Жан Митрев прогласен за „Меѓународен научник на годината“
Извор: А1
Првиот пациент на кардиохирургијата Филип Втори не ја крие
благодарност: "Жан Митрев ме врати во живот"
Благодарница
Во приватниот центар за кардиохирургија на д-р Жан Митрев
Прва бајпас операција без класична анестезија
Во Клиниката за кардиохирургија во Скопје завчера е направена првата бајпас операција без класична анестезија.
Во светот досега се извршени само неколку вакви операции, а во Европа оваа нова метода е применета единствено во Франкфурт.
Како што изјави кардиохирургот д-р Жан Митрев, пациентот бил буден цело време додека траела операцијата, а половина час по хируршкиот зафат, тој можел да се движи.
Оваа новина во работењето на приватниот Центар за кардиохирургија "Филип Втори" на д-р Жан Митрев, по завчерашното "ексклузивно" емитување на националната телевизија,
вчера го пласираше и МИА. Причините поради кои, како што тврдат промоторите,
ваквите "светски достигнувања" во медицината се врзуваат само за одбрани медиуми и се лиферуваат преку проверени новински куќи се голема енигма. Особено кога вообичаените промоции што д-р Митрев ги практикуваше за своите достигнувања почнаа да изостануваат по бранувањата околу приватизацијата на единствениот кардиохируршки капацитет во регионот и особено кога на новинарите не им се соопштуваат ниту официјалните информации за состојбата на пациентите и ефектите од лекувањето по вообичаениот постоперативен третман. Дотолку повеќе што и извршениот зафат, но и ефектите од него вообичаено во светот се презентираат јавно.
----------------
Екипата на д-р Жан Митрев ми ја врати насмевката на лицето
На 13-ти минатиот месец, сабота, заврши еден период од 3 години, во кои не го живеев животот како што треба, бев многу несреќна. Пред 3 години кај моето дете беше откриен шум на срцето, кој требаше да се оперира. Почнаа нашите тортури: одење во Државна болница, оттаму во Бугарија, во Детската клиника за кардиохирургија. Докторите таму како да не беа свесни за мојата болка и за тоа дека мојот син, кој тогаш имаше 8 години, разбира се што кажуваат за операцијата. Тие не можеа да видат дека тој се собира во клопче, дека неговите очи ја губат радоста и во нив се вовлекува страв кој не смее да го има во детските очи. Како добриот дух да не доведе до вратата на клиниката "Филип Втори", каде што го најдовме она што го бараме. Разбирање за нашата болка, топол збор, зборови за охрабрување, дека се ќе биде во ред со Виктор. Поминаа 3 години во кои доаѓавме на контроли и бевме во очекување да донесат доктор од Германија кој ќе ја изврши операцијата. И се случи и тој ден. Ни јавија една недела порано дека операцијата е закажана. Цела недела разговарав со Виктор и го подготвував за тој ден, му кажував дека нема да биде страшно, дека се ќе биде во ред. Кога дојдовме во болницата, Виктор го прифатија, прво го развеселија и потоа ми рекоа да го бакнам и го одведоа во операционата сала. Не можам со зборови да го опишам моментот кога ми го зедоа детето и останав со кеса во рацете. Тогаш почувствував што значи да те боли душата. Тој еден час, колку што траеше операцијата, мислам дека беше еден век. Потоа го донесоа Виктор. Операцијата беше успешна, тој беше свесен и веднаш не позна со татко му. Од очите му течеа солзи. Кога го прашав зошто плаче, рече дека му течат солзи-радосници. Најбитно е што нема белег од операцијата и закрепнувањето беше многу брзо. Мислам дека мојот син за овие 3 години созреа побрзо. Многу сум им благодарна на д-р Жан, д-р Иван Милев и докторот од Германија кој ја изведе првата операција на дете без сечење, без интензивна нега и без трауми. Особена благодарност и до целиот персонал, за кој немам зборови. Тоа може само да се види и да се почувствува. Тоа се луѓе кои ја внесуваат и душата во работата што ја работат. Се познава кога човек глуми и кога навистина искрено се однесува со вас. Не знам што повеќе да напишам
Автор: Весна Петрова - Костадинова
итн итн