Ми требаше долго време додека да ги прочитам сите постови и еве сега дознавам... Од верник никогаш неможеш да чекаш логичен одговор. Ipsissimus само ти некако ми стоишчовек со кој разумно може да се дискутира. Пак ќе кажам - многу многу дупки има во христијанството т.е. немаат никаква потковеност и сигурност во текстовите бидејки се пишани од човечка рака (апостолите) плус на тоа евангелиата во библијата се контрадикторни сами со себе во повеќе наврати и за на крај -Soul-of-Space, ова е тема за прашања до христијаните, а ти не си христијанин, што значи не си повикан да даваш одговори на оваа тема! Твоите километарски текстови не даваат никаков одговор!
Професорот не е ниту сезнаен, ниту семоќен и затоа е несоодветно да се споредува!
Дали ти си семоќен и сезнаен? Дали особините и карактеристиките кој ги има твојот син ти му ги даде? Дали пред да се роди, ја знаеше секоја негова постапка? Дали го создаде без можност да распознава добро и зло?
Апсолутна слобода е ваша измислица, и во реалноста такво нешто непостои! Или имаш или немаш слобода! Трето нема!
Пред неколку векови и летањето, подморниците, вселенските станици, телефонот, интернетот.... биле невозможни, т.е во доменот на таканаречената "апсолутна слобода"! Како што напредува генетскиот инжинеринг, во иднина ни примерите кој ги наброја како полот, бојата на очите, кожата.... нема да бидат невозможни, а некој од овие и денес се веќе можни! Што е можно а што не, не е фиксирана и неменлива категорија, таа граница постојано се менува.
Тогаш каква цел има судниот ден и пеколот? Ако нашата воља всушност е божја воља, тогаш како може било кој да згреши? Што е тогаш функцијата на пеколот? Зошто е казнувањето?
Тогаш зошто ги бесите хомосексуалците? Тие се родиле такви, што значи таа особина им е од бог дадена!
Барам слобода да бидам сам свој гопсподар и сам свој бог! Без разлика кој или што ќе се обиде да ми ја одземе таа слобода, без разлика дали ќе биде човек или бог, ќе се борам се додека еден од нас двајца не биде уништен! Јас на силата и моќта не гледам како на мерило за праведност, ниту како причина за покорност! Нека биде ако сака и семоќен бог од мене ќе добие само презир ако намерата му е да ме покори и подчини!
Би сакал да верувам, кога ми е тешко и нема на кого да се обратам да се помолам на "бог" и можеби да ми помогне, но за жал денешните докази не се веродостојни. Некој може да каже еве бог не само во книга туку ти врежил и во умот да разликуваш добро од зло - можеби! Но не ни врежил во умот дали има задгробен живот - бидејки тоа е БИТНОТО - ако има задгробен живот тогаш животот тука на земјата е само тест, ако споредам 60-100год животен период со цела вечност во задгробен живот има разлика! Но ако нема тогаш христијанството има само една големина, тоа е Исус, кој не учи како да живееме, ако го следиме неговото учење да не правиме зло дела кои ќе наштетуваат на други тогаш можеби ќе имаме мало парче рај на земјата
Тоа е моето финално мислење.