Дури и смешно е пак да се расправам на таа тема, фаул над Меси само у твојата глава имало за вториот гол ( имаш јутуб за да се увериш у тоа ), единствени 2 нерегуларности за кои имаше полемики беа офсајдот на Милито и наводниот пенал над Алвес, толку.
Ако ја изгледаш повторената снимка за офсајдот на Милито при 0-0, тогаш ке укапираш дека веќе излага сам пред Валдес а од горе се убацува и Пандев во комбинација, на 0-0 им се крати 100% прилика за гол, може ке беше, може и немаше да биде гол, тоа никогаш нема да го дознаеме но факт е дека таа ситуција е подобра и од пенал за финишер ко Милито кој таа сезона беше непогрешлив и шансите да погоди беа убер поголеми од оние да промаши.
За наводниот пенал кој не постоеше, убаво се гледа движењето на нозете на Снајдер и обидот за изнудување контакт од Алвес, чиста симулација, неможеш да ме убедиш тука дека имало пенал али со оглед дека си фан на Јуве а и Барса го сваќам твојот субјективен став во случајов. Алвес падна ко да му ја кршат десната нога, го витка глужнот при падот а никаков контакт нема на истиот ( клучен момент за класична симулација според експерти кои го анализираа моментот на Скај ), а Снајди изреагира паметно кога ги укочи и двете нозе ( јасно се гледа тоа од повторената, зашто и мојот првичен став беше дека е пенал ) за да избегне било каков контакт за пенал по што и веднаш почна да мафта со рацете зашто истиот и го немаше.
А ако пак ја користам твојата логика за офсајди, види ја позицијата на линискиот за голот на Милито, и милиметарскиот офсајд на истата, како и да ја вртиш, далеку потешка ситуација за санкционирање од онаа во прво која беше чиста ко солза, по што и Барса поведоа.
Интер беа оштетени у прво кога им беа скратени шанси за гол, поготово онаа на Милито уз Пандев, Барса во второ кога примија гол од милиметарски офсајд, толку.
Затоа, во вториот меч, ем имаа играч повеќе по супер глума на Бускетс, ем дадоа гол од слична ситуација ко на Милито и тоа е тоа.
Впрочем, цел Свет им ја призна таа победа у двомечот, освен фановите на Барса и медиумите од Каталуња ( дури и оние од останатиот дел од Шпанија се смееа на '' нерегуларностите '' ) кои измислуваа некаква наводна штета од судиите, ама пак ке кажам, апсолутно разбирливо, прилика за ЛШ у Мадрид сега у кузнае кога пак.