Македонски Идол

Статус
Затворена за нови мислења.

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.141
Поени од реакции
5.894
Ај и ја едно review да пишам...

1. Јана - Не беше лоша, ама пак згреши бе у пм. Сеа за среќа не го заборави текстот, ама опна фалш до немајкаде...
2. Дејан - Погрешен избор на песна. Убаво му замерија жирито дека подобро да го пееше Владо Јаневски. "Црно Тиквешко" ја испеа стварно добро, а од тогаш напредна бајаги, така да сеа сигурно ќе испееше уште подобро. Не дека и "По Навика" ја испеа лошо, ама се распеа дури на вториот дел. Ме нервираше тоа негово длабоко "O" на почетокот на песната што го пееше, ама тоа е...
3. Мики - Убаво од него што си ја испеа песната на свој начин, ама далеку е од изведбата на Владо Јаневски. Мики има прегруб глас за вакви песни.
4. Билјана - Пишав и дур пееше - се чудев дали е до тонот од А1 или Билјана пее очајно, ама испадна второво. Стварно катастрофално ја испеа песнава и заслужено си испадна.
5. Иван - Не ја приметив грешката што ја направија, ама знам дека Иван испеа супер. Еве сега пак го прегледувам концертот и се гледа дека бендот згреши акорд, ама не е битно - Иван беше топ. Многу дебилен момент беше кога Игор рече "Иван ти вечер не заслужуваш аплауз, тоа го заслужува бендот". Браво за публиката што му викаше "Уааа".
6. Виктор - Едноставно - перфекција. Стварно го бива детево и си заслужува да победи. Жирито колку сака нека го кења, ама сите знаеме дека не се во право. Делат комплименти кога не треба и на погрешни луѓе наместо да критикуваат. Тапа се. Игор поготово вчера се изглупира до даска. За сите кандидати.

Е сега дуетите. Мислам дека ова беше најперфектното нешто што се десило досега на големиве концерти. Кој од кој беше подобар. Дејан и Билјана одлично почнаа и се извадија послем грешките на соло (особено Билјана), Иван и Јана беа ко права копија во гласовите на Џон и Оливија, а Виктор и Мики - јаготка на шлагот. Мислам дека намерно ги оставија последни за да не' спремат нас гледачите за тоа што може да очекуваме од нив 2ца во финале, кога ќе се сретнат гради во гради (пошто очекувам они да бидат во финале).

Друго, ова била најлошата гала во поглед на организација од страна на А1. Убаво што ги пуштиле кандидатите да си одат некој ден дома, ама тоа што го снимале беше апла вештачко. Единствен добар дел беше кога дедо му на Виктор збореше дека он кога пеел на времето се слушало 5 километри, а денешниве пејачи ако пејат без појачало нема да се слуша ни во собата :pos:
Исто така многу fail момент беше со палмите.

Иначе веќе реков, заслужено си испадна Билјана. Премногу арогантна беше последниве неколку гали, а очајна во пеењето. Во понеделник очекувам да испадне Јана, или евентуално Дејан. Како и да е, на крај ќе останат Иван, Мики и Виктор, а во финале веќе реков очекувам да се Виктор и Мики.

Ќе биде интересно :)
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Вчера малку го загледав идолот да видам што толку ги фалите за гласовните можности и тотално се разочарав. Сум гледал идол во неколку европски земји и овој нашиот е каде каде послаб според квалитетот и гласовните можности на кандидатите. Не сме виделе подобро па ова ни се чини некој врв а е далеку од навистина добро пеење или профи сценски настап. Дури и Виктор што толку го фалите не е нешто посебно и знае и да завие како и да промаши тон ама другите се уште полоши освен Мики кој успеа солидно да испее но ниеден не е сеуште на ниво за навистина успешна профи кариера.

Организавијата на А1, бината и водителите со нивните финти се на ниво на селски настан споредено со тоа што сум видел во другиве земји. Сепак тоа ни е нивото па ќе се задоволиме и ќе се преправаме дека е се феноменално и дека и ние имаме идоли за трка :).
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434

Абе ајде...ти прво види ја македонската естрада и спрема тоа давај оцени ,тоа е само еден показател,а кои ти европски идоли правиш моабет ???
Наши си се ,супер се сите,во каква држава и во какви услови во државата се борат да направат нешто јас им симнувам капа а ти пријави се следната сезона да те видиме колку знаеш повеќе од нив па ако треба ке ти се поклониме јавно..
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.141
Поени од реакции
5.894
Вчера малку го загледав идолот да видам што толку ги фалите за гласовните можности и тотално се разочарав. Сум гледал идол во неколку европски земји и овој нашиот е каде каде послаб според квалитетот и гласовните можности на кандидатите. Не сме виделе подобро па ова ни се чини некој врв а е далеку од навистина добро пеење или профи сценски настап. Дури и Виктор што толку го фалите не е нешто посебно и знае и да завие како и да промаши тон ама другите се уште полоши освен Мики кој успеа солидно да испее но ниеден не е сеуште на ниво за навистина успешна профи кариера.

Организавијата на А1, бината и водителите со нивните финти се на ниво на селски настан споредено со тоа што сум видел во другиве земји. Сепак тоа ни е нивото па ќе се задоволиме и ќе се преправаме дека е се феноменално и дека и ние имаме идоли за трка :).
Никој не се преправа дека се' е феноменално. Свесни сме ние за грешките и редовно ги потенцираме, ама мора да се има во предвид дека ова е прва сезона. Што значи - и не е толку лошо. Шоуво е доста гледано, особено е мега популарно кај помалите, но и останатите бајаги го гледаат. Јас бидејќи го пратам идолов уште од српската верзија, знам дека и они и бугарите имаа подобра организација на идолов. Ама што е - тоа е. Да се надеваме дека догодина ќе биде подобро и дека ќе се пријават уште подобри вокали. Бидејќи реално гледано - шоуво не го сфатија доволно луѓе за сериозно на почетокот. Ама кога видоа дека успеа шоуво - сигурно им е криво што не се пријавиле.
 
V

Viktor g

Гостин
Оној Виктор колку исфалшира на сонце не ме грее ко сега да почнал да пее првпат а не да е во најдобри 6. Мислам дека ќе победи токму Виктор затоа што сите се воодушевени од тоа колку бил убав а каде е способноста за пеење? Мики е одличен вокал малку не му лежеше песната требало да земе нешто друго мислам дека во пеење Мики нема конкуренција таму
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Доколку има втора сезона, и јас мислам дека ќе се пријават многу квалитетни вокали кои го пропуштија овој пат.
За Виктор, мислам дека пее многу добро. Ќе биде најголема ѕвезда од идолите.
 
Дечкото нема поима од пеење добива поени на тоа што е убав инаку што судиите обично во ваквите шоау треба да се строги кон натпреварувачите и тоа не треба да не чуди
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Никој не се преправа дека се' е феноменално. Свесни сме ние за грешките и редовно ги потенцираме, ама мора да се има во предвид дека ова е прва сезона. Што значи - и не е толку лошо. Шоуво е доста гледано, особено е мега популарно кај помалите, но и останатите бајаги го гледаат. Јас бидејќи го пратам идолов уште од српската верзија, знам дека и они и бугарите имаа подобра организација на идолов. Ама што е - тоа е. Да се надеваме дека догодина ќе биде подобро и дека ќе се пријават уште подобри вокали. Бидејќи реално гледано - шоуво не го сфатија доволно луѓе за сериозно на почетокот. Ама кога видоа дека успеа шоуво - сигурно им е криво што не се пријавиле.
Се согласувам со пишаново, така си е :). Мене ми засмета толкавото дување на кандидатите небаре се некои мега таленти кога не се споредено со тоа што веќе сум имал прилика да видам на европски рамки. Ок се дечките и девојките ама сепак да бидеме реални за нивните способности и квалитет, барем во овој момент. Ако некој од нив се подобри со тек на времето тогаш и јас ќе сменам мислење :).

За организацијата не сум претеран оптимист бидејќи сме докажани дека сме слаби за организација на вакви спектакли а водителите секогаш ни биле рак рана.

Сепак и јас се надевам дека со тек на времето шоуто ќе го подобрува квалитетот и ќе се доближи до некои светски стандарди од ваков тип.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.141
Поени од реакции
5.894
Дечкото нема поима од пеење добива поени на тоа што е убав инаку што судиите обично во ваквите шоау треба да се строги кон натпреварувачите и тоа не треба да не чуди
Многу си грешка друже... Еве ти видео од неговата прва аудиција и неговиот најдобар настап, па ти види колку знае или не знае да пее

Не ми е јасно што беше работатa со тоа? Хелп? :)
Фанови на Иван од Гевгелија донесоа палми и им ги дадоа на жирито и на водителите. Целиот момент личеше на делење медали на специјална олимпијада :tapp:
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Дечкото нема поима од пеење добива поени на тоа што е убав инаку што судиите обично во ваквите шоау треба да се строги кон натпреварувачите и тоа не треба да не чуди
Оти бе вакви глупости траскаш од чиста љубомора, и знај да пеј и убав е и висок и ѕвер е во телото. Незнам како можи толку да ви ја компромитира самодовербата една јавна личност до ваков степен на хејтеризам. Подобар и поуспешен е од тебе во секој сегмент од животот и то треба да го прифатиш ти, не е ништо за инает твој напраено. Ко ќе го прифатиш тој медиокритет кој во суштина си, вервај ме дека ќе се осетиш многу подобро, вакво засмрдување со провидни љубоморни прдежи никако нема да ти поможи.
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Дефинитивно Мики е најдобар. И он ако не победи ќе бидам разочаран. Навистина заслужува.
 
V

Viktor g

Гостин
Оти бе вакви глупости траскаш од чиста љубомора, и знај да пеј и убав е и висок и ѕвер е во телото. Незнам како можи толку да ви ја компромитира самодовербата една јавна личност до ваков степен на хејтеризам. Подобар и поуспешен е од тебе во секој сегмент од животот и то треба да го прифатиш ти, не е ништо за инает твој напраено. Ко ќе го прифатиш тој медиокритет кој во суштина си, вервај ме дека ќе се осетиш многу подобро, вакво засмрдување со провидни љубоморни прдежи никако нема да ти поможи.
Љубомора? Па повеќе ме има на тв од него:toe: некако многу ми го фурат дечкото и вчера отпеа катастриофа фалшираше до даска и одма се кренал до небо како сега сум познат и готово сите вие сте не битни сега кој го шиша жирито битно публиката ме сака
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
Љубомора? Па повеќе ме има на тв од него:toe: некако многу ми го фурат дечкото и вчера отпеа катастриофа фалшираше до даска и одма се кренал до небо како сега сум познат и готово сите вие сте не битни сега кој го шиша жирито битно публиката ме сака
Навистина е многу кренат али то ти е, и јас да имам толкава публика би се осеќал на повисоко ниво. Вчера фалшираше, али као се топ си е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom