Fantasy Premier League 2010/11

  • Креатор на темата Креатор на темата GavolRulz
  • Време на започнување Време на започнување
на едно коло се прави по еден трансфер а на пример ако направам 6 или пак 7 трансфери ке ми се одземат 4п или пак за секој играч по 4 поени или колку да сакаш да мениш играчи 4 поени ти се одземат ве молам кажетеми точно
Малку каснам, ама нема веза.
1 трансфер на коло ти е 0 поени, 2 трансфера = 4 поени, 3 трансфера = 8 поени, 4 трансфера = 12 поени итн. итн, но имаш wild card (колку трансфери сакаш толку) која можеш да ја искористиш еднаш во сезоната.
 
Еве од денес почна и новата сезона на Fantasy Premier League, а за да не го пишам воведот јас ќе го пастирам од старата тема, бидејќи се е исто.

Значи бирате 15 фудбалери од сите англиски екипи. Морате да имате 5 одбранбени, 5 средина, 3 напад и 2 голмани.

Максималната вредност на тимот не сме да помине 100 милиони. Секој фудбалер си има одредена вредност и интересното е што неможете да ги одберете сите ѕвезди од тимовите, па ќе треба навистина да се помачите додека го најдете вистинскиот тим.

Еве како оди и бодувањето:

Голман: За непримен гол +4п, за секои 3 одбрани на натпревар +1п, за секои примени 2 гола -1п(ова важи и за одбраната), за одиграни барем 60 мин од натпреварот 2п(ова важи за сите), за асистенција +3п(ова важи за сите), за помалку од 60 минути на терен 1п(ова важи за сите), за жолт каротн -1п(ова важи за сите) и за црвен картон -3п(ова важи за сите).

Одбрана: За постигнат гол +6п, за непримен гол +4п

Средина: За постигнат гол +5п, за непримен гол +1п

Напад: За постигнат гол +4п

Напомена: На секој натпревар се доделувааат бонуси од 3п, 2п и 1п. Тоа оди за најдобрите играчи на тој дуел. Исто и имате можност да одберете капитен, кај него ви се дуплираат поените.

За секое коло можете да направите еден дозволен трансфер, но можете и повеќе ама при тоа ќе висе одземаат 4п од вашето конто. Имате и да искористите и вајлд карта. Тоа значи ако некогаш правите реконструкција на тимот за да не ви одземе поени кликате на тоа(тоа е само за еднаш во годината). Можете максимум 3 играчи од еден тим да одберете.



За да имате успешна сезона и да бидете топ менаџер потребни ви се околу 50-60 поени неделно.

Се разбира некои трансфери сеуште не се завршени, па така до стартот на првенството можете да го менувате колку сакате тимот и нема да ви бидат минусирани поените.

И да надополнам, се до првиот натпревар можете да правите колку сакате измени, нема да ви се одзимаат поени.

Направив и две лиги: Кајгана (со ограничен број членови - 20) и Кајгана 2 (неограничена).

Кајгана: 4603-2087

Кајгана 2: 4603-2275

Со среќа :)

--- надополнето ---

P.S. Мојот тим:

11300582.jpg

А сеа јас ако се приклучам ќе почнам од 0 поени или че си имам 171 колку што си имам сега????
 
А сеа јас ако се приклучам ќе почнам од 0 поени или че си имам 171 колку што си имам сега????
Можеш да се приклучиш само во Кајгана 2 лигата, и да, ќе имаш 171 поен.
 
Мојот тим еве го:
Голман: Гомес - Тотенхем

Одбрана: Евра - Манчестер Јунајтед
Тери - Челзи
Туре - Манчестер Сити
Алекс - Челзи

Среден Ред: Нани - Манчестер Јунајтед
Де Јонг - Манчестер Сити
Волкот - Арсенал
Бејл - Тотенхем

Напад:Руни - Манчестер Јунајтед ( капитен )
Дрогба - Челзи


Резерви: Голман : Мајхил - Вест Бромвич Албион
Одбрана: Мојоколо - Вулверхемптон
Среден Ред: Таинио - Сандерленд
Напад: Хервуд - Блекпул

Вкупно Поени до сега: 171 поен

Вредност на тимот: 100.4 $

Во Банката: 0.5 $
 
таман од Gameweek 5 :) да ви дадам малку предност :)

15xr29d.jpg
 
Ја заборајвте малку темава а хехе


Gameweek 8 Total: 57


Можесе подобро ама јбг тоа е , паднав на 3 на кајгана :@
 
Играте ли бе луѓе? :))
Во светот сум 207ми за овој месец, одличен резултат.:)).
Направив неколку трансфери овој месец,па очекувам повеќе поени .:))
 
halllooooo
Игра некој активно или свирци :)
Пуштен е втор вајлд карт ако ви треба...
Инаку слаби две кола и паднав на 6 на кајгана... пу јзк сега ќе пробам да се подкренам ако нема повреди и такви работи :D
 
Почна нова сезона, некој да направи лига и еден на еден ?
Ако има напраено јдајте нова тема или сменете наслов во оваа со код од новата лига...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom