принцип, третираат различни настани па затоа секое од нив поединечно, не е идентично со другите 3, а сите евангелија заедно се нарекуваат „синоптички„, што значи се надополнуваат едно со друго и делуваат како едно евангелие.
3. Првиот ред од Христовите Апостоли, нависитна се 12, без Јуда, плус Матиј. Вториот ред Апостоли биле 70 на број, а третиот ред Апостоли биле најмалку 500 на број. Св. Ап. Марко и Св. Ап. Лука, иако се евангелисти, не се дел од 12-те Христови Апостоли, туку од 70-те, од вториот ред Апостоли.
4. Навистна, не го разбирам прашањево-појасни го...Ми се чини дека прашањево треба а се одговори со повисока теологија, позната на богословски образовани личности. Можно е поимот „светлина„ да биде и повеќеслојна категорија, како на пример: светлина како споредба, светлина како нестворена Божја енергија, светлина како особина и сл.

Нема потреба да ја бараме Светлината, туку да Го бараме Бога и да живееме во доживотно покајание.
 
Nesozdadena e energijata a ne Bog, bog posle se sozdal i toa samo kako apstrakten poim kako ideja vo religiite i varira negoto poimanje od religija to est od vreme i mesto kade istata se javila, taka da toa e toa...
 
1. Црквата ги признава само 4-те познати евангелија, а сите други познати евангелија се апокрифни или гностички и не се дел од Новиот Завет, туку само обид да се „подметне„ лага во Светото Писмо.

Кој кажал дека останатите евангелија се „обид да се подметне лага во Светото Писмо“? Кој му дал него рпаво да суди кое евангелие е какво? Што е тоа што апокрифните евангелија не ги квалификува за СП?
 
Цквата, т.е., заедницата е таа која соборно/заеднички одлучила кој спис ќе биде а кој нема да биде дел од Новиот Завет. Бидејќи раната Црква живеела според евангелијата, тоа значи дека дури и раната Црква искуствено можела да провери дали 4-те евангелија се точни не само како запис, туку и преку пракса, а тој критериум, за практична проверка нз запишаното, ако се примени на апокрифите, се гледа дека апокрифните записи се лажни, иако нецелосно лажни. Плус, црковното учење има свој дух, своја логика, која не може да се најде во лажните евангелија.

Светото Писмо, во денес познатиот формат и соджина, оформено/канонизирано е дури 681 г., така да во тој повеќевековен период, Црквата и тоа како имала време да провери што „е„ а што „не е„ за да биде дел од Писмотот, иако уште Кирил (или Климент, не се сеќавам точно) Александриски, во средината од 3-от век, веќе ги имал собрано сите книги од денешниот Нов Завет.

Погледни во Лука, 1.1., и самиот ќе видиш дека дури и Апостолот ја наведува праксата на поставување лажни учења и записи, уште во апостолско време!
 
Читав некои списанија, книги, сајтови...па најдов некои информации што не сум сигурен дали се и колку точни

1. Покрај 4-те евангелија споменати се и други -Евангелие на Вистината, Евангелие на Св Тома. Она по Јуда не го споменувам, премногу е користено во комерцијални цели, но не е страшно ако некој има информација и за ова евангелие

Разликата помеѓу 4те канонски (библиски) евангелија и другите е тоа што канонските се напишани од апостолите во 1-от век, а другите се напишани многу подоцна од непознати автори од кои повеќето и немаат структура на евангелие, немаат ни наратива и повеќе наликуваат на збирка поговорки кои новодно ги кажал Исус или некој од апостолите. Во некои од нив (пр. Тома, Филип, Петар) фалсификаторот се потпишал во името на апостолите за да добие неговиот текст кредибилитет, но ниту еден фалсификат не бил успешен и веднаш бил разобличен од христијаните. Очигледно фалсификаторите воопшто не биле вешти во својот занает и тоа го направиле крајно аматерски. Нивното подоцнежно пишување лесно се открива по јазикот на кој се пишувани. На пример ние и нашите баби и дедовци кои живеат во село не збориме баш исто и лесно може да се препознае писмо напишано од нив и писмо напишано од нас, иако се работи за временска дистанца само од 50тина години. Јазикот е динамична категорија и лингвистите вешто ја ловат неговата динамика. Исто така во гностичките евангелија од врв на Водно се воочуваат гностичките елементи и обидот да се преобликува Исус и Неговото учење согласно верувањето на гностиците.

Во антихристијанските литератури (исламистички, Ден Браунски и сл.) ноторно се повторува една лажна пропаганда дека под дејство на императорот Константин Велики на Никејскиот собор биле изгласани овие 4 евангелија со цел да се прикаже Исус како Бог. Историјата пак кажува дека Никејскиот собор бил свикан со друга намена и дека од сите 20 добро познати одлуки што биле донесени на тој собор, ниту една не се однесува на канонот на Светото Писмо, ниту пак за некакво одбирање/гласање на евангелија. Интересно е тоа што баш во овие 4 евангелија се зборува и за човечноста на Исус Христос и тоа многу повеќе од другите гностички евангелија каде Исус е прикажан подуховен и помалку телесен, а во некои од нив Тој имал само привидно тело и бил чисто духовно битие. Така што доколку некој би сакал да ја потенцира Божествената природа на Исус и да го прикаже Исус само како Бог, смешно е да се верува дека би се одлучил баш за овие 4 канонски евангелија во кои јасно се пишува и за Исусовите човечки елементи (замор, сон, плачење, молиње, зависност од Таткото итн).

2. Согласно евангелијата дали е точно дека само во Евангелието по Јован Св Тома е споменат како неверлив, малку наивен би рекол, а другите евангелија мислам дека не го ни третираат проблемот со неверувањето на Тома. Дали Апостолите Јован и Тома биле во конфликт/ривалство? Според некои извори, ова е причината за споменувањето на неговиот однос кон воскреснатиот Исус само во евангелието по Св Јован и што Св Тома заминал за Индија каде пропведал, градел цркви и слично (имал таму големо влијание).

Едноставно другите евангелија не го спомнуваат тој настан. Исус направил и кажал многу работи и доколку секој од нив напишал се што Исус кажал и направил евангелијата би биле колку целата Библија.

3. Зошто од 12 апостоли, само 4 се земени предвид при градење на Новиот Завет? Четири столба на црквата или нешто друго. Дали и со која цел се отфрлени гностичките текстови? Инаку Св Тома негде го претставуваат како гностик па наводно причина за необјавување на неговото евангелие е токму гностичкиот поглед и учење

Апостолот Тома не бил гностик. Ткн. „Томино евангелие“ е напишано во вториот век од некој гностик, а подоцна му е прилепена етикетата „Тома“ ко демек од Тома било напишано.

4. Дали навистина Св Јован и Св Тома имале различен приод и учења во однос на тоа што е Светлина и каде се наоѓа (во Исус преку кого треба да стигнеме до таа Светлина или во секој од нас, но треба да ја бараме). Ова не го напишав баш најјасно, но кој ги познава овие дилеми мислам ќе ме сфати што сакав да прашам.
Данке

За жал од апостолот Тома немаме зачувано некој веродостоен текст за да би можеле да го споредиме неговото разбирање на поимот светлина и да го споредиме со тоа на Јован.
 
Од каде се знае дека овие 4 се оригинални, кога и тие се препис од препис од препис?!? Исто како и останатите.
 
Затоа што Црквата, меѓу другото, има должност да го чува изворното учење непроменето и неменливо, онака како Христос им го остави на Апостолите, а Апостолите им го предадоа на првите епископи. Тоа што евангелијата се препишувани рачно, не значи дека се менувани. И денес, Писмото се препечатува и допечатува, што не значи дека се менува, иако никој не вели дека денешното Писмо е апсолутна, 100%-на копија или превод од изворот.
 
Нема потреба да ја бараме Светлината, туку да Го бараме Бога и да живееме во доживотно покајание.
Се однесуваше за тоа што Св Тома вели дека во нас е Божјото царство, но истовремено и вон нас...нешто кое може да се опише како здобивање на знаење, гносис. Не интелектуално знаење туку споствено, лично. Според некои текстови, во овој дел се разликуваат евангелијата од она на Св. Тома...дел од разликите. Другите разлики се на пример немањето опис за катастрофален крај на светот него би се десило како внатрешна состојба на Божјото царство (за разлика од другите евангелија, освен по Лука 17:20). Други разлики се што според 4-те евангелија Исус е олицетворение на Бог, божја присутност во човечка форма...за разлика од тоа Св Тома учел дека ние/јас и Исус сме длабоко во нас близнаци, идентични односно сме божји деца како и тој. Исто има некои разлики и во авторитетноста на одговорите -во евангелијата (откако го прашале) Исус ги учи на молитвата, на давањето милостиња, миење лице...во другото евангелие наводно е даден одговор на Исус како неавторитет, односно со совет да се свртиме кон себе- не кажувај лаги и не прави она што го мразиш...

Ова евангелие е наводно најдено во библиотеката Наг Хамади, како и некои други евангелија (Евангелие на Вистината) кои се отфрлени од црковните авторитети. Значи постојат повеќе евангелија кои не се вклучени во Светото Писмо, најчесто како гностички/херетички. Сепак не можам да забележам во некои разлики грев до толку за да се исклучат од Црквата.

Моја грешка за апостолите
 
Затоа што Црквата, меѓу другото, има должност да го чува изворното учење непроменето и неменливо, онака како Христос им го остави на Апостолите, а Апостолите им го предадоа на првите епископи. Тоа што евангелијата се препишувани рачно, не значи дека се менувани. И денес, Писмото се препечатува и допечатува, што не значи дека се менува, иако никој не вели дека денешното Писмо е апсолутна, 100%-на копија или превод од изворот.

Чорбаџи вели. Повеќето верници исто така.

Само ти, во еден пост од еден параграф успеа да кажеш и дека е несменето и дека е сигурно сменето. Чудо! Ем несменето, ем не 100% исто. Магија некоја да не е?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom