Нема врска со принципиленост, само со слобода,уживање,подршка,доверба (самодоверба) и безусловна љубов. За да се размислува трезвено.....немора да си созреан, само треба да ги "отвориш" очите (вистински)
Верувај, почитувај, дури и да згрешиш секое искуство е добредојдено. Сите гледаат на врските како лошо исксутво кога ќе завршат, тука е најголемата заблуда и причината за непотребна омраза, па и каење...Сигурен сум дека во огромен број до нив убавите моменти се многу почести него оние непријатните,фокусирајте се на нив не само на негативните моменти. Некогаш е добро и да дозволиш (фигуративно) да бидеш повреден доколку личноста ја сакаш вистински не постојат граници, нити нешто што треба да не спречи. Довербата некогаш е поголема сатисфакција и од самата љубов, бидејќи таа е она што ја прави истата најголема,најискрена, безусловна како што кажав веќе неколку пати до сега. Најдобриот начин да дознаеш дали можеш да веруваш во некого е токму тој чин, на верба во него, тоа е најубавиот а воедни и единствениот "тест"