Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Najbolji igrač na svijetu je...

И, најдобар играч на светот е...

Иначе браво за нашата кантера, браво за Ла Масиа.
Тројцата финалисти, тројца производи на академијата на Барса.

Денеска, беа прогласени и финалистите за наградата на ФИФА за најдобар менаџер. Финалисти се Дел Боске, преведувачот и Гвардиола.
Со оглед на и овде доминираме. Двајца од Барселона и еден бивши мадридист. :):)
 
Јас повеќе сакам Чави да биде добитник :)
 
кој и да биде сигурно ке биде од барса а ако ме прашувате мене сакам Чави но мислам дека Иниеста ке е ради голот во финалето од светекото првенство
 
Иниеста ќе ја земе.
Нема веза, кој и да биде, важно у барса оди...
Visca El Barca!
честито :smir:
 
Тимскиот успех и освоените титули имаат голема улога во Златната топка. Од таму, баш заради тие работи, сметам дека еден од Чави / Снајдер требаше да ја подигне оваа награда. Освоија најмногу титули, покажаа константност, беа моторите на Барса и Интер како и на своите репрезентации.
НО ?
Доколку оваа награда се доделува исклучиво за најдобриот играч во една сезона, за оној кој стварно покажал највеќе индивидуално, нормално и тимски, оној кој оставил најголема трага, ондак Меси тука е без конкуренција.

4 гола против Арсенал на само еден натпревар и тоа во 1/4 финале од ЛШ, 6 хет-трика во една сезона, најдобар стрелец во ЛШ, најдобар стрелец и играч во Примера со 34 гола и 13 асистенции, вкупно 47 гола во сезоната и 15 асистенции...еднставно како што рече Чави, Меси беше класа над другите.
 
НО ?
Доколку оваа награда се доделува исклучиво за најдобриот играч во една сезона, за оној кој стварно покажал највеќе индивидуално, нормално и тимски, оној кој оставил најголема трага, ондак Меси тука е без конкуренција.
Kaнаваро ти го побива муабетов, мистерија остануваат стандардите по кои се водат во ФИФА ...
Не само ова, преседан беше што и Асамоа Гијан и еве Ето, беа ставени пред Милито во поширокиот избор, али што е тука е.
 
Канаваро освои не заради тоа што покажа нешто посебно туку заради Италија и нејзината круна каде што беше и капитен на таа репрезентација.
Значи тимскиот успех, титулите играат најголема улога за оваа награда, посебно кога ќе се погоди во година кога има Светско првенство.

Да се доделуваше стварно за најдобар играч, играч кој што покажал најмногу, таа година наградата ќе отидеше во рацете на Анри, што според мене и требаше да се деси.
Зато и реков, ако се иде по тимски успех ( Чави и Снајдер ), Ако за играч кој оставил најмногу белег, кој што стварно бил најдобар, ондак Меси.
 
^ Поентата ми беше дека стандрдите на Фифа се шарени, не се доволно добро објаснети, мислам дека ни самите не знаат да ги објаснат ко што треба, бидејќи во секоја здрава логика Асамоа Гијан не би бил ставен пред Милито, реално да гледаме, или па Ето ( да не рече некој дека за Интер навивам па овој став го терам ) ...
Па и Руни на крајот од краиштата заслужува бар место во оној поширок список, и он имаше солидна сезона ако го исклучиме СП ( слично како и Меси ).
 
Добро бе луѓе.... Читам 2-3 страни назад.... Па до КОГА ЌЕ ГО КРИТИКУВАТЕ ДАВИД ВИЉА..... Не постигнал гол против Осасуна... Многу објективно ги гледате работите.... Виља е еден од играчите кој најмногу се залага на теренот... Според мене последните 5 години НЕМА ПОДОБАР ЦЕНТРАФОР од Давид Виља.... Виља е само 3-4 месеци во Барселона, и според мене Е ИГРАЧ РОДЕН ЗА БАРСА... Лани Ибрахим ја кочеше играта, едноставно неможев да го гледам на терен ( Освен на првото Ел Класико, и против Арсенал на Емирати кога ми направи ќеиф )........

Инаку за Златната топка.... ЧАВИ, ИНИЕСТА И МЕСИ СЕ ИГРАЧИ КОЈ СЕ КЛАСА НАД СИТЕ ВО МОМЕНТОТ.... КОЈ И ДА ЈА ОСВОИ, ТАА СЕПАК Е ЌЕ Е ВО БАРСЕЛОНА !!!!!!!
 
^ Поентата ми беше дека стандрдите на Фифа се шарени, не се доволно добро објаснети, мислам дека ни самите не знаат да ги објаснат ко што треба, бидејќи во секоја здрава логика Асамоа Гијан не би бил ставен пред Милито, реално да гледаме, или па Ето ( да не рече некој дека за Интер навивам па овој став го терам ) ...
Па и Руни на крајот од краиштата заслужува бар место во оној поширок список, и он имаше солидна сезона ако го исклучиме СП ( слично како и Меси ).

Шарени се ептен, ич не е е убаво дефинирано, а и да, ептен голем резил е да го ставиш Асамоа, а од друга страна да го немаш Милито кој беше рамо до рамо со Снајдер, како играчи најзаслужни за тројната круна, играч кој постигна 2 гола во финалето у ЛШ, играч кој беше најдобар стрелец на Интер во нивната најдобра година.
 
^ Поентата ми беше дека стандрдите на Фифа се шарени, не се доволно добро објаснети, мислам дека ни самите не знаат да ги објаснат ко што треба, бидејќи во секоја здрава логика Асамоа Гијан не би бил ставен пред Милито, реално да гледаме, или па Ето ( да не рече некој дека за Интер навивам па овој став го терам ) ...
Па и Руни на крајот од краиштата заслужува бар место во оној поширок список, и он имаше солидна сезона ако го исклучиме СП ( слично како и Меси ).

Доколку некој од кај вас е кандидат за Златната топка, тоа треба да е Диего Милито, дефинитивно !!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom