Што мислите за Жан Митрев?

Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Од доктор на медицина до кардиохирург има разлика како од тука до Америка.Тоа е исто кога економист со општа економија критикува работа на ревизор или сметководител.
Разлика, има во специјализацијата а инаку имаат ист факултет и работите се општо познати на секој кој е завршил медицина, инаку и јас сум хирург само на торакално-васкуларна хирургија. И не сметам дека има разлика како од овде до Америка.
 

Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Брат ти си комуњар.

Типичен комуњар кој е интернист,ортопед или лекар опште праксе, човек кој апсолутно со ништо значајно може да се пофали во животот.
Толку си беден што дури и во второ одделение при врачувањата на сведителствата на прозивката на пофалените ученици учителката го заборави твоето име.
Get a life :pos2:

--- надополнето ---

Разлика, има во специјализацијата а инаку имаат ист факултет и работите се општо познати на секој кој е завршил медицина, инаку и јас сум хирург само на торакално-васкуларна хирургија. И не сметам дека има разлика како од овде до Америка.
Колега васкуларен хирург така ли или торакален ќе си? или во МК уште се заедно?
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Добро бе уште ли се обидувате да докажете на некој што вели дека е доктор по медицина кој е кој?
Никој мене не може да ме убеди во спротивното.Му запаметил тоа што се жалеле некои пациенти,а не она што спасил нечии животи.
За мене тоа е доволно.Никој не е бесмртен.Се случувао на секој доктор да му умре по некој пациент.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
^Точно така, со гледање Др. Хаус на сите ви се зголемија критериумите за оцена на лекар при умирање на пациенти, медицината не е розова како што е на филмскиот екран, некои луѓе не можат да се спасат и тоа е тоа.
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
ти изгледа си ретардиран
 

Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Get a life :pos2:

--- надополнето ---



Колега васкуларен хирург така ли или торакален ќе си? или во МК уште се заедно?
Кај нас се заедно!

--- надополнето ---

Добро бе уште ли се обидувате да докажете на некој што вели дека е доктор по медицина кој е кој?
Никој мене не може да ме убеди во спротивното.Му запаметил тоа што се жалеле некои пациенти,а не она што спасил нечии животи.
За мене тоа е доволно.Никој не е бесмртен.Се случувао на секој доктор да му умре по некој пациент.
Не ви го разбрав коментарот, но нормално е особено во хирургијата да некогаш се случи да некој пациент го загуби животот во тек на операција, особено со итните случаи, некогаш едноставно е прекасно, па колку и да се бориш :(
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Хммм...знаете како велат...trace of the money...

Во нашава напатена земја една работа од независноста до денес се етаблира како стандард - а тоа е секој кој си ја врши работата како што треба се прогласува за божанство...
Дали е кардиохирург,фризер,водоводџија...не е толку битно...
Сериозно е тешко да се најде професионална услуга кај нас без разлика колку сте платиле...

Исто феноменот “цар в село“ вс. “слуга во град“ е стандард кај нас...

On the other hand...

Мегаломански апетити на Жан Митрев

17.01.2002 00:00

Нема законска основа за формирање на приватна болница за кардиоваскуларни заболувања во рамките на Воената.

Оставете ја Воената болница да функционира како и досега и нека се престане со мегаломанските апетити на кардиохирургот Жан Митрев.

Ова се дел од барањата кои во текот на утрешниот ден вработените на Воената болница ќе им ги упатат на министерот за одбрана, началниот на генералштабот и директорт на фондот за здравствено осигурување. Експертска група заедно со советот на повереници на Воената болница по повеќечасовна работа денеска ги изготвија конечните заклучоци. За утре, за кога е закажан повторно собир, вработените ќе бидат запознати со овие барања со кои Воената болница ќе истапи пред надлежните во државата. Зеднички став на сите вработени е дека нема законска основа за формирање на приватна здравствена организација - специјална болница за кардиоваскуларни заболувања „Филип Втори“ во состав на оваа воено здравствена установа.

Дознаваме дека др. Жан Митрев повеќе пати барал дозвола за работа од министерствто за здравство,но наишол на отпор кај екс министерот за здравство Петар Милошевски. Причина поради која не ја добил дозволата е немањето законска основа за тоа. Таа дозвола Митрев ја доби од сегашниот министер Ѓорѓи Оровчанец. Очигледно со преддоговор за деловно техника соработка склучен со екс министерот за одбрана Владо Бучовски се создадоа услови кардиохирургија да ги добие трите ката од центаралната зграда, подрумските простории, како и трите апартмана.

Со преддоговорот како и со договорот за деловно техничка соработка склучен со сегашниот министер за одбрана Владо Поповски, Жан Митрев меѓу другото се обврзува да превземе 63 вработени и со нив да склучи договори за засновање на редовен работен однос на неопределено време. На овие вработени сега им се понудени договори на определено работно време од шест месеци до една година поради што кај вработените се создава несигурност, велат во Воената болница. По потпишувањето на договорот Жан Митрев треба да ги превземе обврските за исплата на долговите на Воената болница направени за апарати кои ги користи кардиохирургија во вредност од 2.787.000 марки. Апаратите кои се обврзува Митрев да ги набави во период од три до девет години за трите одделенија кои ги користи и кардиохирургија ќе ги користи и Воената болница.

Освен во промена во сопственоста на приватната кардиохируршка организација на др. Жан Митрев и се овозможува и понатаму несметано користење на апаратите во кардиохирургијата, на кои државата досега потроши околу 25 милиони марки. Кардиохирургија ќе ги користи и кино салата на Воената болница, паркот на задната страна, посебен влез, како и сите придружни работи: лифтови, ходници, парно кислород, медицински гасови, вакуум...
354 милиони евра буџет за “здравство“ (oh yeaaaah we are treating more patients every year...шо би рекол Ајк хахахах) плус 19,5 додаток

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=5262

Фондот за здравствено осигурување и' го зголемил буџетот за операции на приватната специјална болница за кардиохирургија „Филип Втори“ за над 20 отсто. Така, годишниот буџет на болницата од 7,3 милиони евра е покачен на околу 9 милиони евра. Во Фондот за здравствено осигурување ни потврдија дека буџетот на болницата „Филип Втори“ е зголемен за околу 1,7 милиони евра и тоа по барање на менаџерите на оваа болница, со образложение дека е зголемен бројот на пациенти што имаат потреба од операции на отворено срце.

Д-р Жан Митрев вели дека не е зголемен буџетот, туку со овие пари само ќе се покријат операциите на пациентите што имаат потреба од лекување во „Филип Втори“, а чиј број, според него, е се' поголем. Место 800 операции годишно, д-р Митрев вели со овие средства ќе може да се прават и по 1.200-1.300 интервенции на големите крвни садови. Со покачувањето на средствата за операции, д-р Митрев тврди дека нема листа на чекање, односно дека пациентите не чекаат повеќе од еден месец за операција, а итните се оперираат веднаш.

На прашањето дали зголемувањето на буџетот е поради тоа што во болницата освен операции на отворено срце, на товар на Фондот се прават и операции на големите крвни садови на вратот и на нозете, д-р Митрев тврди дека овие операции ги прави од првиот ден од отворањето на болницата, но не толку толку често како сега. „Операциите на затнати вратни крвни садови кои се една од најчестите причини за мозочни удари зачестија пред околу две години откако го зголемивме капацитетот на болницата и кога се опремивме со компјутерска томографија“, објаснува д-р Митрев и додава дека годишно прават и по 300 васкуларни операции на вратните крвни садови и на крвните садови на нозете.

За разлика од болницата на д-р Митрев, на другите болници и клиники во јавното здравство буџетите им тапкаат во место, а министерот за здравство Бујар Османи уште ги искритикува дека треба да штедат. Колку за споредба, со новото покачување, буџетот на Кардиохируршката болница е речиси ист колку буџетите на сите девет хируршки клиники. Така, вкупните буџети на хируршките клиники каде што се работат специфични и тешки операции на глава, трансплантации на бубрези, скршеници, тешки и комплицирани, операции на стомакот, васкуларни зафати на крвните садови на градите, на нозете, се околу 10 милиони евра. Сите овие клиники, како и другите болници во земјава, се плаќаат по новиот систем Ди-Ер-Џи (ДРГ) на финансирање по извршена здравствена услуга.
:vozbud:
Болницата „Филип Втори“ и натаму работи по стариот систем на плаќање со одреден годишен буџет пресметан според бројот на операции. Таа не е дел од ДРГ-системот кој Фондот за здравствено осигурување го стартува годинава во јавното здравство. „Оваа болница е исклучок и не може да ја ставиме во новиот систем на плаќање зашто има десетгодишен договор според кој се плаќа по буџет и број на пациенти“ е оправдувањето што го даде вториот директор на Фондот за здравствено осигурување, Јанез Јелникар.

Д-р Митрев, пак, вели дека нема намера да биде дел од новиот начин на финансирање на здравствените установи. „И така работиме со дампинг-цени на операциите, а со ДРГ-системот што го нуди државата болницата само може да банкротира“, смета д-р Митрев, кој вели дека во просек една операција во Македонија е околу 5.000 евра, а се користат германски потрошен медицински материјал и лекови, а само во Хрватска истата операција чини 13.000 евра.

Колку е добар ДРГ-системот, д-р Митрев вели дека може да се погледнат долговите со кои работат клиниките. „На клиниките има кој да им покрие долговите, а кој ќе ги покрие на мојата болница ако се појават“, прашува д-р Митрев и вели дека и покрај ниските цени, болницата опстанува со лекување странски пациенти и со парите од приватните здравствени услуги. Тој смета дека договорот со Фондот има многу недостатоци. Во цената што ја покрива Фондот е само операцијата, а не се плаќа ни предоперативната подготовка, ниту, пак, постоперативната нега. „Затоа треба да се направи еден пакет на услуги што ќе ги покрива Фондот, а не пациентите да мора да плаќаат за коронографија, или за контролите по операцијата“, додава д-р Митрев.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=833E23708201A04C9CA0AB7F1DC62C8C

Жан Митрев и понатаму ја користи опремата, во вредност од 616.000 евра, што грчкото Министерство за одбрана # ја подарила на болницата

Амбасадорот на Република Грција во Македонија :vozbud:неодамна го изразил своето негодување до македонските власти поради тоа што скапата грчка донација завршила во приватниот кардиохируршки центар на д-р Жан Митрев, дознава "Дневник" од дипломатски извори. Министерот за здравство пред четири дена ја коригирал грешката, но д-р Митрев вели дека тоа е еднострано решение и оти тој веќе "им ги разјаснил работите на Грците".
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=1807&stID=509

The latest cure for amnesia...

http://www.google.com/tm

Една работа не сфаќам...354 милиони евра, плус 19,5 со ребаланс, долгови од 48+ милиони евра...
Who wants a healthy nation АХАХХААААААА
When there are all this money lying around just waiting to be picked up...


П.С.
Превенција за срцеви болештини...
Ако имате лифт во зградата - избегавајте го...:vozbud: смејте се,секс,едно друго...превенција де...
А и интернетот бе...има и корисни работи...
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Не треба да се заборави фактот дека кај него одат потешките случаеви кои веќе ги отпишале на Клиника. Тоа во добар дел ја оправдува голема бројка на смртност на неговите пациенти која често се споменува. Интересно е што за него колегите од сличната дејност немаат високо мислење... Нормално е да има поделени мислења, како што е нормално да не можеш на некој што му го спасил животот или на некој близок да му кажеш дека е просечен.. Мојот личен впечаток (од разноразни импресии, раскажувања и контакти на сосема друго поле) е дека е сосема просечен во својата струка, со препознатлив бренд кој го одвојува од неговите колеги. Му го почитувам сенсот за бизнис кој го има.
 
G

GoddessOfRock

Гостин
Вчера на Канал 5 гледав реприза од едно ток шоу во кое тој беше гостин и можам да кажам дека човекот зборува како да е во некое штипско село. Речникот му е како на просечен човек, а очекуквав повеќе од него. Но како и да е многу го почитувам човекот.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Кај нас се заедно!

--- надополнето ---



Не ви го разбрав коментарот, но нормално е особено во хирургијата да некогаш се случи да некој пациент го загуби животот во тек на операција, особено со итните случаи, некогаш едноставно е прекасно, па колку и да се бориш :(
Коментарот мој е јасен.Ама ке го повторам:
Не знам зошто воопшто се трудите да докажете на доктор по медицина кој е Жан Митрев.Мислам Добро Утро.Делата покажуваат кој е кој.Типот Непознат го запаметил она што му умирале пациенти а никој не е бесмртен и семокен нели а не памети тоа што спасил многу животи.Добрите дела се забораваат лошите не.
А тоа што се фалат многу пациенти не важи туку само се важи она во кое кажува дека "некои пациенти се жалеле".
Јас уште ја чекам таа страница.
Толку од мене на темава.
 

Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Коментарот мој е јасен.Ама ке го повторам:
Не знам зошто воопшто се трудите да докажете на доктор по медицина кој е Жан Митрев.Мислам Добро Утро.Делата покажуваат кој е кој.Типот Непознат го запаметил она што му умирале пациенти а никој не е бесмртен и семокен нели а не памети тоа што спасил многу животи.Добрите дела се забораваат лошите не.
А тоа што се фалат многу пациенти не важи туку само се важи она во кое кажува дека "некои пациенти се жалеле".
Јас уште ја чекам таа страница.
Толку од мене на темава.
Каде јас спомнав дека поради тоа што му умреле пациенти тој не го бива? Зошто си ги преиначуваш работите. Кажав нема да реплицирам, ама ти ме изнервира крајно!
Јас парафразирав еден од коментарите што ми останале во сеќавањето.
Јас не знам зошто и како некој умира ти треба да ми објасниш! Има ли доктор на кој не му умрел некој? Па и на еден матичен лекар му умираат, и многу пати и тој самиот е крив зошто не го упатил своевремено пациентот да се лекува! А не на еден хирург, каде што многу често пациентот стигнува во крајната фаза на болеста.
Ајде не говори нон-сенсе и добро ги читај работите што ги пишувам ако веќе ми се обраќаш.
И никој никому не треба ништо да докажува. јас само отворив тема за да видам што мислат другите. и кажувам што мислам јас. не можам да сватам....
и не ми се обраќајте на мене лично, туку темата е за да кажете мислење
 
T

Tetro

Гостин
Без нервози, докторе.

Темата ја отворивте лично Вие, Вие кои сте единствени на другата страна од улицата, погрешната според повеќето форумџии. И уште чекаме одговори од Вас на неколку прашања.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Со државните болници не може да се споредува ниту во услови, ниту во организираност.
Во оние кои ние секој месец ги плаќаме постои неорганизираност, немање материјали, штедење на персонал, штедење на се што се може само фондот да излезе во плус. На сметка на доуништување на здравјето на граѓаните, губење време и пари... битно е дека фондот не е во загуба.
Денеска токму бевме во градска, искуствата со чекањето и неорганизираноста на персоналот се целосно негативни.
 

Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Без нервози, докторе.

Темата ја отворивте лично Вие, Вие кои сте единствени на другата страна од улицата, погрешната според повеќето форумџии. И уште чекаме одговори од Вас на неколку прашања.
Можам да докажам дека:
1. На Македонија и е потребна државна кардиохирургија. Истата ќе постоеше, доколку не се разиграа матни дејствија на штипското лоби во периодот 1997-2000 год.
Зошто и е потребна?
- За да се образуваат кадри од областа на кардиохирургијата. За студентите на медицина да можат да видат што е тоа кардиохирургија. Да се врши научна работа широко достапна на сите. Јас ако сакам да вршам научна работа, треба да го молам Жан за да ми дозволи.
Ќе постоеше државна кардиохирургија, и процесот беше прикрај уште во 1997 год., со Д-р Таџер.

2. Жан Митрев е најмногу просечен хирург во научна смисла. Јас сум убеден дека нема лош кардиохирург. Но, исто така убеден сум дека има и кардиохирурзи со многу големо научно допринесување и со исклучителен углед. Таков Жан Митрев не е и нема. Освен тоа, што мислите вие за некој што е академик на академијата Платон во град Пазарџик Бугарија (која што, не постои). Во Бугарија постои единствена академија на науки. А приватни академии (фирми) можат да отворат секој со 1 евро пари во џебот.

Од се, најважното е тоа што во Македонија не постои државна кардиохирургија. И доколку за некој сека е добро, после 20 години, кога ќе го нема Жан, ќе биде многу лошо. А истата нема да може веќе да се државнизира бидејќи има огромен капитал и огромен финансиски прилив, од кој никој од наследниците не би се откажал, а и правно ќе биде тешко.

Од: Borjan
Датум: 14.10.2008 01:09:03
Mitrev manifestira arogancija i glupavost na argumenite, sem ako celata nacija ne ja smeta za maloumna? 1. Toj, zaedno so Kedev go spreci sozdavanjeto drzavna kardiohirurgija, za sega na javnosta da i go frli v lice tokmu toa, kako navodna potvrda za nesposobnosta na Medicinskiot fakultet da sozdade kardiohirurgija. 2. Fondot za zdravstvo moze da plati onolku operacii za kolku sto ima pari. Konkurentska kardiohirurgija ke gi namali cenite na kardiohirurgijata na Mitrev, pa za istite pari ke se pravat 2.000 operacii, a i vremeto na cekanje ke bide pokuso. 3. Mitrev so zabi i so nokti se sprotivstavuva na sozdavanjeto vtora kardiohirurgija i kako menateln retard koj im se obraka na idioti povtoruva deka nema nisto protiv sozdavanje vtora kardiohirurgija. 4. Dogovorot so Kamcevi za nekonkuriranje e protivzakonski. Za slicen dogovor direktorite na Sotheby i Kristi’s otidoa vo zatvor na po 5 godini. Obvinitelot treba da se zaintersira za vakviot dogovor koj e na steta na potrosuvacite
Од: Tabu temi
Датум: 14.10.2008 02:01:05
Zan Mitrev so site sili go koci razvojot na kardiohirurgijata vo Makedonija, cisto od licno profitni interesi, a vo toa obilno e podrzan od "familijata" i stipskoto lobi. Prvo neka objasni kako pokojniot Kljusev, togas Minister za odbrana , na svoetro milenice na tacna mu dade prostorii vo Voena bolnica, nasilno isleuvajci odelenija i so pari od voeniot budjet mu go opreme kardiohirurskoto odelenjie ( negde okolu 8 miliona marki) Site za toa znaea no nikoj ne sakase ili ne smeese da zucne. Ima uste mnogu matni raboti vo negovata Kardiohirurgija. koi nikoj ne ska da gi pokrene , bidejci se toa tabu temi, kako sto e i tabu tema postoperativnata smrtnost , koja Zan Mitrev uporno ja izbegnuva da ja objavi pred naucnata javnost. Zatoa se site ovie obstrukciikoj istiot gi prvi so godini
Од: Виор
Датум: 14.10.2008 13:13:05
Господинот Митрев, пред да се лути за втора кардиохирургија, пожелно е да плати Кирија за неговата болница, бидејки дотичниот господин ги користи просториите и опремата на Воената Болница во Скопје (Сопственост на Министерството за Одбрана), господинот 8 години ниту е платил кирија ниту платил сметки за електрична енергија и вода, сето тоа го плаќа Министерството за Одбрана, што значи народот на Република Макледонија. Така да мој господине платете и го долгот на државата и ако сте кадарен отворете и вие ваша клиника, а не да користете државна. И за крај зошто не кажете на јавноста дека сите лабораторијски испитувања ги врши персоналот на Воената Болница-Скопје и дека тоа е пак на терет на Министерството за Одбрана, мој докторе.
Исто така, Жан се жалеше дека некој го опструира во Скопје и неможе да стане доктор (PhD), е добро на толку универзитети во Германија немаше да му е полесно, каде што немаше да има опструкции? Сега, ќе видете за 1 макс. 2 год. дека ќе докторира во Штип, за да може да предава на истото место. Тоа не е квалитет, тоа е мафија. Тој можел додека специализира и да докторира (што го прават сите), ако бил добар, барем просечен.

И доста е од мене, не сакам да се претворам во експерт за животот на Митрев :tv:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom