,,Во општината се невработени вкупно 14 078 граѓани на Велес се водат во евиданцијата на Агенцијата за вработување. Единствениот позитивен сигнал во оваа бројка е тоа што трендот оди кон намалување. До пред некое време во градот имаше и над 16 000 лица кои бараа работа.’’ Мене ова ме радува, фактот дека во Велес се намалува невработеноста. Бројката на невработени сепак е голема. Меѓутоа, морам да ги споменам и вработенте на црно, кои работат во Бугарија, Грција, конфекциите(земаат мала плата од 10 000 до 12 000 зависно од тоа колку ке сработат, ама барем земаат, иако не ги пријавуваат, за што сами се криви, ама тоа е др тема), Фракнфурт
, големиот број непријавени земјоделци, препродавачи и слично. Сите имаат пари за живот. Без разлика колку у да викаат дека нема, не можам да поверувам, оти ги гледам навечер девојчињата сите облечени во последна мода, секоја вечер со ралични штикли, во кафана нема место после девет, се отвараат супермаркети постојано бидејќи има огромна потрошувачка, се изнајмуваат организаторки за венчавки, се прават родендени на децата во игротеки, а поголемите задолжително во кафана, и згора на тоа одат најмалку до Грција на одмор, и сигурно некој викенд за Охрид. Единствените сиромаси, ама ептен сиромаси се оние кои не сакаат да работата било што.Бидејќи ако сака, со осмо одделение, може да работи аргат некаде, и да зема редовно по 9 000 до 10 000 денари плата. Не е вработување само ако си во државно.
За разлика од сите овие кои кукаат, јас имам 2 пара штикли, од кои и двата ми се купени пред 3, односно 4 години. На одмор не одам оваа година, лани бев во Бугарија, и сама си готвев во соба, си носев решо и варев макарони
Во кафани одам еднаш месечно, во кафич еднаш на 6 месеци, најголем луксуз е ако купам кашкавал за јадење. И замислете, јас не кукам. Сега ми е супер, оти кога студирав, кога одев на факс, не јадев оти ми беше скапо да јадам во Скопје, одев со воз а дома супер беше кога имаше месо два-три пати во месецот. Тој период во прва година на факс, втора, а можеби и трета, беше ужас.
За жал, ништо од моменталниве привилегии не ме фанаа. Плаќав и за книги, оти ако не купиш нема полагање. Немав компјутер(немаше ваучер) па плаќав 10 денари лист за семинарска принтање.Е ова е веќе за жалање. А да се жалам оти 10 дена одмор у Грција, Будва, Хрватска ми е малку, оти не знам да комбинирам гардероба па да се жалам оти нена алишта, да викам дека нема работа оти бирам каде да работам, да викам дека 3000 социјална помош е малку а да зиам плата од 700 евра во Бугарија... Е тоа тешко да се случи.
Една баба на А1, уште долго ќе ја спомувам. Вика, земам пензија 15 000, сама сум, па малце ми се и работам по нивите. Малце и се??!?? На 75 години сама жена малце и се???
Луѓе, констатација - луѓето само кукаат и се жалат. Никој нејќе да работи, сите се жалат дека нема работа и тоа е. Затоа продолжете да гледате А1, нека во полнат со негативна енергија, помирете се дека сте еден од многуте невработени, и место да кукате, живејте со паролата нема работа за никој, нема ни за мене,, па да не се трудам да барам.