Кампања за ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634




Никој нема право да преговара за моето име! Оваа порака ја пренесува Џорџ Плуков, 14-годишно момче чија фотографија е на постерот од рекламната кампања на македонската дијаспора за зачувување на уставното име на Македонија и прекин на преговорите со Грција.

Слоганот „никој нема право да преговара за моето име“ од рекламната кампања за одбрана на уставното име го пренесува момче што нема македонско име. Сепак, Џорџ, кој живее во Торонто, Канада, е Македонец и го учи и разбира македонскиот јазик. Последен пат во Македонија бил пред две години.

Џорџ, кој во септември треба да тргне во 10-то одделение, е син на Енди Плуков, еден од основачите на Македонското меѓународно движење за човекови права.

Оваа организација на македонската дијаспора од Канада заедно со Австралиско-македонскиот комитет за човекови права неодамна ја почна рекламната кампања преку весници и билборди во државава, преку која се порачува дека македонскиот народ мора да и каже на Владата да престане да преговара за името на земјава.

Таткото на Џорџ, како еден од најголемите активисти на македонската заедница во Канада, објаснува дека уставното име на државата е најбитното нешто и оти оваа генерација на Македонци не смее да дозволи да се промени, затоа што тоа им го должи на претходните генерации што го зачувале, но и на помладите генерации, како што е онаа на Џорџ.

- Ние сме свесни дека има и негативни реакции за кампањата, но не треба да се заборави дека и ние сме Македонци, иако не живееме во Македонија. Канада не нé призна под уставното име преку ноќ, тоа беа години и години работа – објаснува Плуков, кој по потекло е од Егејска Македонија, Костурско.

Досега околу 100 организации од земјава и од странство дадоа поддршка за кампањата на македонската дијаспора за зачувување на уставното име. „Нашето име е Македонија и тоа е црвената линија“, „Преговорите за името се бесмислени и тоа е слично како децата да водат дискусија за да го сменат името на својата мајка“ се дел од коментарите на организациите што дадоа поддршка за оваа кампања на дијаспората. Координаторите на кампањата на прес-конференцијата во Скопје порачаа дека се залагаат за влегување на Македонија во НАТО и во ЕУ, но без дополнителни услови, како што е промената на името.

Претставниците од дијаспората на годишната конференција на иселеничките организации, одржана минатиот месец во Скопје, предупредија на отуѓувањето на третата генерација и на исчезнувањето на македонскиот јазик во дијаспората. Постарата генерација македонски иселеници зборуваат мешан јазик, а младите не одат да го научат, се пожалија иселениците, посочувајќи ја како најапсурдна практиката на Австралија каде што, наместо младите да учат македонски јазик, бабите и дедовците се запишуваат на курс по англиски за да можат да се разберат со внуците.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Македонцки поголема слика од истово?
Барав тука не најдов. Или дело е на Нова Македонија па само насловот е сменет :toe:
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Добро е што барем дијаспората е против пормена на име.Само малку ми е глупаво тоа името Џорџ.Можеле да стават нешто како например Ѓорѓи,Ѓоке и сл.Меѓутоа ова е за поздрав.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Премиерот на јужниот сосед се вика Џорџ. Не сум слушнал да се бунат против тоа грците...
 
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
Има ли пилот авијонов, или модератор форумов, да го банира џганов што го труе у гуши патриотизмот, сее омраза и раздор помеѓу македонците?

Доволно е тоа што некој, нашол малку време и волја да ја брани Македонија без разлика дали зе вика Џорџ и каде живее.....

Дали можеби тој заминал од Македонија од добро или од мака?

Колку ќе е корисен секој македонец од дијаспората доколку е во македонија да го троши и онака слабиот буџет и да биде дополнителна конкуренција на ионака преконкурентниот пазар на трудот?

Или можеби тие неколку „центи„ што ги праќаат иселениците се „воздухот„ без кои македонската економија не може?

Не одвлекувајте од темата, туку размислето што ќе кажете на внучето по едно 30-40 години кога ќе ве праша?

- Дедо,бабо ти беше од таа генерација кога нашата мила замја срамно преговараше за своето име !!!

- Каков народ бевте, зошто ништо не преземавте да се спречи таа национална катастрофа?

- Дали неуките и понапатени палестинци беа похрабар и попатритски народ од нас македонците?
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Сликата за дијаспората кај мнозинството граѓани е комедија, но, за среќа, таа е само стереотип, а она што сега ни треба и на Македонија и на Македонците што живеат во светот е министерство за дијаспора

Во Македонија постои стереотипен поглед во однос на дијаспората, кон која се гледа со потсмев. Тој стереотип кај Македонците во Републиката е толку голем што дури и „К-15“ имаат скеч во кој иселениците даваат „дури 15 долари“ помош за државата. Ваква, за жал, е сликата за дијаспората за голем дел од луѓето во Република Македонија, но таа слика не само што е тажна и погрешна туку е и комична. Дефинитивно, КОМЕДИЈА, но, за жал или за среќа, овој стереотип е само тоа - стереотип и е далеку од вистината.

Според процени на Светска банка, придонесот на дијаспората е 18-20 отсто од БДП (домашниот бруто-производ) на Македонија, односно околу 1,5 милијарда евра годишно. Тоа значи дека секој петти денар потрошен во Македонија е заработен надвор од државата. Од дијаспората живеат окулу 400.000 луѓе во Македонија. По овие факти логично е да се постави прашањето дали дијаспората заслужува да биде потсмевана и дали тој стереотипен поглед би требало да биде вистинската слика за неа. Апсолутно НЕ!


Конечно, веќе е јасно дека единствена причина зошто македонската економија не ја заврши 2009 година со уште поголем пад во БДП беа позитивните движења во тековната сметка. Намалувањето на вкупниот увоз, посебно во последниот квартал од 2009 година, имаше позитивно влијание врз мерењето на БДП, но, всушност, значи дека македонската економија не била способна да го издржи истото ниво на увоз како претходната 2008 година. Меѓутоа, трансферите и девизните дознаки беа најголемото изненадување во 2009 година. Иако беше логично да се очекува дека вкупните приливи по оваа основа ќе паднат, тие се зголемија на рекордно ниво од 1,13 милијарди евра. Вкупните девизни трансфери за 2010 беа за околу 150 милиони евра поголеми од 2009 година. Со други зборови, зголемувањето на девизните трансфери го зголемија македонскиот БДП за 2009 за околу 2,4 проценти споредено со 2008. Меѓутоа, како целина, БДП падна за 0,7 отсто минатата година. Анализирано вака, станува јасно дека македонската економија ќе имаше пад за преку 3,5 проценти во 2009 ако девизните трансфери беа исти како и претходната 2008 година.

Ден Дончев
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1117BA35302B7E4EBC45C89D988EEA25


Блиска соработка меѓу дијаспората и матицата е значане фактор за Демократски и Економски развој на Македонија. Создавањето на негативни стеротипи, занемаруавње, потсмевање со дијаспората води кон нејзино одалечување од Македонија што само може да и создаде штета на државата и народот кој живее таму.

Ставовите на дијаспората треба да се земаат секогаш во предвид и да им се дава значење а не да се исмеваат и понижуваат луѓето.
Големината на дијаспората и блискоста и влијанитето во одлуките кој се носат во државата се многу битни за подобра иднина на неа. Во студии Унивезитет во Британија (пред се Оксфорд) е докажано дека иселувањето има повеќе позитивно влијание на економскиот развој на државата од негативно. Постои силна корелација меѓу ислениците по глава на жител и порастот на БДП во земјите во развој. Според најновите студии значително поголемо позитивно влијание на економскиот развој имаат емигранитите од тие што живеат во матичната држава.
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Дами и Господо. Дајте смирете ги страстите.
Не мислете дека на нашинците кои излегле од Македонија му е сеедно што се
работи во нашата држава. Секаде каде и да се преставуваат се преставуваат
како Македонци.Некои му го оспоруваат и тоа,знаете кои. Е сега вие кои сте за
промена на име ги напаѓате оние кои во секоја прилика се борат за зачувување на
истото. Кои сте вие да му го оспорувате тоа. Зар малку му се надворешните душмани
па сега вие ќе му кажете какви македонци се тие?
Читам овдека на овој форум,на коментарите на А1телевизија 80% ги омаловажуваат
нашинците од дијаспората. Срамота! Луѓето излегле од тука од разни причини пред
50-60год. Кој за подобар живот,многу политички бегања,изгонети како држ.непријатели,
помислете на Егејот. Е сега тие кои уште се кажуваат за македонци вие му го скратувате
тоа право,а дали сте во право? Многу повеќе страв ме зафаќа од младите кои сега
заминуваат од таму. Се со цел да заборават од кај се,што се.
Во една прилика разговараат наш млад човек пресно дојден7-8 мес со исто човек дојден пред
40години и зборуваат на енглески. И сега постариот му вели зошто ми враќаш на енглески?
А тој вели; полесно ми е со енглескиот. Е сега нашите успеале ова дете Ѓорѓ да го научат по
нашки јазик и да си ја сака државата на дедовците и ако тука родено, ние се фаќаме за името.
 
S

stefi

Гостин
Арно на некој му текна. Место да се седи пред тв и да се мрчи за владата може и да се превземе нешо. Со комшиски муабети никој не успеал да смени нешо ебате народот.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Ја сум од Драчево,и ја подржувам оваа кампања. :tv:

Озбилно сеа,одлична е кампањава,и би било убаво да се покаже како Македонците од цел свет се обединети и имаат исто мислење околу тие "преговори", е сеа околу нашиве граѓани тука,баш и не сум убеден дека ќе има голем одзив и подршка бидејќи очигледно ние тука имаме "попаметна" работа од зачувување на идентитет име и сл. поважно е зашо детето го крстиле Џорџ,а не Стојко или Петко. :helou:

п.с Ништо чудно и да почнеме да преговараме за промена на името на детето :pos:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Сликата за дијаспората кај мнозинството граѓани е комедија, но, за среќа, таа е само стереотип, а она што сега ни треба и на Македонија и на Македонците што живеат во светот е министерство за дијаспора
Во Македонија постои стереотипен поглед во однос на дијаспората, кон која се гледа со потсмев. Тој стереотип кај Македонците во Републиката е толку голем што дури и „К-15“ имаат скеч во кој иселениците даваат „дури 15 долари“ помош за државата. Ваква, за жал, е сликата за дијаспората за голем дел од луѓето во Република Македонија, но таа слика не само што е тажна и погрешна туку е и комична. Дефинитивно, КОМЕДИЈА, но, за жал или за среќа, овој стереотип е само тоа - стереотип и е далеку од вистината.

Според процени на Светска банка, придонесот на дијаспората е 18-20 отсто од БДП (домашниот бруто-производ) на Македонија, односно околу 1,5 милијарда евра годишно. Тоа значи дека секој петти денар потрошен во Македонија е заработен надвор од државата. Од дијаспората живеат окулу 400.000 луѓе во Македонија. По овие факти логично е да се постави прашањето дали дијаспората заслужува да биде потсмевана и дали тој стереотипен поглед би требало да биде вистинската слика за неа. Апсолутно НЕ!

Чекај сега малку...

Паричните дознаки на Романија паднаа од 950 милиони евра на 620 милиони евра во првиот квартал годинава. Лани беше регистриран пад од 35 отсто. Паричните дознаки на Бугарија паднаа за 11 отсто. Од околу еден милион бугарски иселеници, најголем број се вработени во Грција, Шпанија и во Италија. Останатите источноевропски земји сé уште не објавиле извештаи за првото тримесечје од оваа година.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6410132505&id=23&setIzdanie=22000

Парите на емигрантите испратени до нивните семејства во Македонија се меѓу главните спасители на економијата од колапс. Според оценките на експертите, токму со испраќање на околу 300 милиони долари за нивните семејства, емигрантите на индиректен начин го финансирале буџетскиот дефицит на државата.
http://alsat.mk/ekonomija/21807.html

Романија има 960 милиони евра а Македонија имала 1,5 милијарди???
Романија има емигранти повеќе отколку што Македонија има жители...:tapp:

Еве добра анализа на ситуацијата...

Мислиш милијардата од иселеници ?
How about .... некој да ја прикажеше нивната етничка структура или пак колку пари точно доаѓаат од кои делови на светот ... повеќето пари доаѓаат преку оние што одат привремено надвор во странство како работниците во ирак од куманово или пак оние на брод или пак оние сезонските работници во италија шпанија англија грција јас колку што видов повеќето организации се од канада, австралија или некои кои живеат перманентно во некоја странска земја .

Чисто онака ме интересира според тебе кои повеќе трошат оние кои имаат фамилии тука или оние кои ни праќаат поздрави од нивниот лаптот од типо и 20 долари ако треба ќе даам само името да се зачува организации на чело со некој рандом мршојадец кој само сака да збере некој денар плус од тамошните иселеници чии деца едвај зборат македонски ?

Дали некој ги прашал тие што одат по бродови, фабрики, земаат бугарско држјавјанство само за да се спасат , во ирак што мислат за името или пак се прашуваат оние веќе обезбедни со држјавјанство а богами и материјално од рандом земја то ест австралија и канада,кои не мораат да се соочуваат повеќе со македонската бирократија и локалните „борци“ уште помалце со апатијава која наровов го има зафатено?

Знаеш што друже и јас би станала силен патриот кога би имала австралиско држјавјанство со безбеден начин на живот во земја со висок стандард и добар квалитет на живеење поголем и оној и на американците

Знаеш на крај би рекла побарај во речник да видиш зборчето хипокризија веројатно ќе видиш слика од некој австралиски патриот со македонско потекло

Озбилно кој им даде право да се мешаат во спорот за името? Нивното его кое го ланчаат нека спасуваат загрозени видови со нивните 20 долари или нека зачуваат некоја шума во Тасманија или Канада али тогаш би значело сериозен судар со сериозни сили али неееееееееее мора името .
It's so easy to be patriot from a safe distance isn't it ?
Ако уште не ви е јасно дека на локалната политичка и бизнис елита не и одговара влез во ЕУ...
И сега ја ангажираат дијаспората да не учи на патриотизам и слични лоботомии...а дијаспората не ги сноси последиците на живеењето тука и не им е тешко да си играат патриоти...некаде таму...
What`s gonna take for you to understand....
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Македонцки поголема слика од истово?
Барав тука не најдов. Или дело е на Нова Македонија па само насловот е сменет :toe:
Еве ти поголема:

http://mn.mk/docs/nikoj-nema-pravo-da-pregovara-za-moeto-ime.pdf

беше информирано за оваа кампања во топикот “Меѓународно движење...“ на овој форум. Таму има и друга слика.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Еве ти поголема:

http://mn.mk/docs/nikoj-nema-pravo-da-pregovara-za-moeto-ime.pdf

беше информирано за оваа кампања во топикот “Меѓународно движење...“ на овој форум. Таму има и друга слика.
Мислам Алекс прашуваше за таа слика кајшто пишува "Никој нема право да преговара за името на Џорџ"

----

Знае некој до каде е работата со поставување на реклами по странски весници. Ако не се лажам се најавуваше и поставување на плакати низ Македонија, нз можеби има поставено јас не сум забележал. Има некоја организација во Македонија која ќе го спроведува тоа?
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Чекај сега малку...



http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6410132505&id=23&setIzdanie=22000



http://alsat.mk/ekonomija/21807.html

Романија има 960 милиони евра а Македонија имала 1,5 милијарди???
Романија има емигранти повеќе отколку што Македонија има жители...:tapp:

Еве добра анализа на ситуацијата...



Ако уште не ви е јасно дека на локалната политичка и бизнис елита не и одговара влез во ЕУ...
И сега ја ангажираат дијаспората да не учи на патриотизам и слични лоботомии...а дијаспората не ги сноси последиците на живеењето тука и не им е тешко да си играат патриоти...некаде таму...
What`s gonna take for you to understand....
У превод сакаш да кажеш Гастарбајтери, збор кој во МК најчесто има погрдно значење.
A diaspora (in Greek, διασπορά – "a scattering [of seeds]") is the movement or migration of a group of people, such as those sharing a national and/or ethnic identity, away from an established or ancestral homeland. Се однесува и на привремено и трајно иселување,

Со нив делиш "нешто" а и 20% од економијата ти зависи од тоа и имаат големо значење за економскиот и социјален развој на земјата. И несакаш да им дадеш право да си го кажат своето и да имаат влијание во донесување на одлуката. Ако сметаш дека дијаспората дури и она која ни воопшто не ја цениш и почитуваш Австралијанската не треба да се меша тогаш, Македонија неможеш и несмееш да ја нарекуваш национална или матична држава на Македонците како што е пропишано во уставот т.е. треба да го смениш уставот за ова. И да се откажеш од окулу 1,5 милијарди чисти пари не е тоа извоз на роба туку чист профит. Второ ако си незадоволен од односот и од тоа колку пари ти праќаат од Австралија или САД ова ти е шанса да го смениш тоа. Ако Македонија не се интересира, ја понижува и се одалечува, неможеш да очекуваш ништо повеќе и од нејзина страна.Овој интерес од страна на дијаспората треба да се искористи за зајакнување и зближување на односите од нешто што Македонија може само да има корист.
Еден чекор е можноста за гласање на избори или референдум.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom