Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да, во радовишкиот храм „Света Троица„ навистина е фрескописан ликот од спонзорот/ктиторот на храмот и неговото потесно семејство, лично имам видено. Се работи за т.н. ктиторско право, кое го објасни владиката Горазд, во едно негово учество во емисијата посветeнa на Полошкиот манастир. Според тоа право, ктиторот може да биде фрескописан на ѕид од храмот (како кралот Марко во Сушица. познатиот Марков манастир), но ктиторот не може да носи ореол за светост, оти е жив и дарежлив кон Црквата. А дали ктиторот ќе биде титулиран за „свет„ после неговата смрт, тоа е друга тема.

Значи, не е икона во прашање, туку ѕидна слика-фреска. Икони се издаваат само со ликови од Светии, од Мајката Божја и од самот Господ Бог.
 
Прашање:

Освен во Евангелијата и другите делови на Новиот завет, има ли други небиблиски историски извори кои го опишуваат животот на Исус Христос?

Побарај ги книгите "Хирамовиот клуч" и "Вториот месија" Од Кристофер Најт и Роберт Ломас.
Хирамовиот клуч го голтнав за три дена :) Извонреден труд. Бидејќи е издадена 1997, мислам дека некои делови од неа се искористени во Цајтгајст.

Обиди се да ја најдеш книгата „Христос„ од отец Александар Мењ, мислам дека е издание од „Ѓаконија„.
Благодарам, ама мислев на нецрковни извори.

Прашање:
Дали концептот за Христос (раѓање од девица, распнување, воскреснување) постоел кај некои богови претходно, или станува збор за оригинален?
 
Хирамовиот клуч го голтнав за три дена :) Извонреден труд. Бидејќи е издадена 1997, мислам дека некои делови од неа се искористени во Цајтгајст
Се согласувам, прочитај ја и "Вториот месија" одлично се надополнуваат!
Овие две книги даваат објаснување на многу работи, но во исто време и ја рушат валидноста на христијанството па токму затоа и покрај аргументите многумина се обидуваат да ги дискредитираат и прикажат како невалидни. Но времето ќе ја покаже нивната валидност, кога конечно ќе биде дозволено ископувањето под рослинската капела, верувам дека вистината ќе излезе на виделина.
 
Благодарам, ама мислев на нецрковни извори.

Прашање:
Дали концептот за Христос (раѓање од девица, распнување, воскреснување) постоел кај некои богови претходно, или станува збор за оригинален?

1. Обиди се да ја најдеш книгата „Историја на Црквата„ од Евсевиј Кесаријски. Не ја гледам логиката по која нецрковни луѓе би ја пишувале историјата од Цркавта или би пишувал за Богочовекот, а притоа да не се дел од Црквата. Црквата е интересна само за воцрковените личности, а за световните луѓе, Црквата е предмет на напади, критики, исмејувања...

2. На форумов и на слични форуми, имаш подоста форумџиии со изложени „докази„ со кои сакаат да постават паралели меѓу, на пример, троичноста Божја и некои паганско-идолопоклонички религии од историјата или религии кои и денес постојат.


Концептот, како велиш, е навистина оригиналел во се, и досега неповторен, оти не ни има потреба од повторување. Секое изложување доказ(и) со кој некој сака да покаже дека „...такво нешто веќе се случило...„, ќе биде само површен доказ за таквата сличност, оти подлабоката анализа и споредба, може лесно да ја покаже неповторливоста на она кое се случило во евангелските записи, а кои (настани) се претскажани во Стариот Завет.
 
Дали концептот за Христос (раѓање од девица, распнување, воскреснување) постоел кај некои богови претходно, или станува збор за оригинален?
Станува збор за концепт, според кој дејствува Бог. Сите предходни примери се само знаци, показатели, насочувачи кон Христос.
Ова се докажува преку кабалистичките и општо, херметичките поставки, многу постари од она што го викаме Христијанство: тримегистовиот закон, Дрвото на Животот...
 
Станува збор за концепт, според кој дејствува Бог. Сите предходни примери се само знаци, показатели, насочувачи кон Христос.
Ова се докажува преку кабалистичките и општо, херметичките поставки, многу постари од она што го викаме Христијанство: тримегистовиот закон, Дрвото на Животот...

Ако мислиш на исус(или Исус ако сметате дека е сопствена именка), грешка си! Насочуваат кон христос (на грчки, на арамејски погледни што значи, или во некои други книги), но не кон некој си евреин Исус, или пак исус како нешто друго кое го застапуваат рисјанските мистици!

Liberаtion, постојат постари концепти од рисјанските. Ништо оригинално. Но не значи дека ако не е оригинално, дека не го надополнува и подобрува старото.
Но во овој случај... ќе оставиме делата да зборуваат!
Истите сказни. Истите симболи. Но најбитно е значењето на тие симболи. Една приказна, милиони значења! Дали се добро разбрани симболите е друга приказна.

П.С. Со еврејски пракси ништо рисјанско не може да се докаже. Она што може да се докаже во рисјанската вера е она чистото, земено од еврејските закони и пракси, и од уште постарите пракси, но понатаму, сето тоа е искасапено низ мрачните векови на христијанската мисла и е премногу далеку од идејата за Бог и спасување на духот како што е да дено во законите.
Да не мешаме жаби и заби :smir:
 
ѓаволот е лукав и може да звучи многу убедливо. Не се откажат од Исус заради лагите на ѓаволот.
 
Прашање:
Дали концептот за Христос (раѓање од девица, распнување, воскреснување) постоел кај некои богови претходно, или станува збор за оригинален?
Најдобро посочува тебалева:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?36990-%D0%9D%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%98-%28%D0%B4%D0%B5%D0%BD%29-%D0%B4%D0%B0%D1%82%D1%83%D0%BC-%D0%B1%D0%B8%D0%BB-%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%BD%D0%B0%D1%82-%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%81&p=2474805#post2474805

--- надополнето ---

ѓаволот е лукав и може да звучи многу убедливо. Не се откажат од Исус заради лагите на ѓаволот.
Тоагаш не е ли можно, кога е толку убедлив да успеал во очите на останатите да биде Јехова, Алах, Јахве....?? Неговите лаги успеале да ги убедат луѓето дека е можно да се родиш грешен, и целиот живот да му удоволуваш и да му ја храниш суетата! Не е ли тоа најлукавото нешто?! - http://forum.kajgana.com/showthread...-Дали-постои&p=3784758&viewfull=1#post3784758

http://forum.kajgana.com/showthread...-Дали-постои&p=3788322&viewfull=1#post3788322
 
Ако може да прашам зошто рисјаните се дрзнале да стават интерпукциски знаци и да го контролираат текот на мислата во стариот завет, кога во книгите на мојсеј нема никакви прекини ни точки ни запирки?

Зошто тие точки и запирки во Битие на пример?

http://www.hebrewoldtestament.com/B01C001.htm
http://www.mkbible.net/biblija/index.php?Bitie 1

За споредба!
А да и слободно видете ги различните преводи кои некој неук ќе ми каже дека исто сепак кажуваат! Да да, рече лукавиот и си продолжи кон наредната раскрсница!
 
Која е границата меѓу буквалното значење и примена на Законот и Писмото во споредба со нечие толкување?
Дали е христијанин оној кој не ги почитува светите зборови јасно напишани во писмото?
Оној кој не постапува како што е јасно и недвосмислено заповедано во Писмото?
 
1. Точно толкување на Законот/законите и на Писмото, го има само Црквата/заедницата. Црквата потврдува дали нешто „е„ или нешто „не е„. Секое приватно и своеглаво толкување на она кое е веќе истолкувано, опасно е...

2. Христијанин е само оној поединец, кој Го исповеда Христа Бога за свој Бог и Спасител, а кој веодно е член/дел од Црквата, која е тело Христово. Ниту еден поединец, кој седи дома, чита Свето Писмо и не е дел од Црквата, не е христијанин, но може саmиот себе да се лаже дека е христијанин колку сака...

3. Што е јасно и недвосмислено кажано во Писмото?

Еве ти една нејаснотија: Црквата ја слави неделата за ден за одмор, за ден Божји, а на форумов имаш членови, кои велат дека Христос одредил славење на саботата, иако тоа Он никаде не го кажал. Кој е во пrаво: Христос или Црквата?
 
^ Да да, опасно е да се мисли со своја глава и луѓето не треба да ја читаат Библијата кога црквата одредува што пишува во Библијата а што не.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom