(И сега се обидувам да направам слика како Христијани, со крст на гради, истребуваат Инки, Маи, Ацтеки... во името на бог, па Крстоносци во Ерусалим... па лов на вештерки и научници за да се зачува пишаното во Библијата и да се отстранат демоните кои носат чума... па сите млади хомосексуалци кои си го одзеле животот зошто не можеле да најдат компромис меѓу својата душа и она што некој се договорил дека ќе биде така...)
Би сакал да дадам едн добронамерна забелешка дека инквизицијата и сите останати пародии што ги правела институционилизираната ткн. "црква" воопшто не било заради зачувувањето на запишаното во Библијата, од едноставна причина што сети тие гадости што ги правела се вонбиблиски и дијаметрално спротивни на учењето на Исус Христос.
Поздрав
--- надополнето ---

Значи, да заклучам: сосема е извесно дека Откровение е општоприфатен дел од Библијата, како резултат на договор. Можеле и да не се договорат.
Изведувањето на твојот заклучок е логички доследен, но сметам дека е погрешен затоа што се базира на погрешен извор. Ти тргнуваш од претпоставката дека MIKI1 кажа вистина.
Како што кажав погоре Атанасиј уште во 367 година ги набројал сите денешни книги од Библијата како канонски.
Откровението по Јован било прифатено од христијаните уште од самиот почеток. Тоа било напишано кон крајот на првиот век и цитирано или спомнато како канонско од ранохристијанските писатели (Валентиј, Јустин, Иринеј, Клемент, Тертулијан, Ориген, Атанасиј веќе го спомнав), потоа истото се наоѓа и во Муратовиот фрагмент, во кодексот Синатикус, во Вулгатата итн. Тоа што подоцна Константиновата институција (ткн. "црква") си играла играчки со оваа библиска книга, тоа воопшто не ја тангира и самата книга, ниту пак нејзината автентичност и веродостојност.
Што се однесува до "евангелието по Тома", само канонските евангелија се напишани во 1 век. Сите останати (апокрифи, фалсификати) се напишани подоцна или многу подоцна. Конкретно за евангелието по Тома се шпекулира кога е напишано, но најраното датирање му е 150г. т.е. годината кога сите апостоли и очевидци на Исус биле мртви. Значи кој и да бил, сепак станува збор за писател кој информациите ги добивал најмалку од 2ра, 3та, 4та или 10та рака.
Понатаму стилот на пишување е гностички, што пак е доказ дека е пишувано од некој гностик. Исусовите ученици не биле гностици.
Понатаму, тоа квази-евангелие не е цитирано, ниту спомнато, од ранохристијанските писатели, освен од Ориген и Евзебиј кои го спомнуваат како еретичко евангелие.