САД - Гана | 26 јуни | 1/8 финале

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи на овој дуел?

  • САД

    Гласови: 34 65,4%
  • Гана

    Гласови: 18 34,6%

  • Вкупно гласачи
    52
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Победникот во Ц групата, САД, како и второпласираната репрезентација во групата Д, Гана, се среќаваат во сабота на 1/8 финалето од Светското првенство во фудбал.

На СП 2006, САД и Гана беа во истата група, каде што во меѓусебниот дуел Гана ја победи САД со 2:1.

Но сега многу нешта околу двете репрезентации се сменети, па која од нив сметате дека ќе продолжи понатаму?
 
Мислам дека САД без проблеми би требале да победат... Гана не е лоша ама реално гледано малце на среќа се протна до осмина финалево, со сите 4 бода добиени со пенали што им ги досудија, додека Американциве многу опасни и борбени се покажаа... Типувам 2:0 за САД ;)
 
САД сакам да помине ептен ми се свиѓа како играат :)
 
Очекувам САД да мине.. Можда не треба ни африканците да се потценуваат, но САД имаат поискусна екипа, со неколку играчи што настапуваат во ПЛ,па дури и во Европа и токму поради тоа им давам предност.
 
Хаха, кој е тој еден што гласал за Гана? Сигурно очекува дека пак ќе им судат некој пенал на Гана и ќе добие црвен некој од САД.
 
И двете репрезентации играат одличен фудбал ,САД ми се некако подобри и по средени и дисциплинирани очекувам да победат и се надевам дека НЕМА повторно да им поништат чист гол како што тоа го правеа на двете последни утакмици ... заради тоа уште повеќе ги засакав и им посакувам среќа дури до финале да стигнат па нека го сисаат и судии и фифа сите доколку на некој начин се обидуваат да ги исфрлат од натпреварувањево ...
 
САД би требало да оди понатаму, на Гана многу му е и ова 1/8 финале, ама то е то.
 
Хаха, кој е тој еден што гласал за Гана? Сигурно очекува дека пак ќе им судат некој пенал на Гана и ќе добие црвен некој од САД.

Двајца се, јас сум еден од нив.
Толку голем фаворит е САД, а? Да не го освојат светсково?
 
САД се добра екипа тоа го докажаа лани на Купот на Конфедерации и на ова Светско.......мислам дека тие ќе одат понатаму....
 
САД имаат добра екипа и мислам дека ке одат понатаму ама и Гана не се за фрлање можи да изненадат.
 
САД ќе одат понатаму, доста им е на црнциве 1/8 финале.
 
Гласав за Гана и мислам дека ќе тепаат.
Овие педериве влегоа понатаму.Тие алжирците од кога слушнаа дека Словенија изгуби,и пуштија на америве и Донован даде гол.
 
Судии се против САД на првенствово.Па можат и во 1/8 финалево да направат нешто.Инаку Ганциве премногу им е 1/8 финале не знаат 2 паса да сврзат.А САД ако продолжат онака би отишле далеку само да не промашуваат толку како досега.
 
САД имаат одлична репрезентација плус Американски менталитет, Гана едноставно се провлече постигнувајки два гола од пенали... Така да, Сад all the way
 
Сеа викате Гана се провлекла понатаму заради два пенала... точно е тоа, така се провлекоа, ама и САД не беа нешто поарни. И тие влегоја во осминафинале заради гол во последна минута. Исти к*рац коа ќе видиш.

Ипак и јас им давам повеќе шанси на САД да пројдат овде, годинава им се погоди и да имаат добар тим, а еве и добар распоред сега. Не верувам дека така лесно ќе ја испуштат шансата. Ма да ништо не се знае и со нигериве.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom