Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Нормално дека сум чул! Змијата на Сумерите. Кај египќаните еквивалент на Тијамат е Нуит.

Таа била водена планета, сега е Куперов појас.
Дел од таа вода би дошол можеби на планетава земја.
 
zs hristijanite ko ke poglednat nekoja crkva, obicno koga se vozat so kola se krstat?
не сите христијани го прават тоа. ... сепак, од личчни искуства и не така посредни впечатоци, можам слободно да кажам дека некои од нив тоа го прават дека...







...не внимаваат на патот.

ако се совесни христијани, ќе внимаваат на себе (да не се самоубијат) и на сопатниците (да не ги убијат) и ќе си ја возат колата. како секој нормален човек.
вака, се замараат со тоа колку се грешни (пошто по дифолт се грешни, нели) и си викаат: абе, да се прекрстам ја, а? ...за секој случај?

...и ќе се прекрстат.

и така...
 
Тоа ми е зборот евреите си го превземале како обична вода, а всушност тоа е исконска(првобитна) вода (primeval waters).
 
Каде оди душата кога човек ке почине, значи временскиот период после смртта на човекот и Христовото доаѓање?
 
Каде оди душата кога човек ке почине, значи временскиот период после смртта на човекот и Христовото доаѓање?
Никаде. Чека суден ден. Таму мора да е многу тесно.
 
Никаде. Чека суден ден. Таму мора да е многу тесно.

Е ајде веќе тој суден ден, нека доаѓа што поскоро, и ние живите заедно со почитаните да се воздигнеме кон небесата... ова де... кој каде заслужил :)
Навистина, официјален став на Црквата е дека по смртта дшата го чека враќањето на бог на Земјата, за праведните да ги воскресне за во рајот, а грешните за во пеколот?
Хех, и они да биле искрени до некаде. Не можеле да лажат дека по смртта душата веднаш оди некаде, а?

Туку јас за друго дојдоФ да ве опитам:
Кој е ставот на источната црква во врска со лансирањето ракети и живот на други планети?
 
Каде оди душата кога човек ке почине, значи временскиот период после смртта на човекот и Христовото доаѓање?

Накратко:

1. 40 дена по смртта, душата човекова го минува поединечниот суд, каде на душата и се пресметуваат сите добри и лоши дела, запишани од ангелите и од демоните.
2. На 3-от, 7-от (9-от) и 40-от ден, душата ќе Го види и ќе Му се поклони на Христа Богочовекот.
3. После 40-от ден, душата добива привремен престој, зависно од верата и делата, или во Рајот или во пеколот и таму останува се до второто Христово доаѓање и Неговиот страшен Суд.

--- надополнето ---

Туку јас за друго дојдоФ да ве опитам:
Кој е ставот на источната црква во врска со лансирањето ракети и живот на други планети?

Нема посебен став, ниту има потреба од посебе став. Тоа се активности од световните луѓе и мудреци, кои се откажаа од својот Творец па се впуштија во барање живот таму каде никогаш го немало. Типично утописки потфат е тоа...
 
Накратко:

1. 40 дена по смртта, душата човекова го минува поединечниот суд, каде на душата и се пресметуваат сите добри и лоши дела, запишани од ангелите и од демоните.
2. На 3-от, 7-от (9-от) и 40-от ден, душата ќе Го види и ќе Му се поклони на Христа Богочовекот.
3. После 40-от ден, душата добива привремен престој, зависно од верата и делата, или во Рајот или во пеколот и таму останува се до второто Христово доаѓање и Неговиот страшен Суд.
Каде го пишува ова?
 
Го пишува во православниот катихизис. За сите детали од претходно кажаното, ако не ти е проблем и ако те замина, погледни во книгата „Голем е Бог„ од романскиот монах Клеопа.
 
Го пишува во православниот катихизис. За сите детали од претходно кажаното, ако не ти е проблем и ако те замина, погледни во книгата „Голем е Бог„ од романскиот монах Клеопа.

Значи, освен Библијата, релевантни ви се и списи од монаси?

Инаку, поповите при секоја умирачка го читаат Евангелието по Јован, па верувам мнозината од вас знаат дека:
Вистина, вистина ви велам дека доаѓа час - и веќе е тука - кога мртвите ќе го чујат гласот на Божјиот Син, и кои ќе го чујат, ќе живеат.
Не чудете се на тоа, зашто доаѓа час во кој сите, кои се во гробовите, ќе го чујат Неговиот глас
и ќе излезат од нив, кои правеле добро, ќе воскреснат за живот; а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување.
Јован 5.

Зашто ова ви го кажуваме преку словото на Господа, дека ние, кои живееме и остануваме до Господовото доаѓање, нема да отидеме пред оние кои умреле;
зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво.
Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа.
Солунјани 1.
 
Каде оди душата кога човек ке почине, значи временскиот период после смртта на човекот и Христовото доаѓање?

Според христијанското (библиското) учење:
Ако душата поверувала во Христос и на тој начин се ослободила од гревовите, тогаш таа душа оди дирекно во Божјото царство.
Ако пак душата не се помирила со Бог, тогаш заради своите гревови таа не може да отиде кај Бог и оди во Подземјето (Шеолот) каде што го чекаат своето воскресение и потоа Божјиот суд.
 
Го пишува во православниот катихизис. За сите детали од претходно кажаното, ако не ти е проблем и ако те замина, погледни во книгата „Голем е Бог„ од романскиот монах Клеопа.

Значи, адендум некаков. Не е од Библијата и не е муабет од Исус или останатите му 2 аспекти, туку „толкување“ од световен човек, не?
 
Значи, освен Библијата, релевантни ви се и списи од монаси?

Инаку, поповите при секоја умирачка го читаат Евангелието по Јован, па верувам мнозината од вас знаат дека:

Освен Библијата, или како велиме, Светото Писмо, релевантно е и Светото Предание, кое не е завршена книга, туку „материјал„ кој непрекидно се дополнува преку животот од Црквата. Наведената книга и нејзиниот автор, практично се дел од Светото Предание.

--- надополнето ---

Значи, адендум некаков. Не е од Библијата и не е муабет од Исус или останатите му 2 аспекти, туку „толкување“ од световен човек, не?

Не, не е од Библијата, а претходно напишав од дека е. Во Библијата, само е назначен начинот на кој треба да се ослободиме од гревовите и патот кој треба да го помине душата човекова, а кои се точно прецизирани во искуствата и записите од живата Црква. За православните рисјани, Светото Писмо не е самодоволно за (наш) влез во Рајот.
 
Освен Библијата, или како велиме, Светото Писмо, релевантно е и Светото Предание, кое не е завршена книга, туку „материјал„ кој непрекидно се дополнува преку животот од Црквата. Наведената книга и нејзиниот автор, практично се дел од Светото Предание.

--- надополнето ---



Не, не е од Библијата, а претходно напишав од дека е. Во Библијата, само е назначен начинот на кој треба да се ослободиме од гревовите и патот кој треба да го помине душата човекова, а кои се точно прецизирани во искуствата и записите од живата Црква. За православните рисјани, Светото Писмо не е самодоволно за (наш) влез во Рајот.

хммм... а како знаете дека монахот што ја воведува догмата е навистина во право. Мислам, од каде знаеш дека Исус (или господ, како сакаш) навистина ги чува душите - ово-оно- баш како што вика попов. Мислам, од каде знае он? Господ ли му кажал, на сон ли сонил, или напорно работел па некако заклучил самиот дека задгробниот живот токму така тече?!?!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom