Манчини со подршка за Бенитез
Менаџерот на Манчестер Сити Роберто Манчини го одбрани тренерот на Интер Рафаел Бенитез за критиките, кои ги истрпи Шпанецот во последно време.
Поранешниот тренер на Ливерпул за многу кратко време успеа да уништи еден големи тим, кој беше создаден од Жозе Мурињо во последните две години и кој минатата сезона стана европски шампион.
Во моментов Интер не личи на себе и сосема мирно може да се каже дека нема никаква врска со тимот од минатата сезона.
„Бенитез не е само менаџер - тој е добар и искусен. Мислам дека е нормално да се соочи понекогаш со тешкотии, откако толку многу години постигнувал успеси." - коментира Манчини за ситуацијата на својот шпански колегa.
Манчини е одлично запознаен со ситуацијата на Рафа, бидејќи тој си замина од клубот, поради неубедливи резултати, иако пред тоа тимот три пати стана шампион на Италија.
„Мислам дека она што се случува во Интер кај Бенитез е донекаде нормално, бидејќи сепак не можеш да добиваш постојано. Шансите за титулата, сепак, не се изгубени, бидејќи има уште многу време." - истакна тренерот на Сити.
„Според мене сите треба да бидат една целина и едноставно да имаат доверба на Бенитез. Мислам дека проблемите во Интер во голема мера се должат на многуте повреди. Проблемот не е во тренерот." - заврши Манчини.
паметен чоек