Добро,има некаде листа со гласови да ја види самата Бети и ние гласачите/гледачите или не?Зошто тогаш на слепо да гласаме за некого,а не знаеме дали тие пораки стигаат и дали тие пораки се уважуваат.
Се сомневам дека Бети имала најмалку гласови затоа што цел град гласаше за неа,а верувам дека гласале и од други места во Македонија.
Е тогаш кога ќе излезе некој од продуцентиве со листата и гласовите и кога ќе видам дека Бети има најмалку гласови,ќе верувам и нема да мрчам за нејзиното испаѓање.
Но како што е секогаш,најдобриот не победува туку победува најсреќниот или во случајов оној што ќе го наместат.И сигурен сум дека истата таа Бети ќе направи подобра кариера од повеќе од пола кандидати на годинешниов Идол.
И да,ако има правда и ако народов е барем малку музички писмен тогаш Мики Секуловски ќе победи,ако не тогаш се е гола вода.
Да не дојде до забуна,исто така добри кандидати се и Иво,Нико и Иван но првиов е малце погоре од нив...