- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 252
- Поени од реакции
- 15
Иди објасни ја разликата меѓу причина и средство. Религијата е само второто, ама некои упорно настојуваат на тоа дека е извор на сето зло во галаксијата. Туку, не знам како креаторот на темава ја замислил дискусијата, зашто јас не го сфаќам. Едното е за луѓето кои плукаат по Бог, сакаш да кажеш дека тие кои веруваат во него истовремено се исфрустрирани од неговиот менаџмент па штрајкуваат или мислиш на оние кои го одбиваат христијанскиот, или било кој Бог во чие име биле израснати, па следат друг, или оние кои се противат на самиот концепт на креатор и администратор? Второ, под претпоставка дека постои тој креатор, како знаеш што тој бара од нас?
Темава не е посветена на атеистите, зашто они не веруваат во Бога.
Не е посветена ни на тие што ја менуваат верата.
Посветена е на оние кои веруваат во Бога, а сепак нејќеле да го почитуваат ете од таа причина што никој не барал да биде создаден и како сега не мора да се правда пред Бога.
Иначе Бог преку своите пратеници ни кажал дека од нас бара доста работи, но најважната да веруваме во него.