Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.632
- Поени од реакции
- 5.321
Можна е ескалација на насилството во Авганистан, предупреди генералот Дејвид Петреус, кој е поставен за командант на коалициските сили во Авганистан на местото на сменетиот генерала Стенли Мекристал. Комисијата во Сенатот на САД завчера го одобри неговото именување.
Генералот ја искористи можноста да потсети зошто американските трупи се наоѓаат во Авганистан: - Не смееме да дозволиме Ал Каеда и други екстремистички групи повторно да воспостават упоришта од кои би можеле да ги нападнат нашата татковина и териториите на нашите сојузници.
За да го спречиме тоа, не треба само да се пресметаме со талибанските елементи, туку мораме да им помогнеме и на нашите авганистански партнери за да ги оспособат своите сили за безбедност. Целта е да се воспостави државна управа во Авганистан за брзо време Авганистанците да ја преземат контролата над својата земја и да се грижат за безбедноста на својот народ - појасни Петреус ветувајќи дека добро ќе ги проучи правилата на војување на странските трупи во оваа земја.
Целта на Сојузните сили е да се намали бројот на цивилните жртви во борбите, но тие се критикувани и поради изложувањето на американските војници на дополнителен ризик. - Наш морален императив е да ги заштитиме нашите вооружени сили и авганистанските сили за безбедност што се борат заедно со нас. Целосно сум свесен за загриженоста кај некои наши војници на теренот во врска со правилата за војување и тактичките директиви - додаде генералот Петреус.
Неговата изјава внесе немир меѓу Авганистанците, кој го пренесе портпаролот на авганистанската комисија за човекови права, Надар Надири: - Многу се разликува пристапот на генералот Петреус, за разлика од тој на неговиот претходник. Мекристал секогаш истакнуваше дека не треба да се користи прекумерна сила ако не постои апсолутна потреба за да се заштитат меѓународните и авганистанските сили за безбедност. Целта беше да се сведат цивилните жртви на минимум. Сега, генералот Петреус говори за истото прашање, но тој нејасно го дефинира својот пристап во борбата, што внесе немир во организациите за човекови права. Ако не го направиме тоа, по примерот на генералот Мекристал, стравувам дека ќе се вратиме во 2008 и во 2009 година кога најмногу цивили загинаа при нападите од воздух, чијашто цел беше заштита на коалициските сили - истакна Надири.
Меѓународните сили не се наоѓаат во Авганистан само за да се борат со бунтовниците, туку нивна задача е и да ги обучат авганистанската војска и полиција на стратегијата на НАТО.
Но, во последниот извештај, објавен завчера, се наведува дека САД потрошиле 27 милијарди долари на обука на Авганистанците во последниве осум години, но дека само 23 проценти од авганистанската војска може да дејствува независно, а само 12 проценти од полициските сили може да вршат надзор на теренот без помош од Сојузните сили.
Талибанците во офанзива
Талибанци вчера го нападнаа аеродромот во градот Џалалабад, административен центар на источната авганистанска провинција Нангархар, при што осум лица го загубија животот. Престрелки меѓу екстремистите и локалната полиција во реонот на аеродромот се слушаа до вчера попладне.
Меѓународните сили го блокирале реонот каде што се случуваа престрелките, а портпаролот на талибанците изјави дека во нападот се убиени триесетина авганистански војници.
Според портпаролот, во аеродромот упаднале шестмина бомбаши-самоубијци, додека западните медиуми известија дека цел на нападот била базата на меѓународните сили во Џалалабад.
Превземено од Време
Колку победуваат НАТО силите во Авганистан покажува и фактот што оваа година гинат двојно повеќе војници од минатата која се смета за досегашен рекорд на загинати војници.
Петреус го смени текот на војната во Ирак со дополнителни трупи, но дали ќе успее и во Авганистан?