- Член од
- 15 октомври 2010
- Мислења
- 835
- Поени од реакции
- 155
Црквата ја слави неделата, ама дали така вели Господ? Велиш точно толкување на законот имала само црквата. Еми што е толку тешко да се истолкува ова1. Точно толкување на Законот/законите и на Писмото, го има само Црквата/заедницата. Црквата потврдува дали нешто „е„ или нешто „не е„. Секое приватно и своеглаво толкување на она кое е веќе истолкувано, опасно е...
2. Христијанин е само оној поединец, кој Го исповеда Христа Бога за свој Бог и Спасител, а кој веодно е член/дел од Црквата, која е тело Христово. Ниту еден поединец, кој седи дома, чита Свето Писмо и не е дел од Црквата, не е христијанин, но може саmиот себе да се лаже дека е христијанин колку сака...
3. Што е јасно и недвосмислено кажано во Писмото?
Еве ти една нејаснотија: Црквата ја слави неделата за ден за одмор, за ден Божји, а на форумов имаш членови, кои велат дека Христос одредил славење на саботата, иако тоа Он никаде не го кажал. Кој е во пrаво: Христос или Црквата?
8 Помни го саботниот ден, за да го осветуваш.
9 Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи.
10 А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти.
11 Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и се; што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден.
Има овде нешто скриено што само црквата може да го види? Каде црквата ја виде овде неделата? Дај објаснете.