Претседателот на Барса, Сандро Росел неодамна изјави дека сака Гвардиола во Барселона да биде она што е Фергусон во Манчестер Јунајтед и додаде дека може да види како Пеп еден ден станува претседател на клубот.
Иако ниту Барса ниту Гвардиола не говорат јавно за тоа како се одвиваат преговорите,
AS денеска објави дека двете страни се многу блиску до постигнување согласност за новиот договор.
Мадридскиот весник вели дека Пеп и Барса имаат договор за висината на платата на стратегот и останува да се испеглаат уште некои
детали.
Извештајот говори дека официјалното соопштение за продолжувањето на верноста на Гвардиола би можело да се очекува во јануари 2011.
AS додава дека идејата на Каталонците е да се дочека финишот на сезоната со комплетно разрешена иднина на Пеп.
Клубот, а и стретегот, не сакаат појавување на ’спектакулрани шпекулации’ кои ќе можат да го дестабилизираат тимот.