Раст на невработеноста

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.455
...никад нема да ме убедиш у спротивно па ако сакаш цел интерент постирај го овде. Толку од мене

Изреката е во друга конотација кажана, ама стварно немам сила веќе да објаснувам извини. Политика по дифолт не поднесувам, незнам ни зашто почнав да дискутирам на темава...
Некој од инает сто кила сол изел, се гледа дека не си хејтер :pos2:

Политика не поднесуваш, хејтери не поднесуваш, ама на сите му рипаш очи да му вадиш, без разлика на тема...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тенеке батали го,најде на кој да им објаснуваш за задолжено стопанство и невработеност...Прво треба да почнеш од почеток,што е стопанство.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Некој од инает сто кила сол изел, се гледа дека не си хејтер :pos2:

Политика не поднесуваш, хејтери не поднесуваш, ама на сите му рипаш очи да му вадиш, без разлика на тема...
Инат...хејтер? :pos2: ај нема везе и онака џабе пишувам...Изглеа карактерните особини на луѓево у државава не ви се познати баш ама нема везе, еве у право си задоволен ли си сеа?

А да иначе овој пост тебе те двои од хејтерите, во кои според тебе спаѓаат сите што имаат свои цврсти убедувања? Cool story bro! :)
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
,,Во општината се невработени вкупно 14 078 граѓани на Велес се водат во евиданцијата на Агенцијата за вработување. Единствениот позитивен сигнал во оваа бројка е тоа што трендот оди кон намалување. До пред некое време во градот имаше и над 16 000 лица кои бараа работа.’’ Мене ова ме радува, фактот дека во Велес се намалува невработеноста. Бројката на невработени сепак е голема. Меѓутоа, морам да ги споменам и вработенте на црно, кои работат во Бугарија, Грција, конфекциите(земаат мала плата од 10 000 до 12 000 зависно од тоа колку ке сработат, ама барем земаат, иако не ги пријавуваат, за што сами се криви, ама тоа е др тема), Фракнфурт:), големиот број непријавени земјоделци, препродавачи и слично. Сите имаат пари за живот. Без разлика колку у да викаат дека нема, не можам да поверувам, оти ги гледам навечер девојчињата сите облечени во последна мода, секоја вечер со ралични штикли, во кафана нема место после девет, се отвараат супермаркети постојано бидејќи има огромна потрошувачка, се изнајмуваат организаторки за венчавки, се прават родендени на децата во игротеки, а поголемите задолжително во кафана, и згора на тоа одат најмалку до Грција на одмор, и сигурно некој викенд за Охрид. Единствените сиромаси, ама ептен сиромаси се оние кои не сакаат да работата било што.Бидејќи ако сака, со осмо одделение, може да работи аргат некаде, и да зема редовно по 9 000 до 10 000 денари плата. Не е вработување само ако си во државно.
За разлика од сите овие кои кукаат, јас имам 2 пара штикли, од кои и двата ми се купени пред 3, односно 4 години. На одмор не одам оваа година, лани бев во Бугарија, и сама си готвев во соба, си носев решо и варев макарони:) Во кафани одам еднаш месечно, во кафич еднаш на 6 месеци, најголем луксуз е ако купам кашкавал за јадење. И замислете, јас не кукам. Сега ми е супер, оти кога студирав, кога одев на факс, не јадев оти ми беше скапо да јадам во Скопје, одев со воз а дома супер беше кога имаше месо два-три пати во месецот. Тој период во прва година на факс, втора, а можеби и трета, беше ужас.
За жал, ништо од моменталниве привилегии не ме фанаа. Плаќав и за книги, оти ако не купиш нема полагање. Немав компјутер(немаше ваучер) па плаќав 10 денари лист за семинарска принтање.Е ова е веќе за жалање. А да се жалам оти 10 дена одмор у Грција, Будва, Хрватска ми е малку, оти не знам да комбинирам гардероба па да се жалам оти нена алишта, да викам дека нема работа оти бирам каде да работам, да викам дека 3000 социјална помош е малку а да зиам плата од 700 евра во Бугарија... Е тоа тешко да се случи.
Една баба на А1, уште долго ќе ја спомувам. Вика, земам пензија 15 000, сама сум, па малце ми се и работам по нивите. Малце и се??!?? На 75 години сама жена малце и се???

Луѓе, констатација - луѓето само кукаат и се жалат. Никој нејќе да работи, сите се жалат дека нема работа и тоа е. Затоа продолжете да гледате А1, нека во полнат со негативна енергија, помирете се дека сте еден од многуте невработени, и место да кукате, живејте со паролата нема работа за никој, нема ни за мене,, па да не се трудам да барам.
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
Вака, во оваа држава упропастено беше (и уште е земјоделството), едно од најважните гранки во државава, замислете да се вратат сите во своите родни села, па и старите граѓани што имаат ниви, воденици да почнат да ги работат, нема ли да заработат за живеачка? Нека почнат сите да произведуваат, па ќе видете како ќе се најдат пазари, ама нема кој да стани да работи. Баталете тоа конфекции, че се пукаш, че се туфкаш цел месец 1,2,3 смена, на крај во пликото 2-3 илјадарки ко че видиш че речиш да ти се плукнам во животот кучешки (свака част на тие шо се во средени фирми), да не го спомнувам непријавеното работење, осигурувањето. Факт е дека трошоците се големи, ама затоа што ние тоа така го правиме. Немаш, не кукај секој месец за патика од 6-7 илјади, за пантолом марка, за кожен џакет, гледај и ти, ако си дете во фамилијата, дека се нема, намали трошња малце, ќе видиш како сите посреќни ќе бидат.Тоа ни фали, пред се скромност, после тоа мотика и на нива, па јас не знам човек шо нема нива, нели од дедо, прадедо секој нешто наследил, тие не биле глупави да купуваат земја.
Ама па постојат и неизбежни трошоци кои се на душа на државата (сметки, корупција во образование) и кои и тоа како ни го отежнуваат животот. Затоа еве моиве се туфкаат да фатат врски да влезам во студентски пошо знаат дека ни за жива глава не ставам потпис на партиска книшка, сето тоа оти знаат колку учам и ме бива за тоа што ме интересира. Е сеа мое е ако завршам, че се вработам, ако не мотиката, едно тракторче, од прадедо ми нивите че ги орам, не ми е гајле шо цел живот в град живеам (како и моите предци), че мора да се живее.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Заклучок од постот на Лејди:Биди среќен ако купиш кашкавал во ова време.
Македонските луксузи се сведени под црвена линија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.259
Луѓе, констатација - луѓето само кукаат и се жалат. Никој нејќе да работи, сите се жалат дека нема работа и тоа е. Затоа продолжете да гледате А1, нека во полнат со негативна енергија, помирете се дека сте еден од многуте невработени, и место да кукате, живејте со паролата нема работа за никој, нема ни за мене,, па да не се трудам да барам.
Да не го цитирам цел пост...ми лајк ит :) со поголемиот дел се слагам, само она цитираното дека има ама не работиме, не би рекол...иам и на своја кожа (на свои раце) осетено, а и сеа за децава...не е баш така, едноставно чаре тешко се наоѓа.

До @leandra, одморот не е 300 евра, ако земеш рент, ако си приуштиш у грчка малку повеќе, седнеш на пиво, пица (морски плодови се изгор, не ги спомињам), минимум е 500 евра, а за фамилија испод 1000 евра не сметај на одмор него на војникување.

До @beneamata.
Јас сум еден од оние кои спомињаа одмори...па мајката ако баталиш форум, ќе видиш дека и на маса штом седнеш со некого одма сере дека е срање државава...ама зимски одмор, летен одмор...и тоа не тука него у Швицарска, Италија, Грција којзнае каде... Тие се оние најголеми бунаџии дека ништо не чини...мене тоа ме удира у нерв. Иам вакви познаници кои се секој месец негде...ама а дојдат дома одма Петко, Грујо, Шаќир, БЦ, Мери, Станко...не им чинат, е таквото не им чини.

Btw, ја сум еден од тие што муд(а)руваат со критики, по ништо не се двојам од мнозинството (така се ослободувам од негативна енергија), ама ако стварно немам, ќе си седам дома или ќе скратам од друго.

Сум седел по 3-4 години без одмор...неам, нема да идам, иам ќе идам ама ќе си минам по мој кејф. Или пак сме ние апсурд од држава каде сите си збориме, а сите идеме на одмор, пљус на кафе у Охрид, на викенд у Берово, на воздух у Маврово...плажите скопски не ни чинат -ако немаш пари дадичке ќе идеш на плажа сред Скопје, као што ние сме иделе на Лепенец, на Пчиња, на диви места само да не дааме пари.
Ги нема да проговорат оние кои стварно немаат, тие се тивки...незабележливи, као духови минуваат поред нас.

Затоа ги спомнав одморите, не оти ме здоболе дал некој ќе оди и на Арктик :)
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Неможам да поверувам што читам во темава.Некој се дрзнува да каже дека одмор од десет дена каде се мине со 300 евра е луксуз.Утре ќе ни речат дека и лебот ни е луксуз.Која машинерија за перење мозок е навлезена моментално неможам да поверувам.Од каде бе лебов?-го купив.Ај бе лажго еден,немал пари,а леб купува.
Дали вие воопшто знаете кој се нормални човекови потреби?Дали знаете за оние кој земаат од мама и тато што значи одмор на детето да се плати?Сте влегле во некоја машина и мелете само,како не ви е срам.Цела година да работам и да можам да си дозволам едни мочани 300/400 евра одмор и некој да ми сере за тоа.Блокирајте ја сител,блокирајте ги сите телевизии,ќе станете луѓе.
Имал 5 дена работно искуство и једе на темава како било во реален сектор,невработен а збори за прикриена вработеност.Како ми иде да земам една палка и се да измавам од земјава!
Во ситацијата која сите си ја претставуваат (дека нема пари за леб,нема што да се јаде и сл.) одмор во Грција е луксуз.Но ситуацијава овде не е толку затуцана (а затуцана е) за да неможе некој да си дозволи одмор од 400 евра,или автомобил од 2000 евра.Не сте ми јасни зошто толку преувеличувате како луѓето немале леб како овде се умирало од глад и слично.
П.С. Што се однесува до мене сите македонски телевизии треба да се забранат (на МТВ да им се дозволи да емитуваат светско а после тоа кврц)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во ситацијата која сите си ја претставуваат (дека нема пари за леб,нема што да се јаде и сл.) одмор во Грција е луксуз.Но ситуацијава овде не е толку затуцана (а затуцана е) за да неможе некој да си дозволи одмор од 400 евра,или автомобил од 2000 евра.Не сте ми јасни зошто толку преувеличувате како луѓето немале леб како овде се умирало од глад и слично.
П.С. Што се однесува до мене сите македонски телевизии треба да се забранат (на МТВ да им се дозволи да емитуваат светско а после тоа кврц)
Овде има онолку колку да се преживее.Ако скратиш и од тоа што го имаш ќе одиш на одмор,ако не нема да одиш.Кај нас нема средна класа има богати и сиромашни.Во сиромашни влегуваме сите оние кој ни е луксуз кашкавал или одмор од десет дена во Грција.Ама некој да рече дека треба да бидеме среќни што не сме мртви,па да ти се плуканм во животот.Ова е најниското скалило на кое сме,нормално дека ќе плукаме по се и сешто и дека ќе се трудиме да заработиме колку што можеме.
И да не рече некој дека не сме биле први во нешто,еве не на листа први во светот по невработеност:
http://247wallst.com/2010/06/23/the-fifteen-nations-with-the-highest-unemployment-in-the-world/

Видете кој држави се пред нас,во Африка алоо,во Африка има помала невработеност!
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Само кај нас пости уверување дека ако не си за Сдсм мора да бидеш за Вмро, и после толку долги години соочување со реалност дека двета партии се далеку од (сјаен избор) отанува истото, тоа е Македонец. Сега, ако некој гледа реално на работите и неговото мислење не се совпаѓа со она што го имаат тие изргадено тогаш автоматски станува противник т.е. не е на нивна страна, или поточно припаѓа на спротивниот табор!?..одлично! Врвот на сето ова е што сите оние кои немаат директна корист од било која од наведените партии се простаци од невиден размер. Извинете на изразов но ако немаш загаранитрано добро работно место, или финансиска поткрепа од некоја од партииве не гледам АБСОЛУТНО никаква причина да провоцираш или да се расправаш со некого на таа тема. На кратко да тврдиш дека народов овде е работлив и дека вината е директно и само во државата а не и во особните и менталитетот на граѓаните е за мене тотално несватливо. Колку пати до сега предизборни ветување а после поплаки за неисполнување на истите. Ве заебале? не гласај лесно е. Демек порано подобро се живееше и мед и млеко течеше, и се идеше на одмори и се плаќаа кирии ма све...животот овде е на ниско ниво за времето на владење на едната и на другата партија.

Наместо тоа сватете дека постојат и луѓе со неутрален став...
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Овде има онолку колку да се преживее.Ако скратиш и од тоа што го имаш ќе одиш на одмор,ако не нема да одиш.Кај нас нема средна класа има богати и сиромашни.Во сиромашни влегуваме сите оние кој ни е луксуз кашкавал или одмор од десет дена во Грција.Ама некој да рече дека треба да бидеме среќни што не сме мртви,па да ти се плуканм во животот.Ова е најниското скалило на кое сме,нормално дека ќе плукаме по се и сешто и дека ќе се трудиме да заработиме колку што можеме.
И да не рече некој дека не сме биле први во нешто,еве не на листа први во светот по невработеност:
http://247wallst.com/2010/06/23/the-fifteen-nations-with-the-highest-unemployment-in-the-world/

Видете кој држави се пред нас,во Африка алоо,во Африка има помала невработеност!
Се согласувам.Но мене не ми е јасно како може сите да возат некој нови коли кој не се под 2000 евра,сите да купуваат ајфони и незнам какви други модерни телефони и потоа да се жалат како немале пари и слично.Ако немаш пари живеј си скромен живот а не се расфрлај со пари па потоа да се стискаш цел месец.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
,,Во општината се невработени вкупно 14 078 граѓани на Велес се водат во евиданцијата на Агенцијата за вработување. Единствениот позитивен сигнал во оваа бројка е тоа што трендот оди кон намалување. До пред некое време во градот имаше и над 16 000 лица кои бараа работа.’’ Мене ова ме радува, фактот дека во Велес се намалува невработеноста. Бројката на невработени сепак е голема. Меѓутоа, морам да ги споменам и вработенте на црно, кои работат во Бугарија, Грција, конфекциите(земаат мала плата од 10 000 до 12 000 зависно од тоа колку ке сработат, ама барем земаат, иако не ги пријавуваат, за што сами се криви, ама тоа е др тема), Фракнфурт:), големиот број непријавени земјоделци, препродавачи и слично. Сите имаат пари за живот. Без разлика колку у да викаат дека нема, не можам да поверувам, оти ги гледам навечер девојчињата сите облечени во последна мода, секоја вечер со ралични штикли, во кафана нема место после девет, се отвараат супермаркети постојано бидејќи има огромна потрошувачка, се изнајмуваат организаторки за венчавки, се прават родендени на децата во игротеки, а поголемите задолжително во кафана, и згора на тоа одат најмалку до Грција на одмор, и сигурно некој викенд за Охрид. Единствените сиромаси, ама ептен сиромаси се оние кои не сакаат да работата било што.Бидејќи ако сака, со осмо одделение, може да работи аргат некаде, и да зема редовно по 9 000 до 10 000 денари плата. Не е вработување само ако си во државно.
За разлика од сите овие кои кукаат, јас имам 2 пара штикли, од кои и двата ми се купени пред 3, односно 4 години. На одмор не одам оваа година, лани бев во Бугарија, и сама си готвев во соба, си носев решо и варев макарони:) Во кафани одам еднаш месечно, во кафич еднаш на 6 месеци, најголем луксуз е ако купам кашкавал за јадење. И замислете, јас не кукам. Сега ми е супер, оти кога студирав, кога одев на факс, не јадев оти ми беше скапо да јадам во Скопје, одев со воз а дома супер беше кога имаше месо два-три пати во месецот. Тој период во прва година на факс, втора, а можеби и трета, беше ужас.
За жал, ништо од моменталниве привилегии не ме фанаа. Плаќав и за книги, оти ако не купиш нема полагање. Немав компјутер(немаше ваучер) па плаќав 10 денари лист за семинарска принтање.Е ова е веќе за жалање. А да се жалам оти 10 дена одмор у Грција, Будва, Хрватска ми е малку, оти не знам да комбинирам гардероба па да се жалам оти нена алишта, да викам дека нема работа оти бирам каде да работам, да викам дека 3000 социјална помош е малку а да зиам плата од 700 евра во Бугарија... Е тоа тешко да се случи.
Една баба на А1, уште долго ќе ја спомувам. Вика, земам пензија 15 000, сама сум, па малце ми се и работам по нивите. Малце и се??!?? На 75 години сама жена малце и се???

Луѓе, констатација - луѓето само кукаат и се жалат. Никој нејќе да работи, сите се жалат дека нема работа и тоа е. Затоа продолжете да гледате А1, нека во полнат со негативна енергија, помирете се дека сте еден од многуте невработени, и место да кукате, живејте со паролата нема работа за никој, нема ни за мене,, па да не се трудам да барам.
И што ти е муабетов, дека ако имаш за леб и сол не треба да кукаш? Дека тоа е НОРМАЛЕН живот?
Значи ич не ми сте јасни. За вас нормален живот е да преживеете во месецот со леб и сол, да платите сметките, и уште 500 денари да се допишите в продавница. А ако се пишите над 1000 тоа е веќе луксуз. Оф мореее....

А ти си размислила дека утре другиден деца ќе имаш? Дека ако се 2 машки, треба да ги обезбедиш стамбено. А за да ги обезбедиш стамбено треба да тргаш пари на страна. А за да тргаш пари на страна треба да ти остануваат пари од платата, а не да се пишуваш во продавница. И дека нормално треба да биди и на еден чистач да му остануваат пари за "црни дни", или ги обезбеди децата? <- Да ова нормално е, само за вас е научна фантастика, оти мислите дека кашкавалот луксуз е.
Заклучок од постот на Лејди:Биди среќен ако купиш кашкавал во ова време.
Македонските луксузи се сведени под црвена линија.
Е па тоа е бе Леандро, че јадиме леб и симит и че чутиме. Оти маНгарино луксуз е.:toe:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се согласувам.Но мене не ми е јасно како може сите да возат некој нови коли кој не се под 2000 евра,сите да купуваат ајфони и незнам какви други модерни телефони и потоа да се жалат како немале пари и слично.Ако немаш пари живеј си скромен живот а не се расфрлај со пари па потоа да се стискаш цел месец.
Кој се тие сите?Прочитај го Луртз,значи ги гледаш само оние што имаат,а останатите се како духови,не ги приметуваш.Има милионери и во Македонија,има доста богати.Кога ќе земеш во проценти,скоро сите биле дел од политика,нивните фамилии.
Наместо да гледаш по улици кој вози,качи се во воз,макар и на кратка релација види ги тие луѓе.Потоа влези во основно школо,во клас,погледни ги децата,сигурно ќе ја приметиш разликата.
За да му купиш на детето ајфон,нема да јадеш,од проста причина што детето не разбира дека нема.И на родителот му е најтешко,кога мора да го удоволи своето дете,да го пушти на одмор,да му даде пари за на школо.Зависи од воспитувањето,има „деца“ и на 25 години кој уште плачат по најк патики.
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Заклучок од постот на Лејди:Биди среќен ако купиш кашкавал во ова време.
Македонските луксузи се сведени под црвена линија.

Ако од цел пост само ова го извлече како заклучок....
Сепак, сами си ги определуваме луксузите. За некој е луксуз Палма де Мајорка, за некој Грција, за некој кашкавал, за некој 4 пати одење на одмор. За мене луксуз е среќата. Кога го имам тоа, имам се. Не сум огорчена оти не одам на одмор и не плукам по државата. Знам дека за да имам треба да се трудам, дека наместо да си го печам газот на одмор и да се жалам оти охриѓани сладоледот го направиле 100 денари, ќе ги зачувам парите и ќе инвестирам во единственото што го имам, во мене.
Бидејќи ако само осум магистри се невработени, а 10 000 се невработени со само основно или средно образование(Велес зборувам), знам што треба за да не бидам без работа. Енергијата и парите ги трошам на себе, не на излежавање на плажа, кукање оти сум во Охрид а не во Макарска.Ќе учам трет странски јазик, за кој курс ќе платам шестина од одморот:)
На крајот на краиштата, има толку начини да работиш а да не е администрација. Паметен човек ќе си отвори консалтинг:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom