Сега ти ја разбрав идејата, сметаш дека владата ги тера луѓето да се запишуваат на факултет само за да не бараат работа?
Тоа е апсурдно, ако постои таков план. Но тоа не може да функционира на подолг рок, кога тогаш ќе завршат и ќе се појават пред завод.
А зошто не би се претпоставило дека идејата на владата е доблесна и дека навистина сака луѓето без разлика од каква средина доаѓаат да имаат можност да се образуваат.
Зошто само оние кои имаат поголеми финансиски можности да можат да ги праќаат децата на студии?
Така се создава плутократија, каде една класа која е роднински изврзана ги добива најдобрите работни места, а остатокот не знае што да прави.
Непотизам од таков тип ќе биде набргу надминат, на никој приватник не му е гајле кој од кого е, ако не е способен и работлив.
Колку и да се „тесни“ и специјализира кадарот, останува фактот дека за сите во канцеларија нема место.
Тоа им е на мнозинството тешко да го сварат, никој не сака неговото дете да се мачи на сонце и по патишта.
Затоа сите нека имаат факултет па после кој како знае и умее.