"Огласи" за работа

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Ме изненадува тоа што овде бараат 5 приправници, и најпрво идев по здрава логика- ако имаат 5 слободни работни места, барем 2-3 се нивни луѓе, што значи исто толку раб. места остануваат слободни, бидејќи (логично или не) 5 твои адвокатски приправници да имаш е помалце веројатно (не викам дека е невозможно,секако).
А интересно е што апликацијата им ја оставив пред врата, не преку меил или пошта. Огласот истече во саботата, еве до денес нема ништо. Точно,не губам ништо со праќање, нормално. Животот ти е како хазардна игра, ако не учествуваш нема да имаш шанса да освоиш добивка. :)
Ако имаш оставено документи од типот на дипломи, незнам извод бла бла бла, логично е да си ги побараш назад. Така да ако не те контактираат во разумен временски рок (ете да речиме недела по завршувањето на огласот) јави им се или појави се во канцеларија со објаснување дека документите се твои, и да ти ги вратат. Па уз муабет ќе прашаш и што бидна со огласот.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.496
Поени од реакции
2.619
Ако имаш оставено документи од типот на дипломи, незнам извод бла бла бла, логично е да си ги побараш назад. Така да ако не те контактираат во разумен временски рок (ете да речиме недела по завршувањето на огласот) јави им се или појави се во канцеларија со објаснување дека документите се твои, и да ти ги вратат. Па уз муабет ќе прашаш и што бидна со огласот.
Ако веќе не ти ги фрлиле некаде :pos: :pos: Саше брат не губи нада како што кажува Dzish горе ова со огласите на најди работа повеќето е на среќа како ке ти се трефне и јас самиот не знам колку огласи имам пратено кај не кај повеќето ни трага ни глас ама имаше и места кај што ме викнаа на интервју па и ме вработија па и си напуштив :pos: така да праќај си ти и немај гајле кога тогаш ке те викнат.

P.S. Треба да идеме у кафана :) :) :)
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644

Не бе, губење надеж таман работа :) А за тоа што викаш дека може и да се џитнати, тука си во право :). Али, нема везе сепак им остаив копија, не сум луд да давам оргинал :)
P.S Да :tv:
 
peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Секоја фирма, кога ќе објави оглас прима по повеќе од 300 CV-a. Ќе признаете дека е малце тешко да се одговори на сите. Од тие причини, по теркот на фирми во Европа, на крајот на скоро секој оглас може да прочитате дека „само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор“. Ова во превод значи дека ако не те викнат на интервју, воопшто нема потреба да ти кажат дека си одбиен. Е сега, од лично искуство, секогаш кога ме викале на интервју, а во случај да не ми ја понудиле работата, или телефонски ме известувале за тоа или пак праќале писмо, во зависност од тоа колку круга на интервјуа сум прошол.
Така да, ако не ви се јават, не се потресувајте многу, и чисто информативно, некогаш на некои фирми им треба дооолго време за да ги прегледаат сите пријави..
 
Да, јасно е сето тоа, но веднаш се соочуваме со еден (ако не и најбитен) проблем. Имено, има оглас за едно работно место, и во него стои да се испрати само биографија. Значи, не им праќаме дипломи/ уверенија од средно/факултет, не им праќаме копии од индекс за да видат што оценки сме имале (ако воопшто е битно тоа), и се вели дека (како што велиш ти) "само селектираните ќе бидат известени".
По кој критериум ги одбираат, знаејќи дека немаат доволно информации за кандидатите,освен место на раѓање, средно, факултет кога имаат завршено, меил и тел. број ? Шестар систем?
 
Член од
11 април 2010
Мислења
20
Поени од реакции
0
Eve ja baram rabota vekje podolgo izvesno vreme...i sekade baraat "devojcinja"... ili pa drugi nekoj nevozmozhni uslovi.

Ima drugi so vakva maka ?!
Takva ni e situacijava ili devojcinja ili pomladi od 25 a so da pravime nie drugite da ispocrkame od siromastija ili da bidime obelezani kako mrzelivci :tv:
 
peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Да, јасно е сето тоа, но веднаш се соочуваме со еден (ако не и најбитен) проблем. Имено, има оглас за едно работно место, и во него стои да се испрати само биографија. Значи, не им праќаме дипломи/ уверенија од средно/факултет, не им праќаме копии од индекс за да видат што оценки сме имале (ако воопшто е битно тоа), и се вели дека (како што велиш ти) "само селектираните ќе бидат известени".
По кој критериум ги одбираат, знаејќи дека немаат доволно информации за кандидатите,освен место на раѓање, средно, факултет кога имаат завршено, меил и тел. број ? Шестар систем?
Ќе се потрудам што е можно подетално да елаборирам на твојот коментар и те молам не ги примај лично сите забелешки

Како прво, треба да се направи јасна разлика помеѓу биографија, онака како што таа беше дефинирана во социо-комунистичкиот систем и CV или resume.

Првиот контакт кој работодавецот го има преку кандидатот е токму тоа CV. Доколку не успееш да се продадеш преку CV-то, џабе ти се и дипломи од факс и се останато.
Знаеш ли колку луѓе конкурираат на различни работни места со исто CV? За жал, кај искусен работодавец, тоа не пали.
Некаде по формумов исто така читав коментари во врска со мотивационото писмо. Просто ме чудат коментарите од типот дека тоа е глупост, дека во него треба да се величи работодавецолт или што ти јас знам. Со мотивационото писмо треба да се продадеш самиот себе. Зошто ти, а не некој друг. Исто како и со CV-то.

Дипломите, просекот и оцените се во втор план. Доколу работодавецот е заитересиран за тебе, многу лесно може да ти ги побара тие работи на увид.

Да се утврди работната способност на некоја индивидуа врз основа на нивните академски резултати е неизводливо. Еве и пример: Два пати годишно кај мене на работа бараме практиканти за 3 месечна офис пракса за која им плаќаме и за која добиваат кредит на факс. Праќаме огласи до неколку факултети и добиваме во просек по 50 апликанти. Ни се пријавуваат луѓе од Економски, од ФЕИТ, од СЕИ, од Правен кои можеби имаат висок просек, меѓутоа се уште форматираат текст со спејс бар и ентер. За ексел пак да не правиме муабет. Зборот ми е - не се во состојба да го сработат тоа што од нив се бара.

Доколку немаш работно искуство, многу е потешко да се напише добро CV, меѓутоа со малку труд може да се идентификуваат работи кои си ги правел во минатото а може да бидат корисни за нивната работа.

И уште една многу важна работа: CV-то и мотивационото писмо треба да се менуваат соодветно на работата за која се аплицира. Стандардна верзија не постои!

Не викам дека нема наместени огласи. меѓутоа ми се чини дека сите посериозни бизниси и фирми сватија дека кога е профитот во прашање нема играње со роднини, пријатели и партиски местенки - секогаш се бара квалитет.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Првиот контакт кој работодавецот го има преку кандидатот е токму тоа CV. Доколку не успееш да се продадеш преку CV-то, џабе ти се и дипломи од факс и се останато.
Знаеш ли колку луѓе конкурираат на различни работни места со исто CV? За жал, кај искусен работодавец, тоа не пали.

Дипломите, просекот и оцените се во втор план. Доколу работодавецот е заитересиран за тебе, многу лесно може да ти ги побара тие работи на увид.

Да се утврди работната способност на некоја индивидуа врз основа на нивните академски резултати е неизводливо.

Доколку немаш работно искуство, многу е потешко да се напише добро CV, меѓутоа со малку труд може да се идентификуваат работи кои си ги правел во минатото а може да бидат корисни за нивната работа.

И уште една многу важна работа: CV-то и мотивационото писмо треба да се менуваат соодветно на работата за која се аплицира. Стандардна верзија не постои!

Не викам дека нема наместени огласи. меѓутоа ми се чини дека сите посериозни бизниси и фирми сватија дека кога е профитот во прашање нема играње со роднини, пријатели и партиски местенки - секогаш се бара квалитет.
Убаво напишано, и се сложувам со сето ова, но постојат исклучоци, кои мислам дека ги прават намерно колку да ја спроведат Законската процедура. Еве за што се работи...Пред недела-дена, видов оглас од фирма која бара практикант, со тоа што единствен потребен услов за да се аплицира беше испраќање на основна биографија за кандидатот (токму тоа што ти го наведов во предходниот пост : Име и презиме, меил, телефон, адреса, да наведеш кога си завршил средно/факултет, познавања од компјутери и јазик). Чудно ми падна во огласот зашто фирмата не бара мотивацнионо писмо, во кое кандидатите ќе ги наведат нивните очекувања од работата, да се искажат во врска со неа, и (како што велиш) "да се продадат" преку напишаното. Токму тоа писмо може да биде делумен репер за тоа кој е и каков е кандидатот. Тоа ми беше целата поента, зашто освен кратки информации за кандидатите, не бараат и мотивационо писмо преку кое на поелсен начин би ги селектирале истите.
Како само преку основните податоци ќе утврдат кој е компетентен за позицијата која се бара?
 
Твојата ситуација спаѓа во последната реченица од мојот пост - или пак се работи за компанија која има лош менаџмент. Прати ми ПП, можеби може да помогнам околу практикантска работа ако имаш допирни точки со дејноста која ја работам.
 
Член од
29 април 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Baram rabota vo Hrvatska ili Crna Gora. Za podetalni informacii i ponudi pisete mi licna poraka.
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.449
Поени од реакции
1.780
Eve ja baram rabota vekje podolgo izvesno vreme...i sekade baraat "devojcinja"... ili pa drugi nekoj nevozmozhni uslovi.

Ima drugi so vakva maka ?!

Same shit over here:helou:повекето огласи се наместени,поготово оние за државни институции.Иако само таму пракаа одговор дали некој е примен или не.А од приватните фирми само во една ме викнаа на тестирање,иако праќав на полно фирми. И замисли во таа фирма саде ''девојчиња'' работеа.:toe:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Барам работа во Ираk, close protection, demining, IOD, perimeter security, logistics etc.

cena: 450.000 usd in account upon signing & available after completion of one year, 450.000 divided daily, as per diem and 100.000 indemnity upon completion of 6 months tour of duty, payable immediately....

Plus, every three months, minimum of nine and 1/2 days vacation, paid home leave ticket, paid per diem...

Same for Afghanistan, but 150.000 indemnity after 6 months completion of tour of duty, payable immediately.
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
:bilokojzbor:Огласите за работа во најголем број на случаи се жива заебанција, се е однапред готова работа.Џабе губење енергија.
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
445
Поени од реакции
341
Дали некој знае колку се плаќаат приправниците кај адвокат отприлика и некој да понуди било каква практикантска работа за правник ( приправник кај адвокат, во фирма и сл )
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дали некој знае колку се плаќаат приправниците кај адвокат отприлика и некој да понуди било каква практикантска работа за правник ( приправник кај адвокат, во фирма и сл )
Моја другарка одеше кај еден познат скопски адвокат.Во првите три месеци не и даде ниту денар,а потоа по 3000 денари.Но толку многу научи,ја пушташе и на судења и темелно на сите приправници им го објаснуваше секој случај.Без париа,ама знаење.Не се предавајте,почнете некаде,баш за без пари има огласи.Подобро да учиш,од колку да седиш дома.Потоа ќе си најдеш платена работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom