Ipsissimus
P.I.
Бог не не создал само за робови, за нас го направил Џеннетот во кој сите ќе бевме, ако шејтанот не го замразеше Адема а.с ! Бог ништо не бараше од нас, а нас на располагање ќе ни дадеше доста работи.
Ама поради грешката што ја направи Адем а.с заедно со х.з Ава, ние сме тука.
Да прво заслужиме после уживаме.
А кој родители би те створиле само за да уживаш без да се мачиш во животот ?
Како може амбицијата по знаење да биде грешка? Тоа што во бајката за Адам и ева е опишано е исто како некој да му ја кажува приказната за црвенкапа на некое дете и да му вика дека црвенкапа направила грешка и затоа волкот морал да ја изеде!!
Заклучок: Прво! Бог е тој што лаже а Сатаната таа која ја одкрива вистината!И му заповеда Господ бог на човекот вејеќи: "Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото на спознавање на доброто и злото, од него нејади зошто од оној ден кога ќе вкусиш од него ќе умреш".......Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, па и рече на жената: "Вистина ли е дека бог ви рекол да нејадете од ниедно дрво во рајот?" А жената и рече на змијата: Ние јадеме род од секое дрво во рајот, освен од она во средината, зошто Бог рече не јадете од него и не допирајте се од него за да не умрете! Тогаш змијата и рече на жената: "Не нема да умрете, но Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него ќе ви се отворат очите па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро а што зло!".......И Господ Бог рече: "Ете Адам стана како еден од нас, знаејќи што е добро а што зло, но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот па да заживее вечно! Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина за да ја обработува земјата од која беше земен. Одкако пак го изгони Адам постави на исток пред градината Едем Херувим и огнен меч кој се вртеше и натаму и наваму за да го пазат патот кон дрвото на животот"
Второ! Не само што лаже туку себично и садистички се однесува кон Адам и Ева! Ги поставува во улога на аквариумски животинчиња, без сознание што е добро и зло, за да ги казни затоа што наводно погрешиле! (иако незнаат што е добро а што зло).
Трето! Кукавички и панично им го спречува патот до "дрвото на животот" плашејќи се дека сега покрај интелектот, би можеле да дојдат и до бесмртноста!