Која е причината зошто не го напуштите домот на родителите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Intex
  • Време на започнување Време на започнување
I

Intex

Гостин
Инспириран од ејтин енд лајф на Скид Роу ја отварам темава. :D

Верувам дека голем број од вас не се согласуваат со своите родители, и сакаат да се осамостојат, сами да си го трасираат патот во животот.
Единствен начин да се постигне тоа е да се напушти домот на родителите и да се осамостоите. Но, зошто никој не го прави тоа? Немате храброст? Мислите дека нема да успеете во животот ако се одлучите за тој чекор? Но што ако успеете и после таква одлука; нели вие ќе бидете единствени кои ќе ги носите одлуките?

Да не ја должам многу, дискутирајте. : )
 
Бидејќи зошто би напуштила голем, луксузен стан, секој ден ручек на маса, чистачка и платени сметки за да живеам сама во зашупено гарсоњерче? За да покажам колку сум анархи-хаце-бунтовник без разлога? Don't think so.
 
Сакам да го напуштам и мислам дека ке го направам тоа за некоја може за 1-2 години максимум.Имам 18 и трета година средно сега завршив и несакам да си одам пред да завршам школо како прво.А после средно ке си најдам некоја работа и на факс ке одам сигуерно и мислам дека ке можам да се снајдам тогаш.Имам разговарано со моите на оваа тема неколку пати и ич не им се свиќа ама јас одлучив дека несакам до 20 и кусур да седам дома со нив поради многу работи и мислам дека ке биде правилно ако си отидам.Не верувам дека некогаш ке се сложат со мене ама ке дојде тој ден и ке речам ЧАО mom, dad its time....пак отварам тема за тоа деновиве со нив хех колку да не заборават ама сигурен сум дека сватија барем дека сум сериозен околу моето заминување.Ако некој има заминато од дома како јас што планирам нека пише да сподели искуства баш ме интересира што ме чека..позз
 
Имам голема куќа,голем двор,немам други браќа
Зашто би ја напуштил ? Дедо ми живеел тука,татко ми,што има ја да изигравам бунтовник или незнам шо да си идам.....
Кај и да е,ќе префрлам работите на горниот спрат,сам ќе бидам таму.
Поубаво здравје.
 
Сакам да го напуштам и мислам дека ке го направам тоа за некоја може за 1-2 години максимум.Имам 18 и трета година средно сега завршив и несакам да си одам пред да завршам школо како прво.А после средно ке си најдам некоја работа и на факс ке одам сигуерно и мислам дека ке можам да се снајдам тогаш.Имам разговарано со моите на оваа тема неколку пати и ич не им се свиќа ама јас одлучив дека несакам до 20 и кусур да седам дома со нив поради многу работи и мислам дека ке биде правилно ако си отидам.Не верувам дека некогаш ке се сложат со мене ама ке дојде тој ден и ке речам ЧАО mom, dad its time....пак отварам тема за тоа деновиве со нив хех колку да не заборават ама сигурен сум дека сватија барем дека сум сериозен околу моето заминување.Ако некој има заминато од дома како јас што планирам нека пише да сподели искуства баш ме интересира што ме чека..позз
е ќе те видам кај ќе најдеш работа каде што ќе те плаќаат мин 16 000(од прилика толку ти требаат за да имаш нормален живот) и плус да студираш факс(без проблем да одиш на испити,колоквиуми,да земаш потписи,да заверуваш семестри итн)..................сепак ова кај нас е СФ............зашто да плаќам кирија 100 евра(мин) кога за 3/4 години можам да си земам некоја кола на рати.........

да ни дозволуваше стандардот не гледам зашто не би живеел сам.........но вака со цигански живот од ден за ден ЈОКККККККККК
 
Ако се осудам на такво нешто моите гарант би ме избркале од дома.
 
Хаха па како би те избркале ако ти веќе заминеш?Што корист од тоа?:vozbud::pos2:
 
Нашиот менталниот склоп е заснован врз традиционалните вредности и поврзаност кон фамилијата. Таа поврзаност се всадува уште од најрана возраст и се засновува врз постојано негување на блиски односи со своите ближни. Градењето на култ од фамилијата како светост е основна причина која во даден период од одредена возраст (полнолетство или подоцна) не прави немоќни да превземеме чекори за потполно осамостојување. Но и не само тоа. Самите односи и релации во општеството се така поставени што за секој макар и најмал напредок мораме да се ослониме на блиски од фамилијата. Со самото тоа ние несакајќи стануваме еден вид паразити кои за да опстојат морат да бидат помогнати и потхранети од ближните свои. Така желбата или љубопитноста за да се побегне од дома во самостоен живот е изгасена толку многу, колку што еден лав израснат во зоолошка градина ќе сака да се врати во дивината.
 
Сакам да го напуштам и мислам дека ке го направам тоа за некоја може за 1-2 години максимум.Имам 18 и трета година средно сега завршив и несакам да си одам пред да завршам школо како прво.А после средно ке си најдам некоја работа и на факс ке одам сигуерно и мислам дека ке можам да се снајдам тогаш.Имам разговарано со моите на оваа тема неколку пати и ич не им се свиќа ама јас одлучив дека несакам до 20 и кусур да седам дома со нив поради многу работи и мислам дека ке биде правилно ако си отидам.Не верувам дека некогаш ке се сложат со мене ама ке дојде тој ден и ке речам ЧАО mom, dad its time....пак отварам тема за тоа деновиве со нив хех колку да не заборават ама сигурен сум дека сватија барем дека сум сериозен околу моето заминување.Ако некој има заминато од дома како јас што планирам нека пише да сподели искуства баш ме интересира што ме чека..позз

Еееее и ја си праев вакви планчиња у средно, али некако не искачаат на крај ко шо треба. Работата и парите на крај стануваат ненадминлив проблем. Стабилна работа со плата доволна за самостоен живот е речиси невозможно да се најдат додека студираш.
Освен ако не ти плаќаат твоите за да им се тргнеш од пред очи. Тогаш е решен проблемот. :) Сепак со среќа со планот, може ќе ти се посреќи.
 
Прво зашо немаме стандард.
Кај нас луѓево не прават свадби у денешно време освен ако невестата не е малку трудничка зашто немаат кај да живеат, а да не зборам за студенти! Имаме плати ко во Зимбабве, а имаме цени на станови ко у Виена.
Епа јебига ќе живееме кај мама и тато.
Кај нас немаш работа со факултетска диплома, а како студент може да заработиш како келнер само. Со 300 денари на ден ни трошоци на факс не можеш да покриеш, а камо ли и стан сопствен, секако со сметки.
А да не зборам за луѓе од Скопје да се осамостојат и да живеат сами. ТОА Е ЛУКСУЗ!
А второ е што сме си поврзани со мама и тато. Иако мислам дека да имаме можности да студираме, работиме за добри пари, ќе сакаме и ќе размислуваме да живееме сами. Вака само во американски филмчиња тоа го гледаме.
 
@Saseppt
И јас сум со исти план, ама ваљда недоволна храброст не ми го дозволува тоа.

Не мораш да си у стан за кој ќе плаќаш кирија од сто евра де, самец си, можеш и со 50 да поминеш месечно. Е тогаш ќе ти остане нешто. Може не за луксуз, ама за солиден живот ќе имаш.
 
Во Холандија кој наполни 18 си оди од дома:)
Правило кое се пренесува со генерации наназад.
Некои им даваат стан и кола,им плаќаат студии,но некои буквално се препуштени сами на себе,па живеат во поефтини станови и работат за малку пари.Битно за нив е сам да се снајдеш и успееш.Те бркаат од дома за да станеш човек.Отпрвин бев шокирана,но прифатив дека и не е толку лошо.Наместо да ги трошат парите на родителите,да легачат и да бидат како паразити,тие учат и мислат како да се снајдат понатаму.
Имаше пример со едно момче,татко му голем имот,богат до немајкаде...и си оди дечкото од дома сам да се снајде и успее...без татковите пари и имот.
Ние така да направиме...не ми се верува...никогаш...би останале до последно таму,користејќи ги благодетите од родителите.
 
Зашо мајка ми готви ремек дела, а ја у кујна знам само кафе да сварам.. Неспособен сум да се прехранам човечки, глатко ќе го проживеам остатокот од живoтов на попара бисквити и мачканици..
Тоа па дека неам асална работа од која би ги купил тие бисквити и мачканици е друг муабет... :icon_lol:
 
@Saseppt
И јас сум со исти план, ама ваљда недоволна храброст не ми го дозволува тоа.

Не мораш да си у стан за кој ќе плаќаш кирија од сто евра де, самец си, можеш и со 50 да поминеш месечно. Е тогаш ќе ти остане нешто. Може не за луксуз, ама за солиден живот ќе имаш.

WE CAN DO IT.Никогаш нема да дознаеш дали можеш ако не пробаш нели?Ама несакам да го правам тоа само за да видам дали е можно и како би идело.Ако одам одам да останам.И се распрашав може да се најде и за 50 евра ако си сам....како за почеток премија е...и незнам кој спомна 16 000 денари плата па тоа е одлично.Ако најдеш за 3000 сместување тогаш имаш и за факс и за остало а луксуз хах FAR AWAY FROM THAT.Сепак праиме муабет за осамосталување тешко е на почеток нормално...
 
@Saseppt
И јас сум со исти план, ама ваљда недоволна храброст не ми го дозволува тоа.

Не мораш да си у стан за кој ќе плаќаш кирија од сто евра де, самец си, можеш и со 50 да поминеш месечно. Е тогаш ќе ти остане нешто. Може не за луксуз, ама за солиден живот ќе имаш.
Стан за некој сам да живее за 50 евра? Една гарсоњера најефтина е 100 евра. А сметки, струја, телефон, вода, телевизија бла бла. Јадење, пиење, искачање млади сме си нели, плус студирање...
Епа пак треба убава плата да имаш!
А до 25 години без искуство, со студии плус, тешко се наоѓаат тие пари.
А немаат таква плата младите во Македонија!

Значи не станува збор само за киријата тоа е најмал проблем, сметките се проблем. Плус дома мама ти прави јадење. Ако живееш сам, сам ќе пазаруваш, сам ќе готвиш, сам ќе чистиш, переш... а со се тоа си идат и трошоци.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom