- Член од
- 9 февруари 2010
- Мислења
- 300
- Поени од реакции
- 11
Светски шампиони во невработеност
Вината за проблемот со невработеноста во Владата ја гледаат во наследените проблеми од минатото, односно во лошата приватизација и слабите менаџерски тимови, кои во деведесеттите години на минатиот век довеле до затворање на голем број компании
Македонија е апсолутен светски првак во невработеност. Со 33,8 отсто невработени лица, нашата земја го зазема првото место на листата што ја објави угледниот интернет-портал „24/7 Вол стрит“, кој се занимава со анализи на американската и светската економија.
Порталот посочува дека ги анализирал стапките на невработеност во сите земји од светот со над два милиона жители, при што составил листа со 15 земји со најмногу невработени според бројот на жителите. Притоа, во составувањето на листата новинарите користеле информации од Меѓународниот монетарен фонд, Меѓународната организација на трудот при Обединетите нации, како и податоци од ЦИА.
Македонија е единствената земја на листата со стапка на невработеност над 30 отсто. Но, порталот напоменува дека процентот на невработеност станува 65,2 отсто ако во статистиката се вклучи вкупното работоспособно население, како тие што се изјасниле дека не бараат работа. Веднаш зад Македонија на листата следуваат Ерменија, Алжир, Појасот Газа и Западниот Брег и Босна и Херцеговина. Меѓу првите 15 земји на листата е и Хрватска, која е рангирана на 13 место, со стапка на невработеност од 14,8 отсто, што е за два и пол пати пониска од стапката во Македонија.
- Прво нешто што паѓа в очи е дека нациите што имаат најголем процент на невработеност имаат многу млади влади. Всушност, овие земји претходно биле колонии или провинции на други нации или неодамна се стекнале со независност. Друг очигледен факт е што земјите во кои имало војни исто имаат голема невработеност, најмногу зашто луѓето се раселени, а инфраструктурата е разурната како резултат на насилствата - пишува „24/7 Вол стрит“ во анализата.
Според порталот, глобалниот проблем со невработеноста е толку голем што вкупната бројка на невработени лица во десетте најмногубројни нации во светот изнесува 1,1 милијарда. Тоа е само нешто помалку од целата популација на Кина.
Професорот на виенскиот Институт за меѓународни економски истражувања, Владимир Глигоров, смета дека е зачудувачки како деценискиот проблем на висока невработеност не предизвикува поголеми политички или социјални потреси во земјата.
- Македонија веќе подолго време, сигурно повеќе од една деценија, е лидер во невработеноста. Она што е зачудувачко е што тоа не влијае врз стопанската политика и не предизвикува притисок тоа да се промени. Има недостиг од политичка и социјална чувствителност, која е ретка - изјави Глигоров за „Дневник“.
На топ-5 листата со земји со највисока невработеност Македонија е опкружена со земји разорени од долгогодишни војни и внатрешни конфликти. Авторите на текстот велат дека иако Македонија ги избегнала големите насилства на Балканот, нацијата неколку пати била на работ на граѓанска војна.
Владата не се согласува
Во Владата сметаат дека бројката од 33,8 отсто невработеност е нереална, односно вистинскиот процент на невработени лица во земјава е околу 20 отсто. Тоа го објаснуваат со фактот што во официјалната бројка на невработени влегуваат и десетици илјади лица што се пријавуваат во Агенцијата за вработување само за здравствено осигурување и не бараат работа. Вината за проблемот со невработеноста во Владата ја гледаат во наследените проблеми од минатото, односно во лошата приватизација и слабите менаџерски тимови, кои во деведесеттите години на минатиот век довеле до затворање на голем број компании.
- Од 1991 година до денес оваа влада има постигнато најдобри резултати во намалувањето на невработеноста. Во изминатите неколку години, пред да се почувствуваат посилно ефектите на светската економска криза, невработеноста се намали за околу четири процентни поени. Сега тој тренд е забавен поради ефектите од светската криза, но се очекува по заздравувањето да продолжи во насока на намалување на невработеноста. За разлика од други држави, Владата на Македонија не отпушта работници, а преку реализација на проекти во градежништвото се обезбедува ангажман на значителна работна сила - велат во Владата. Оттаму појаснуваат дека постојано работат на подобрување на деловната клима, со што се отвораат нови работни места, а и финансираат програми за преквалификација на работната сила со што таа би станала поконкурентна на пазарот.
Инаку, Државниот завод за статистика деновиве објави дека стапката на невработеност во првиот квартал од годинава е зголемена за речиси 3 отсто во споредба со истиот период лани, така што сега изнесува 33,5 отсто.
Нема долгорочна стратегија
Домашните експерти сметаат дека ниту една влада досега не му се посветила сериозно на ова прашање. Тие објаснуваат дека катастрофалната состојба со невработеноста е резултат на многу фактори. Пред се', се должи на немањето повеќегодишна стратегија која би стимулирала отворање производни капацитети. Основниот проблем за експертите е лошата структура на стопанството, која никој досега не се зафати да ја промени, потоа лошата приватизација, бавното судство и конзервативниот банкарски систем.
Професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Мирољуб Шукарев, смета дека ниту една влада досега не направила долгорочна стратегија за структурална реформа на домашната економија и пазарот на трудот. Тој потенцира дека само со континуирана стратегија за промена на структурата на економијата може да се намали невработеноста.
- На пример, учеството на земјоделството во структурата на домашниот бруто-производ кај развиените земји е од 1 до 1,5 отсто, а кај нас е 11 отсто. Секаде во светот учеството на индустријата е големо зашто таа отвора нови работни места, само кај нас тоа се намалува. Ниту една власт досега не направи стратегија со целосен консензус, која континуирано ќе се спроведува и ќе може да поттикне отворање нови работни места. Невработеноста е проект на кој треба да се работи во континуитет десетина години за да се видат минимални резултати. Таа не се намалува со административни мерки - вели Шукарев.
И за професорката на универзитетот ФОН, Марија Зарезанкова-Потевска, промената на структурата на стопанството е клучна за вистинско справување со овој проблем.
- Имавме многу лоша приватизација, затворавме погони, а не отворавме нови. Така се појави и лоша структура на стопанството, кое тешко може да извади квалитетен производ, а не се снајдовме и не изнајдовме нови пазари за пласман на производите - вели Зарезанкова-Потевска.
Според неа, банкарскиот систем во земјава не е во функција на економскиот развој, нема ниту услови за кредитирање, заедно со бирократски мерки што го кочат бизнисот. Таа смета дека еден од виновниците за високата невработеност е и лошиот судски систем, во кој стопанствениците не можат да си ги наплатат побарувањата.
- Постојат проблеми и во структурата на невработените, каде што најголемиот дел се луѓе со основно или со средно образование. Ништо не се прави за нивна преквалификација на пазарот на трудот. Има добри проекти за поттикнување на вработувањето, но тие не се доволни. Се' останува само мртва буква на хартија - заклучува Зарезанкова-Потевска.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5688FFAAFF736F4DAC45C2B3B5D2E0DFhttp://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5688FFAAFF736F4DAC45C2B3B5D2E0DF
--- надополнето ---
Evo so koi zemji Makedonija se rangira