Ооооу Хоумран сине со темава... право време на право место.
Ја разглобувам женската психологија деновиве и дојдов до ваков заклучок. Жените сакаат да бидат третирани како предмети. Затоа секогаш се чудиме како најубавите девојки се возат на мотори со стоки со златни ланци. Тие момци жените ги доживуваат како трофеи и ги третираат така, како своина, како живина. Иако девојките лицемерно кенкаат дека не сакаат таков однос, тие реално имаат потреба нивниот маж да го истепа и најмалиот ривал кој ќе ги погледне, токму како што тие би искршиле некого ако се обиде да го здипли нивниот мотор.
Оние девојки кои одат во крајност се фасцинирани дури и од ваков фрикерај од мажи за кои знаат дека нема сила која може да ги скроти. Ако не нив како луѓе, барем нивните мисли и размислувања кои се агресивни до крајни граници. А од памтивек таков бил односот меѓу мажите и жените, жената е земјоделецот, кревката додека мажот е воинот, грубиот.
Мажите кои се однесуваат насилно спаѓаат во групата пожелни колку и жените да се лицемерни пред себе и светот тврдејќи дека сакаат мирен и фин дечко. Всушност идеална е бајката за принцот на бел коњ. Таа вели дека принцот е убав и шармантен, што секако е добро, но вистинската работа која девојките ги привлекува идејата за принцот е неговата моќ да владее со кралството, да отсече нечија глава ако тие посакаат без око да му трепне од вина. Но, целосната слика нема да биде комплетна ако е тој суров ѕвер, секој принц во своето воспитување има кралски манири, џентлменство и бон тон, кој комбиниран со агресивната природа и мечот на појасот е добитна комбинација.
Во модерно време, тоа е насилникот во ферари, кој очигледно има стил но има и пиштол под седиште. :wink: