Во животов сум се возел два пати во авион. Од Скопје до Копенхаген и назад. Беше одамна но го памтам патувањето многу добро. Во Скопје беше премногу жешко, едно 40 степени, сред јули. Чекавме долго време на аеродром и после не натоварија во авионот
Не ми беше страв се додека не тргнавме. Кога тргнавме добив едно бајаги грдо чуство, како да ми се подигаат сите органи. Како за инат, првиот мој лет во животот беше ужасен. Многу турбуленции, срања и на крај кога стигнавме на пилотот му дадоа огромен аплауз. Сепак нешто кое највеќе ми ги стресе јајцата беше кога одеднаш авионот почна да паѓа, траеше тоа едно 2 секунди, и одма се крена. До ден денес ме фаќа страв од тој момент
Тогаш имав 9 години и фатив голем страв од возење во авион. Летот за назад беше мирен, само што моторот брчеше мислиш се возиш во автобус од ЈСП
Да сумирам, можам да кажам дека имам фобија од авиони