Прашања за изворно-реформираните христијани

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
ЌЕ ГО ЗАМОЛАМ МОДЕРАТОРОТ ДА НЕ МИ ЧЕПКА ВО МОИТЕ ПОСТОВИ И ДА МИ ГИ ПРЕПРАВА (преименува) ЗБОРОВИТЕ, БИДЕЈЌИ ЈАС НИКОГАШ НЕ СУМ БИЛ ПРАВОСЛАВЕН ТУКУ КРИВОСЛАВЕН, И НИКОГАШ НЕ СУМ СЕ ЧУВСТВУВАЛ КАКО ПРОТЕСТАНТ ТУКУ ЕДИНСТВЕНО ХРИСТИЈАНИН, НИШТО ПОВЕЌЕ И НИШТО ПОМАЛКУ.
Ако тоа му смета што некогаш сум бил КРИВОСЛАВЕН тоа е негов проблем и несакам во моите постови да ме преименува во ПРАВОСЛАВЕН, бидејќи освен КРИВОСЛАВИЕ, за мене друг израз не постои.
Бидејќи со нов член и ова ќе ти го простам ...

кога ќе го земеш у предвид моето предупредување да не етикетираш без основа можеби и јас ќе ја земам во предвид твојата молба ..
Има Католици, Православни, Протестанти и сите тие спаѓаат во Христијани .. кои се тие Кривославци само ти си знаеш ..
нема да дозволам верска нетолеранција и провокации кои доведуваат до говор на омраза ..

а за тоа каде си учествувал предходно и по какви форуми и сам кажа .. на форуми на кои насобрани багри немаат толеранција ..
за разлика од тие овде се има ред и се очекува почит и толеранција помеѓу дискутантите ...

и немој веќе да ја расипуваш темава ... еден црвен картон доби предходно за спамирање на офтопик .. за секој нареден офтопик на темава ќе следи црвен картон ...

Пријатни дискусии ..
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Почитуван gospel,

Пак и пак те прашувам исто прашање:

Дали ќе можеш да ми објасниш што подразбираш под оваа равенка: 1(Отец) x 1(Син) x 1(Свет Дух) = 1(Бог) ...(во оваа равенка веруваат Вистинските Христијани)?

А, јас на твоето прашање ќе ти одговорам во темата: Прашања за Православните, која сеуште не е отворена.

Патем кога ја отварав оваа тема јас имав почит спрема вас (кои според Православната Црква сте обични еретици и сектенти), па поради тоа барам реципроцитет и да ни се обраќаш со Православни, во спротивно би Ви се обраќал со грешнометодист.
 
Eraser

S.... Seni Seviyorum
Член од
12 април 2010
Мислења
422
Поени од реакции
18
Криво да седиме, право да збориме.
Христијанството како што го проповедаат протестантите мислам дека е чисто гледано од секоја страна, за разлика од православието, но сепак не сакам да навредам никој, сепак тие најдобро си знаат !!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Криво да седиме, право да збориме.
Христијанството како што го проповедаат протестантите мислам дека е чисто гледано од секоја страна, за разлика од православието, но сепак не сакам да навредам никој, сепак тие најдобро си знаат !!
Ашкол сум за лафот што го кажа :bravo:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
истото може да се каже и за Православието. Постам, палам свеќа, чекам куќна слава и то. Срце чурук. Тоа го има секаде. И до луѓето е. Затоа пишав погоре, на крајот сите ќе стоиме сами пред Бог.... ако стигнеме до него воопшто...
Велиш, „...постам, палам свеќа, слава..„ ова, она и сл. Ех, да беше тоа така едноставно...

Да, на крајот на времињата, сите ќе стоиме пред Христа на Судот Негов, но прашањето е: а што до тогаш? Механичкото палење свеќи и формалното славење слави, без нивно посуштинско познавање и само нивно чисто формално исполнување, нема да ме спасат.
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
истото може да се каже и за Православието. Постам, палам свеќа, чекам куќна слава и то. Срце чурук. Тоа го има секаде. И до луѓето е. Затоа пишав погоре, на крајот сите ќе стоиме сами пред Бог.... ако стигнеме до него воопшто...
Православните барем се трудат да живеат според верата. Одредуваат денови за прослава на некој Господов,Богородичен,Светителски ден и организираат ручеци,вечери...Тоа е симболот на прастарите вечери на љубовта(агапи). Сите се грешни освен Единиот Бог. Тоа треба да биде помислата на секој вистински христијанин,понизно да признае дека е грешен..Но и за таа грешност постои лек:покајание.
А верата сама по себе не спасува туку потребни се и дела како вие што милувате да речете:Така вели Светото Писмо:
Матеј: 7:21 ”Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата. А која е Вољата на Отецот Небесен:Добри дела за влез во Царството Небесно.

35 Зашто огладнев и Ми дадовте да јадам; ожеднев и Ме напоивте; бев странец и Ме примивте;
36 бев гол и Ме облековте; бев болен и Ме посетивте; бев во темница и дојдовте при Мене.’
37 Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‘Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме; или жеден и Те напоивме?
38 Кога Те видовме како странец и Те примивме? Или гол и Те облековме?
39 Кога те видовме болен или во темница и дојдовме при Тебе? 40 А Царот ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку му направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.’
 
Б

Бат Елохим

Гостин
муабетот мој не беше да нападнам некого, така да џабе ме цитираш. Беше само одговор на муабетот за протестантите биле вакви такви. Православните барем се труделе??? И ова е нешто? Така? демек некој нешто затоа што барем се трудел повеќе заслужил??? Не!

Муабетот ми е кај сите има никакви. И сите сме никакви. Нема никогаш да добиеме нешто од Бога додека не сфатиме дека ништо не заслужуваме.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Бат, наспроти твојот нихилизам, една работа е совршено јасна: иако навистина ништо не заслужуваме, Отецот, од преголема (и безусловна) љубов кон отпаднатиот човек, Го испрати Својот Единороден Син, кој ги зеде на свој грб сите човекови гревови и не повика на спасение на душите наши.
Начинот на кој се врши тоа спасение, во реалниот живот а не во сферата на фатастиката, е предмет на несогласувања помеѓу православните рисјани и сите оние заедници и поединци, кои ради убедливост, се нарекуваат христијани.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Еве неколку примери од "преголемата и безусловна љубов"
Немој да им се поклонуваш ниту да им служиш, бидејќи јас сум Господ Бог твој, Бог ревнител, кој за гревовите на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено, ако тие ме мразат!"
....застана Мојсеј на вратата од логорот и рече: "Кој е Господов нека дојде кај мене" и се собраа сите синови Левиеви. И тој им рече: Еве што вели господ бог на Израил: опашете го секој својот меч на бедрото свое, и појдете по логорот, па тргнете од врата на врата и обратно и секој нека го убие братот свој, ближниот свој и соседот свој.
...И рече Мојсеј: Вака вели Господ: На полноќ ќе поминам низ Египет, и ќе умре секој првороден во земјата Египетска, од првородениот син на фараонот кој треба да седне на престолот негов, до првородениот син на слугинката која се наоѓа во воденицата и првородениот добиток!.....Мојсеј и Арон ги направија сите овие чуда пред фараонот но господ му го ожесточи срцето на фараонот и тој не ги пушти синовите израилски од својата земја
...И Господ им рече на Мојсеј и на Арон: "Закон на Пасхата е: ниеден туѓинец да нејаде од неа! А Секој ваш роб купен за пари, одкако ќе го обрезете, тогаш може да јаде од неа!"
Има стотици вакви изливи на "безусловна љубов", останатите одкријте ги самите, ПРОЧИТАЈТЕ ГО стариот завет!

--- надополнето ---

П.С. Да се надоврзам и за "одпаднатиот човек"! Како може следнава ситуација да биде кривица на луѓето?
И му заповеда Господ бог на човекот вејеќи: "Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото на спознавање на доброто и злото, од него нејади зошто од оној ден кога ќе вкусиш од него ќе умреш".......Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, па и рече на жената: "Вистина ли е дека бог ви рекол да нејадете од ниедно дрво во рајот?" А жената и рече на змијата: Ние јадеме род од секое дрво во рајот, освен од она во средината, зошто Бог рече не јадете од него и не допирајте се од него за да не умрете! Тогаш змијата и рече на жената: "Не нема да умрете, но Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него ќе ви се отворат очите па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро а што зло!".......И Господ Бог рече: "Ете Адам стана како еден од нас, знаејќи што е добро а што зло, но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот па да заживее вечно! Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина за да ја обработува земјата од која беше земен. Одкако пак го изгони Адам постави на исток пред градината Едем Херувим и огнен меч кој се вртеше и натаму и наваму за да го пазат патот кон дрвото на животот"
Заклучок: Прво! Бог е тој што лаже а Сатаната таа која ја одкрива вистината!
Второ! Не само што лаже туку себично и садистички се однесува кон Адам и Ева! Ги поставува во улога на аквариумски животинчиња, без сознание што е добро и зло, за да ги казни затоа што наводно погрешиле! (иако незнаат што е добро а што зло).
Трето! Кукавички и панично им го спречува патот до "дрвото на животот" плашејќи се дека сега покрај интелектот, би можеле да дојдат и до бесмртноста!
Дали може некој разумно, рационално да ми објасни како може ваков карактер да се смета за праведен?! И со безусловна љубов кон луѓето???

The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
Prasanje do vas, Zosto odnesuvaat hrana kaj grobistata, kakov praznik e toa i kakvo znacenje ima toj praznik, prasanjeto go postaviv ovde zasto ne znaev za koi e kade spaga vo hristijanstvo, katolicizam ili pravoslaven.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Еве неколку примери од "преголемата и безусловна љубов"
Има стотици вакви изливи на "безусловна љубов", останатите одкријте ги самите, ПРОЧИТАЈТЕ ГО стариот завет!

--- надополнето ---

П.С. Да се надоврзам и за "одпаднатиот човек"! Како може следнава ситуација да биде кривица на луѓето?
Заклучок: Прво! Бог е тој што лаже а Сатаната таа која ја одкрива вистината!
Второ! Не само што лаже туку себично и садистички се однесува кон Адам и Ева! Ги поставува во улога на аквариумски животинчиња, без сознание што е добро и зло, за да ги казни затоа што наводно погрешиле! (иако незнаат што е добро а што зло).
Трето! Кукавички и панично им го спречува патот до "дрвото на животот" плашејќи се дека сега покрај интелектот, би можеле да дојдат и до бесмртноста!
Дали може некој разумно, рационално да ми објасни како може ваков карактер да се смета за праведен?! И со безусловна љубов кон луѓето???

Се додека се обидуваш преку световното мудрување да ја разбереш духовната логика, се до тогаш Бог ќе ти биде крив за се! Еден убав ден, а може и порано, кога ќе поверуваш, самиот ќе ја увидиш својата грешка, а не грашката кај другите, понајмалку Божјата „грешка„!

--- надополнето ---

Prasanje do vas, Zosto odnesuvaat hrana kaj grobistata, kakov praznik e toa i kakvo znacenje ima toj praznik, prasanjeto go postaviv ovde zasto ne znaev za koi e kade spaga vo hristijanstvo, katolicizam ili pravoslaven.
Храна на гробишта се носи не за да биде предмет за гоштевање на стомакот, туку таа храна, по црковниот ред, треба да им се раздаде на оние на кои храната навистина им треба и кои ја немаат, и со тоа раздавање на храната, се чини добри дело во името од упокоениот, за спас на неговата душа. Тоа е благочестив обичај кај православните рисјани, кои не ги заборават своите упокоени претходници, оти во Црквата, сите се живи, а во Бога, дотолку повеќе.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Се додека се обидуваш преку световното мудрување да ја разбереш духовната логика, се до тогаш Бог ќе ти биде крив за се! Еден убав ден, а може и порано, кога ќе поверуваш, самиот ќе ја увидиш својата грешка, а не грашката кај другите, понајмалку Божјата „грешка„!
Не велам јас дека некој ми е мене крив, незнам од каде таков заклучок! Едноставно се обидувам да најдам логика по што ликот опишан во библијата е праведен и со безусловна љубов, и гледам само аргументи кој го кажуваат токму спротивното. Незнам која е таа твоја "духовна логика", но на тој начин и некој сериски убиец може да каже - "Се додека вие размислувате со судска логика, нема да ја разберете мојата!". Освен ако за тебе цитатите кој ги посочив се пример за праведност и безусловна љубов! Во спротивно актите кој ги врши карактерот опишан како бог не се ништо друго освен дела на тиранин во бајката која вие ја нарекувате библија.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Светот има своја логика-тоа е рационалната логика.

Духот има своја логика, која е речиси неспоива со рационалната логика. Не случајно, Христос и вели дека Неговите ученици „...не се од овој свет...„
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Prasanje do vas, Zosto odnesuvaat hrana kaj grobistata, kakov praznik e toa i kakvo znacenje ima toj praznik, prasanjeto go postaviv ovde zasto ne znaev za koi e kade spaga vo hristijanstvo, katolicizam ili pravoslaven.
Ова прашање најмногу ги засега Православните Христијани, но нема проблем ќе ти го одговорам овде.

Во Православието секоја сабота е посветена на упокоените. На тој ден (може и секој ден) се служат помени (заупокоени служби кои можат да бидат: Заупокоена литургија, Парастас или Трисагија(блудец)), се посетуваат гробовите на упокоените и се раздава задушница (храна наменета како милостиња за покој на душата на покојникот). Ние веруваме, дека душите на нашите на умрените се живи и дека откако го „поминале“ привремениот суд го чекаат Страшниот и конечен Суд. Тие можат да Му се молат на Бога за сѐ освен за сопственото спасение. На тие души им се проштеваат гревовите само ако за нив се молат живите и им даваат милостиња на сиромашните. Милостињата не секогаш мора да се состои од давање на храна. Може да се даваат и алишта или слични предмети кои им се потребни на некои посиромашни од нас браќа и сестри.

Од друга страна, особено во Скопје при мешањето на обичаите од сите градови во Македонија, вечерта на спроти Празникот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите - Духовден или Педесетница, кога е роденденот на Црквата, на гробиштата се случува циркуз во права смисла на зборот. Луѓе кои место да раздадат задушнина на сиромашните и да го повикаат јерејот (попот) да отслужи мала помен - трисагија (блудец), тие бдеат цела вечер, јадат, пијат, Господ нека ми прости - се веселат. Тоа е во спротива со Црквата.

Кога се прави помен, доволно е да се приложи поскура, блага пченица (пченица со мед) и црно вино. Другото и не е потребно.
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
652
Поени од реакции
192
Prasanje do vas, Zosto odnesuvaat hrana kaj grobistata, kakov praznik e toa i kakvo znacenje ima toj praznik, prasanjeto go postaviv ovde zasto ne znaev za koi e kade spaga vo hristijanstvo, katolicizam ili pravoslaven.
Pravoslaven definitivno, nitu Protestantite nitu Katolicite imaat vakov obicaj. I jas bi sakala odgovor na ova...
--- надополнето: 1 ноември 2012 во 20:08 ---
Православните барем се трудат да живеат според верата. Одредуваат денови за прослава на некој Господов,Богородичен,Светителски ден и организираат ручеци,вечери...Тоа е симболот на прастарите вечери на љубовта(агапи). Сите се грешни освен Единиот Бог. Тоа треба да биде помислата на секој вистински христијанин,понизно да признае дека е грешен..Но и за таа грешност постои лек:покајание.
А верата сама по себе не спасува туку потребни се и дела како вие што милувате да речете:Така вели Светото Писмо:
Матеј: 7:21 ”Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата. А која е Вољата на Отецот Небесен:Добри дела за влез во Царството Небесно.

35 Зашто огладнев и Ми дадовте да јадам; ожеднев и Ме напоивте; бев странец и Ме примивте;
36 бев гол и Ме облековте; бев болен и Ме посетивте; бев во темница и дојдовте при Мене.’
37 Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‘Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме; или жеден и Те напоивме?
38 Кога Те видовме како странец и Те примивме? Или гол и Те облековме?
39 Кога те видовме болен или во темница и дојдовме при Тебе? 40 А Царот ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку му направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.’
Ama kolku sto znam na slava ne vikate sirotinja od ulica i siracinja, siromasni luge, tuku si vikate prijateli i rodnini (odnosno ne gi vikate, na slava neli ne se vika, ama takvi doagaat)
Ova bi drzelo voda dokolku na slavata vo svojot doma viknete siracinja, siromasni od ulica i sl. Togas navistina gi ispolnuvate onie zborovi.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom