Не е ваљда уште еден сатанист? Луци бил ок?
Ок...Господ вели дека ќе умрат...тие навистина станале смртни. Не знам што не е јасно и зашто у ствари секоја реченица ја студирате по 50-тина форумски страни? Дали тоа ќе ви донесе знаење, сатисфакција, нови видици...?
Не сум сатанист. Јас едноставно трагам по објективната вистина. Религиите се преполни со контрадикторности кои светот го прикажуваат искривено. Религиите се
виновниците за најголемите злосторства во историјата на човекот. Долги години, имав предрасуда (да:
предрасуда) дека за религиозните убедувања не се дискутира и дека во ставовите на луѓето
не се пипа.
Сега мислам поинаку. Нашава земја, која пред 15-тина годин беше на чисто со границата меѓу секуларното и религиозното. Денес, таа граница е матна. Мене тоа ме загрижува, како што ме загрижува растечкиот религиозен фундаментализам насекаде во светот. ЗАТОА, одговарам на секое прашање и го напаѓам секое догматско и ирационално тврдење на овој подфорум.
Кон постот:
Господ вели дека ќе умрат ако пробаат или ако се допрат до дрвото. Ова е
лага! Господ, ако е совршен, омнипотентен... да не го дрвам пак со епитетите, немало да направи ваков пропуст.
Од друга страна, токму во тој пост, Луцифер е искрен во исказот. Луци таму не лаже!
Догмата и индоктринацијата се ужасни нешта. Не им дозволуваат на „заразените“ да го видат светот каков што
објективно е. Така, Мики не успева да го прочита тоа што му е пред очи. Не знам за тебе.
Зошто по 50 страници: Едно, јас верувам во народната - Ако се фатиш за орото - играј! Второ, луѓето чии ставови ги напаѓам и се обидувам да ги демантирам, промовираат светоглед за кој јас искрено
знам дека е ирационален и невистинит. Лично, ми пречи, но наместо да го избегнам не читајќи го, фатен за орото, јас сакам да не ги оставам воајерите на овој форум (кои се неколкукратно повеќе од нас кои пишуваме) без дијаметрално спротивставено гледиште и аргументи. Трето, Лурц, ова е ГОРУМ. Јеби га
Ќе ми донесе нови знаења, заради тоа што со секој пишан пост јас консултирам барем 3 веб-страници. Патем, усовршувам вештини на пребарување информации што во денешно време е многу важна вештина. Сатисфакцијата (за моето очигледно големо его) ја добивам во вид на репутација од моите истомисленици. То ти је. Има за све зашто
--- надополнето ---
Ќе ти текне де, само претходно треба да поднаучиш извесна азбука од вероучението.
* * *
Навистина, тешко на оние кои при очи, не го гледаат очигледното...
Слеп при очи. Тоа ти е, Мики, од она „слепо верувај“ и од она „вистинскиот верник не треба да мисли“. Обете се твои цитати.
Во право си, навистина им е тешко на таквите.