Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Бог да чува, DBack...

Бараше одговор-доби одговор.

Ние, кои сме во Црквата, го прифаќаме православниот катихизис онака како го наследуваме од нашите Учители и не се правиме попаметни и посвети од нив.
Што се однесува до Твојот монолог околу „темнината„ во првите 3 дена, никаде во катихизисот не стои дека тие три дена биле „мрачни„ а уште помалку стои дека Бог креирал во темница. Бог не е човечко битие за да Му требаат светилки или небесни тела кои дават светлина...

Бог самиот Е светлина и Он делува надвор од времето и просторот, на кои Он им е творец.
Па, Мики, ТИ кажа (или Василиј, пошто ти не мислиш, нели) дека креирал светлина, само што таа не светела до ден 4. Те молам прочитај си го постот.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
Огнот е еден од 4те елементи; тој е лесен и се издига над другите; согорува, но истовремено и осветлува, а создаден е од Творецот уште во првиот ден, бидејќи Божественото Писмо вели : И рече Бог : ,, Нека биде светлина ! И би светлина ''. Зашто, како што велат некои, огнот не е ништо друго туку светлина. Други, пак, велат дека космичкиот оган е над воздухот и го нарекуваат етер. Во почетокот, односно во првиот ден, Бог ја создал светлината како накит и украс на видливото создание : Зашто, ја снема ли светлината, се ќе остане нераспознатливо во темнината, и нема да може да ја искаже својата убавина.И светлината Бог ја нарече ден, а темнината ја нарече ноќ. А темнината нема суштина, туку е случајност, претпоставувајќи отсуство на светлина, зашто воздухот нема светлина во својата суштина. Тоа отсуство на светлината во воздухот Бог го нарекол темнина. Темнината, значи, не претставува суштина на воздухот, туку лишување од светлината, што укажува на случајност, а не на суштина. И не е прво повикана во постоење ноќта, туку денот, според тоа прво е ден, а потоа ноќ. Значи, ноќта следува по денот, и од почетокот на еден до почетокот на друг ден е едно деноноќие, зашто Писмото вели : И би вечер, и би утро - ден први.
Според тоа, првите 3 дена, благодарение на Божествената заповед светлината да се разлева и да гасне, денот и ноќта следувале еден по друг. А 4от ден Бог го создал големото светило, односно Сонцето, за да биде почеток на денот и да управува со него; зашто ден е тогаш кога Сонцето е над Земјата, а траењето на денот е сончевата патека над Земјата од неговото изгревање до заоѓање ; и ги создал помалите светила, односно Месечината и ѕвездите, за да бидат почеток на ноќта и да управуваат со неа и да ја осветлуваат. Ноќ е кога Сонцето е под земјата, а траењето на ноќта е сончева патека под Земјата од заоѓањето до изгревот.
 
Префриганиот!

(Простор за Реклама)
Член од
16 декември 2007
Мислења
1.203
Поени од реакции
73
одамна сакав да пишам за ова, но немав храброст, значи едноставно... ја губам вербата во бог, незнам зошто и се осеќам немирно што значи сеуште длабоко верувам и ми е гајле, но имаше некој случувања во мојот живот што ме натераа на ова, пред 10 години почина таткоми, имав дилеми, зошто мене, зошто толку млад, зошто баш него... потоа почина тетками(сестраму од таткоми) пред 3 години, и тоа беше уште еден трагичен момент во мојот живот, и неможев да престанам да размислувам како им е на баба и на дедо и колку се тажни, после 1 година почина и дедоми од тага... едноставно неможеше да го поднесе сето тоа, и легна во постела и умре, и јас останав само со мајками сестрами и бабами..... и како да верувам во бог, кога толку многу лоши работи ми се десија, а ниту сме убиле некого или сме направиле некаков грев, едноставно овие евенти ме облиукуваа како човек со слаба верба во господ и сеуште неможам да најдам одговор за сите работи кој ми се десија во животот, и зошто баш мене......... незнам како да постапам да ја вратам верата, едноставно има премногу тага во мене што едноставно несака да верувам во господ затоа што не треба да остава да се дешаваат вакви работи...
чекам одговор ..
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
EVE TI ODGOVOR....NEMA GOSPOD...posto da imase prvo ke nemase smrt a ke nemase ni zlo ni pakost ni sve ova sto ima, znaci eve tebe zivotot ubavo ti pokazal...Brzu doaga Sudbinata i ti pokazuva koj e koj a koj sme nie so nasite zelbi nisto i nasata nadez ne e nisto osven Ironija na Sudbinata so koja taa ni se podsmeva...
Prirodno e da sakas da gi vidis tvoite bliski povtorno i od tamu da ja izveedes verata vo Vecen zivot po smrtta...no bez nikakvi dokazi i drugo toa kazuva deka realnite religii nemaat nikakva smisla, bogovite i verite se menuvaat i ovie sega ke bidat zamenetti so drugi, kako sto drevnite religii i bogovi bile zameneti so ovie...
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
чекам одговор ..
Да веруваш кога се' ти е подмачкано е ОК, ама да не ја изгубиш вербата при таква загуба, тоа е подвиг.
Одговор на вакво прашање не може да се даде со два-три збора или реченици. Мислам дека одговорите на сите твои прашања можеш да ги најдеш во книгата „Зошто страдаме“ (на авторот не ми текнува). Верникот во својот пат доживува и паѓања, а тоа не е страшно. Страшно е да останеш во падот, да не станеш. Затоа, никако немој да ја губиш вербата, наградата доаѓа на крајот.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Велат чудни се патиштата господови. Точно е дека сммрта секогаш ја доживуваме како нешто најстрашно и се разбира како казна. Ти самиот рече за дедо ти дека легнал во постела и заминал. Велат сммрта доаѓа тогаш кога сме подготвени за неа. Животот е лекција за душата и таа е овде се додека треба нешто да научи , да заврши. Секој заминува тогаш кога треба, а богами никој не останал вечно овде.Тие го одживеале овој живот и нивните души продолжиле понатаму. Немој нивната смрт да ја разбираш како казна твоја или нивна, тоа нека биде искушение за твојата вера. Читав една супер книга Иницијација- накратко детето и беше многу болно и жената беше очајна(нормално) но имаше невидена вера кога свесно му го понуди на Бога животот на детето-ако веќе му дошло времето нека замине но со помалку страдање. Е тоа е вера, во најголема мака и страдање да го пронајдеш патот, а не да колнеш над судбината, зошто мислејќи на казна сам се камшикуваш.
одамна сакав да пишам за ова, но немав храброст, значи едноставно... ја губам вербата во бог, незнам зошто и се осеќам немирно што значи сеуште длабоко верувам и ми е гајле, но имаше некој случувања во мојот живот што ме натераа на ова, пред 10 години почина таткоми, имав дилеми, зошто мене, зошто толку млад, зошто баш него... потоа почина тетками(сестраму од таткоми) пред 3 години, и тоа беше уште еден трагичен момент во мојот живот, и неможев да престанам да размислувам како им е на баба и на дедо и колку се тажни, после 1 година почина и дедоми од тага... едноставно неможеше да го поднесе сето тоа, и легна во постела и умре, и јас останав само со мајками сестрами и бабами..... и како да верувам во бог, кога толку многу лоши работи ми се десија, а ниту сме убиле некого или сме направиле некаков грев, едноставно овие евенти ме облиукуваа како човек со слаба верба во господ и сеуште неможам да најдам одговор за сите работи кој ми се десија во животот, и зошто баш мене......... незнам како да постапам да ја вратам верата, едноставно има премногу тага во мене што едноставно несака да верувам во господ затоа што не треба да остава да се дешаваат вакви работи...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
чекам одговор ..

Монасите би рекле: „...Ако сакаш да видиш што е животот, оди почесто во болници и на гробишта...„. Да, тоа е она кое неизбежно не чека сите нас. Како опозит на тешкотиите од реалното живеење, го имаш овој марксистичко-дарвиновско-сциентистички невиден оптимизам, кој, наметнат преку модерниот образовен систем, и Тебе, но и на сите нас, ни ги нуди иделошките предрасуди за „...поубавата иднина...„.

Затоа, Црквата учи дека смислата на нашево битисување на Земјава не е во конформизмот и во хедонизмот, туку во доживотната подготовка за живеењето не во овој отпаднат Свет, туку за бесконечното живеење во Царството Небесно, за кое не покани и не повика Христос Богочовекот.

Законот на смртта е неизбежен и не чека сите, но битно е и тоа, да бидеме подготввени и за тој настан. Смртта е страшна, тоа го велат и богословите, но смртта уште потешко се прифаќа, ако кон неа „отидеме„ без вера во вечниот живот.

Ако смртта од твоите ближни ја прифаќаш крајно емотивно, тогаш, исто како да си ја прифатил смртта како конечен крај, после кој „..нема ништо...„ Тоа е маловерие, на кое постојано не наведува лукавиот.

„...Држи го умот во адот и не очајувај...„ му советува Господ на монахот Силуан.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Законот на смртта е неизбежен и не чека сите, но битно е и тоа, да бидеме подготввени и за тој настан. Смртта е страшна, тоа го велат и богословите, но смртта уште потешко се прифаќа, ако кон неа „отидеме„ без вера во вечниот живот.
***
„...Држи го умот во адот и не очајувај...„ му советува Господ на монахот Силуан.
Смртта е најприроден феномен. Се' што се раѓа - умира. Нема ништо посебно волшебно во смртта. Тоа што човекот има фрки, тоа е друг муабет. Колку побрзо прифатиш дека смртта е природен крај, толку побрзо ќе можеш да се посветиш на вистинско живеење на животот кој ти е еден и единствен

Не губи драгоцено време мислејќи на пеколот кој е чиста измислица!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа е саде твој „куќен„ став, бескорисен во реалното живеење, небаре сам Дарвин или Маркс Ти го дошепнале.

Третирањето на смртта како „конечен крај„ после кој „нема ништо„ е обично самозалажување, кое го покрива личното гревовно однесување и на таквите поединци, им сугерира немање осет за одговорност и осет за отчет за потрошеното време и енергија од својот живот.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Абе пеколот е измислица ама и животот е еден е измислица.
Пошто ако е еден не е воопшто вреден.
Вредни се ако се повеќе.:helou:
Светот не е логичен туку дијалектичен.
 
Тоа е објективен став на човекот и е единствениот корисен став во реалното живеење. Производ е на рационалното размислување и светоглед.

Личното гревовно однесување верниците го покриваат со молитви и покајание пред замисленото (љуто и осветољубиво) другарче. Отчетта ја имаш само пред себе самиот. Каква било друга доктрина (рај/пекол) е бегање од лична одоговрност за своите постапки.

За све што ќе направиш во животот си самиот одговорен. Не го криви господ.

--- надополнето ---

Абе пеколот е измислица ама и животот е еден е измислица.
Пошто ако е еден не е воопшто вреден.
Вредни се ако се повеќе.:helou:
Светот не е логичен туку дијалектичен.
Епа убиј се, ако е животот измислица. Што ку* го тепаш џабе времето.

Еден е, и колку побрзо го сфатиш тоа, толку повеќе време ќе ти остане да направиш нешто корисно со него.
„Логичен“ не исклучува „дијалектичен“, мали.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Епа убиј се, ако е животот измислица. Што ку* го тепаш џабе времето.

Еден е, и колку побрзо го сфатиш тоа, толку повеќе време ќе ти остане да направиш нешто корисно со него.
„Логичен“ не исклучува „дијалектичен“, мали.
Ја сум вечен како да се убијам ?
И логичен и дијалектичен.....крава и козметика.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа е објективен став на човекот под.

„...Објективен став на човекот?...„. Ај прочитај си ја реченицава уште еднаш: како може субјектот да има објективен став?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Епа убиј се, ако е животот измислица. Што ку* го тепаш џабе времето.

Еден е, и колку побрзо го сфатиш тоа, толку повеќе време ќе ти остане да направиш нешто корисно со него.
„Логичен“ не исклучува „дијалектичен“, мали.
И не мислев дека животот е измислица.
Туку дека реченицата - "животот е еден" e измислица.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom