Oд септември Царината ќе казнува и ќе одзема возила.

Што мислите:

  • Ќе се одземаат возилата.

    Гласови: 18 37,5%
  • Кучињата ќе лаат ама карванот ќе си врви.

    Гласови: 21 43,8%
  • Ќе се пролонгира рокот, ама на крај ќе биде како досега.

    Гласови: 9 18,8%

  • Вкупно гласачи
    48

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
[/B] prvo nema sto da barate pari VIE toa e rabota na osiguritelnata agencija.sum imal nezgoda so vozilo so bg tabli i mi dava covekot evropski karton go ispolnavme i tocka.go nosam vo germanija voziloto go davam kartonot vo agencija i posle si brkaat tie.
vtoro za kasko registriranje ne e razlika 80 evra,ne zboruvam sega samo za bugarija.vo makedonija za kasko osiguruvanje za ista kola(vw passat) mojot prijatel plakja 11 500 denari bez zelen karton, a jas vo germanija plakjam 1200 evra imam popust 40% i dobivam zelen karton za 4 eura. a da ne zboruvam za ugodnostite sto mi gi davaat mene i tie vo mk.
Епа работите вака одат...
Оној европскиот си го исполнивме...се тоа како што треба...
После, откако јас си ја поправам штетата, одам во осигурителната компанија кадешто ми е регистрирана колата, со цел исплата на штета од трето лице, странски државјанин... Тие велат дека надлежно е Националното биро за осигурување. Таму велат дека можам да ја барам штетата од која и да било осигурителна компанија, а тие врз основ на меѓународни норми, ќе и надоместат.
Рандом компании се прават улави и ме упатуваат на бирото... И јас изигрувам пинг-понг топче...А во меѓувреме сум си платил поправката на колата, и чекам сега да ми се рефундираат парите...некако вонсудски, ако не...тогаш тужбата и готово.
Е да им се мочам у тоа бугарските таблици!
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ајдееее, муабет ко од дете во забавиште. Епа ти регистрирај си ја овде колата и ич да не те боли кај ќе ја регистрирам јас, на крајот и медал ќе ти дадат:tapp:. И дај информирај се малку пред да пишиш глупости, регистрацијата во странство можиш и од тука да ја средиш и за помалку од 15 минути...
Сум се родил во Македонија, во Македонија заработувам за живот, на Македонија и ги плаќам сите давачки вклучувајќи ја и регистрацијата... И да знајш дека ич не ме боли, особено не ако го соберат авто отпадот и го пресуваат на некој отпад.

А дај ти кажи ми што добиваш од тоа што си ја продаваш душичката... освен што имаш гага зелен картон, во превод 150 евра годишно, што замене лично се безвредни...
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Ајдееее, муабет ко од дете во забавиште. Епа ти регистрирај си ја овде колата и ич да не те боли кај ќе ја регистрирам јас, на крајот и медал ќе ти дадат:tapp:. И дај информирај се малку пред да пишиш глупости, регистрацијата во странство можиш и од тука да ја средиш и за помалку од 15 минути...
А извини вака...технички преглед на возилото, кое е услов за регистрација, преку Bluetooth ли ќе се изврши?
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Сум се родил во Македонија, во Македонија заработувам за живот, на Македонија и ги плаќам сите давачки вклучувајќи ја и регистрацијата... И да знајш дека ич не ме боли, особено не ако го соберат авто отпадот и го пресуваат на некој отпад.

А дај ти кажи ми што добиваш од тоа што си ја продаваш душичката... освен што имаш гага зелен картон, во превод 150 евра годишно, што замене лично се безвредни...
Ти очигледно немаш ни излезено од Македонија некогаш. Оди прошетај малку, види како живеат врсниците твои, шо се вози на запад, шо патишта имаат, плати еднаш 10000 денари за зелен картон. А јас, возев на МК таблици, сега возам на странски и ја знам разликата. А тие 10000 денари за зелен картон, шо не ти значеле ништо, па некој со тие пари за гориво цела година ќе ја вози колата .:uvo:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ти очигледно немаш ни излезено од Македонија некогаш. Оди прошетај малку, види како живеат врсниците твои, шо се вози на запад, шо патишта имаат, плати еднаш 10000 денари за зелен картон. А јас, возев на МК таблици, сега возам на странски и ја знам разликата. А тие 10000 денари за зелен картон, шо не ти значеле ништо, па некој со тие пари за гориво цела година ќе ја вози колата .:uvo:
Друже јас тие 10.000 денари гориво ги трошам во 1 месец. Не ми дроби тоа, јасно ми е дека со 2000 евра плата и цени без данок секој западно европски вработен можи да си купи нова кола.

Туку кажи ми КАКО ТИ ЌЕ ГО ДОНЕСЕШ ТОЈ ЗАПАД ВО МАКЕДОНИЈА ако возиш ВОЗИЛО НА БУГАРСКИ ТАБЛИ. Тоа објасними го оти јас сум глуп, прост и закоравен (неам мрднато од државава) и не разбирам.
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Друже јас тие 10.000 денари гориво ги трошам во 1 месец. Не ми дроби тоа, јасно ми е дека со 2000 евра плата и цени без данок секој западно европски вработен можи да си купи нова кола.

Туку кажи ми КАКО ТИ ЌЕ ГО ДОНЕСЕШ ТОЈ ЗАПАД ВО МАКЕДОНИЈА ако возиш ВОЗИЛО НА БУГАРСКИ ТАБЛИ. Тоа објасними го оти јас сум глуп, прост и закоравен (неам мрднато од државава) и не разбирам.
Јас сам не, ама ако и сите вие, наместо енергијата што ја вложувате во кудењето на тие шо возат на странски таблици, да ја вложевте во барање на истите услови како што се во Словенија, Србија, Бугарија и сите нормални земји, ќе беше поинаку. Вака ништо не добиваш, се богатат само поединци во МК.
А 10000 денари за гориво низ град, можи, ако возиш такси...
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Ако вие што возите возила на туѓи таблички, и, следствено, полните ТУЃИ буџети го полневте оној македонскиот, може и тука веќе ќе беше запад...
Србија инаку имаат поскапа регистрација од нас, исто и поголеми давачки при увоз.
Бугарија ја сметаш за нормална држава??!! Која врши технички преку Bluetooth?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
А зошто вакво нешто не спроведат кај нас? За државата или за рејтингот се работи!?
друже... многу си контрадикторен... и тоа сам со себе... во погорниот пост прашуваш КАКО СМЕЕ ДРЖАВАТА ДА ОДЗЕМЕ ВОЗИЛО а после кога ти посочувам како се прави кај соседите, и тоа соседите со кои сме нај засегнати по ова прашање, ТИ поставуваш прашање, зашто и кај нас не се прави ова? мислам, дај одлучи се...

еве државата донесува закон со кој ако го држиш возилото подолго од 6 месеци ќе ти го одземат... тоа е нај благата форма на она што бугарите го прават со колите на странски таблици кај нив...

само јас ќе се согласам да овој закон помине како ваков, под услов да направат увозот на колата и целата легализација трае максимум 5 дена, а не сега и по 2 месеци луге си чукаат глави по шалтери, правници, царини, и чуда... да ти се одмили и кола донесена и увоз, и евтиноќа и све до к*рца (извинете за францускиот) со сите документи... да ти дојде да ја фрлиш во вардар... верувајте половина од познаници мои што ги знам, ги донесоа и им се одмили и кола и се и на крај кога завршија со папирологија, не седнаа во колита да ги возат, туку ги шитнаа од мука... а пари дал, се заангажирал за да си ги спаси парите... јас да бев на некое од нивните места уште по втората недела, ќе се откажев... толку је*авање за една кола? ма не доаѓа у предвид...

затоа мислам дека законов кој е во припрема вреди да биде издржан... нека си има фирми кои ќе си се бават со увоз на возила и ти можеш да идеш од плац да си купиш ДОНЕСЕНА-ПОЛОВНА кола од странство... и ќе знаеш дека таква си купил. а не да се развозуваш со кола со странски таблици низ државата....

некој погоре напиша за европскиот записник... ај молим те провери во колку осигурителни компании СТВАРНО го почитуваат тој записник и што се друго ти треба... прво и основно ти треба фотографии од сообраќајката... ако нема фотографии не ти ни важи барањето во повеќето од компаниите... а тек со странско возило? има да се откостиш од објаснување додека не испадне нешто...
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Ако вие што возите возила на туѓи таблички, и, следствено, полните ТУЃИ буџети го полневте оној македонскиот, може и тука веќе ќе беше запад...
Србија инаку имаат поскапа регистрација од нас, исто и поголеми давачки при увоз.
Бугарија ја сметаш за нормална држава??!! Која врши технички преку Bluetooth?
САД, или и то за тебе не е држава/и :tapp:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Onak, европскиот го бараат, и го уважуваат, за оние штети каде не е причинета поголема материјална штета, ама си бараат во секој случај и записник со скица од полиција, а штетата ја фотографираат сами осигурителните компании, т.е. нивните проценители...
Ама ај да не ја тупам со тоа многу...уште ми е свежа нервозата...

--- надополнето ---

САД, или и то за тебе не е држава/и :tapp:
Хммм...ти, ако не се лажам на Б`лгарски табли возиш и тврдиш дека таму можеш и онака да си ја регистрираш без технички...а регистрација без технички е глупост. Барем за мене... Така ќе можам да регистрирам и возило кое е потонато до бравите во кал во некоја нива...и, замисли, тоа така ќе може да се вклучи во сообраќај, ако го извадам...и тргнам со него, го запалам некако, па ми падне ауспухот, па подот комплет сосе седишта и со мене, па шасијата ќе продолжи да си вози понатаму...па ќе падне некое крило, тркало...ама регистрирано е.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Јас сам не, ама ако и сите вие, наместо енергијата што ја вложувате во кудењето на тие шо возат на странски таблици, да ја вложевте во барање на истите услови како што се во Словенија, Србија, Бугарија и сите нормални земји, ќе беше поинаку. Вака ништо не добиваш, се богатат само поединци во МК.
А 10000 денари за гориво низ град, можи, ако возиш такси...
И сега не ми кажа пак... како ти и таквите како тебе (што возат возила на Бг табли) ќе ја попрат ситуацијата во Македонија. Овде живееш, даваш пари за такси, регистрација, одржување на патишта и тн и тн и тн во Бугарија. Со која цел? Ако е така подобро, дајте кажете, и ние ќе ги напрајме возилата на Бугарски табли. Бар раат да бидиме сите ко веќе е поарно. А таму да не течи мед и млеко и сите пари исправно одат каде што треба....

Сега веќе и кај нас дојде исто увозот на возила како таму. Кој е ќарот да имаш Бг возило? За увоз било во Бг било во Мк горе долу исто се плаќа. И идиме до моментот дека ти уствари возиш возило на Бг само заради зелениот картон кој мораш да го извадиш (ај кажи колку е поевтин од Македонскиот??? цела година во Мкд е 9000 денари, а јас можам да извадам и за 1 месец ако имам потреба, ако не неморам) и регистрацијата која е поевтина.

за километрите, без 2000 месечно несум... па ти прај математики натаму кога не ми веруваш колку трошам за гориво. И невозам такси, за лични потреби исклучиво + тепам релација Скопје-Битола-Скопје 4-5 пати во месецот.
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Onak, европскиот го бараат, и го уважуваат, за оние штети каде не е причинета поголема материјална штета, ама си бараат во секој случај и записник со скица од полиција, а штетата ја фотографираат сами осигурителните компании, т.е. нивните проценители...
Ама ај да не ја тупам со тоа многу...уште ми е свежа нервозата...

--- надополнето ---

Хммм...ти, ако не се лажам на Б`лгарски табли возиш и тврдиш дека таму можеш и онака да си ја регистрираш без технички...а регистрација без технички е глупост. Барем за мене... Така ќе можам да регистрирам и возило кое е потонато до бравите во кал во некоја нива...и, замисли, тоа така ќе може да се вклучи во сообраќај, ако го извадам...и тргнам со него, го запалам некако, па ми падне ауспухот, па подот комплет сосе седишта и со мене, па шасијата ќе продолжи да си вози понатаму...па ќе падне некое крило, тркало...ама регистрирано е.
А ти шо мислиш, сите коли шо се регистрираат во МК се технички исправни :uvo: Па секој од нас знае минимум 100 случаеви кај шо некој го пуштиле со неисправна рачна, штоп, свирка, амортизери, зглоб... и како такви се возат по патиштата. Па циганите возат стари лади без гуми бе, на бандаж, па никој не ги гиба:tapp:
Инаку мислам дека во некои ЕУ држави техничкиот не е задолжителен, или барем се оди на неколку години а не секоја година.

--- надополнето ---

И сега не ми кажа пак... како ти и таквите како тебе (што возат возила на Бг табли) ќе ја попрат ситуацијата во Македонија. Овде живееш, даваш пари за такси, регистрација, одржување на патишта и тн и тн и тн во Бугарија. Со која цел? Ако е така подобро, дајте кажете, и ние ќе ги напрајме возилата на Бугарски табли. Бар раат да бидиме сите ко веќе е поарно. А таму да не течи мед и млеко и сите пари исправно одат каде што треба....

Сега веќе и кај нас дојде исто увозот на возила како таму. Кој е ќарот да имаш Бг возило? За увоз било во Бг било во Мк горе долу исто се плаќа. И идиме до моментот дека ти уствари возиш возило на Бг само заради зелениот картон кој мораш да го извадиш (ај кажи колку е поевтин од Македонскиот??? цела година во Мкд е 9000 денари, а јас можам да извадам и за 1 месец ако имам потреба, ако не неморам) и регистрацијата која е поевтина.

за километрите, без 2000 месечно несум... па ти прај математики натаму кога не ми веруваш колку трошам за гориво. И невозам такси, за лични потреби исклучиво + тепам релација Скопје-Битола-Скопје 4-5 пати во месецот.
За увоз на кола во БГ и МК има огромна разлика, можиш да ги провериш цените на интернет. Законот за увоз не е баш онаков каков што го кажуваа, не се изменија работите многу спрема порано. Годишни давачки за регисстрација + годишен зелен картон таму се околу 5500 денари во МК за истата кола истите давачки = 20000 денари, шо значи една година регистрирана тука, таму четири. Зелениот картон можи тебе не ти треба, ама мене, многу. И не мора да се истите давачки ко таму, нека се дупло поскапи (а не 4 пати), барем да се цените на колите исти, да можиш ко чоек да менваш на 3-4 години кола.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Лексмарк, еден викаше дека Опел Астра регистрирано во Петрич, мотор 1.4 со 75 КС, сосе зелен картон чини околу 200 евра.
Регистрирањето на истата кола во Македонија ќе чини од 9000-12000 денари, без зелен картон. Така да, оние 5500 денари се малце научна фантастика.
Бугарите се во ЕУ, што значи дека од каде било од ЕУ донесена кола се смета како домашна и само се регистрира, значи нема царини и сл.
 
Јас 3 години регистрирам кола и знам колку плаќам, околу 80 евра осигурање со зелен картон и максимум 10 евра технички. Босна не е во ЕУ па цените на колите таму уште пред 20 гадини се како во Германија.
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Јас 3 години регистрирам кола и знам колку плаќам, околу 80 евра осигурање со зелен картон и максимум 10 евра технички. Босна не е во ЕУ па цените на колите таму уште пред 20 гадини се како во Германија.
Ако тебе не ти смета тоа што те пишува бугарин, а утре - другиден и твоите деца ќе бидат бугари само за да возиш поевтина кола, слободно. јас мислам дека не вреди.:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom