Медведев ќе ја посети Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
Договорот во голема мера беше исполнет што се однесува на штетата која ни е направена, точно се гледаат игрите на Западот и Истокот во некорист на Македонија.

Затоа залудно е расправањето кој ни е поголем “пријател“ кога фактички таков никогаш не сме ни имале ниту ќе имаме, она што се брои е интересот и договорите што ги имаат меѓу себе сите големи играчи.

Терањето пропагандни обвинувања на едните притоа амнестирајќи ги другите и вице верса за повторно да се доведуваме во иста ситуација ни прави единствено - Штета!
 
fmi,
„Проблема на този договор„ не е што падна во вода, не се ни процентите. Може да се 50-50, може и 90-10, не е важно. „Проблема „ во договорот е само ЕДЕН - тоа што ги шамара тие што не сакаат да прифатат дека нема „браќа„ „братучеди„ и дека СЕ Е ИНТЕРЕС. Освен ако не е „братска должност„ со договор да си утврдуваш процент од имотот на помалиот брат. Во тој случај се извинувам, различно сме го толкувале поимот брат.
 
Договорот во голема мера беше исполнет што се однесува на штетата која ни е направена, точно се гледаат игрите на Западот и Истокот во некорист на Македонија.

Затоа залудно е расправањето кој ни е поголем “пријател“ кога фактички таков никогаш не сме ни имале ниту ќе имаме, она што се брои е интересот и договорите што ги имаат меѓу себе сите големи играчи.

Терањето пропагандни обвинувања на едните притоа амнестирајќи ги другите и вице верса за повторно да се доведуваме во иста ситуација ни прави единствено - Штета!
Има една речица-нема вечни приjaтели има вечни интереси.
Па нормално да си го изполнат. Това беше договар,коjто раздели света на 2 големи зони на влиjaние. Никоja страна не беше луда да настапи другата(со малки изклучоци со мали препокуваниja во далечна Азиja,но това си беше чисто тестиране на оружието) ...
И вапреки "желбите" и договорите за неjaдрен арсенал на Балканот- имаше.
 
Гледам некои овде на форумов односите на релација Македонија-Русија го сваќаат фаталистички,имаат огромни очекувања за после неисполнување на тие нереални очекувања да дојдат до големи разочарувања за после тоа да следат обвинувања за предавство и не знам уште какви не напади врз Русија.
Ако ние сами не работиме Русија нема да работи за нас за нашите интереси да се остваруваат.
Ние само на долг рок на дефинирани стратегиски односи со Русија можеме да си ги оствариме нашите интереси.
Најдобрите можни односи во прв ред со Србија Бугарија Русија Украина според мене се нашиот најважен стратегиски припритет.Веднаш зад нив односите со другите соседи Грција Албанија па и Турција и односите со ЕУи САД.
Грешката на нашата политика е што ЕУи САД ги има како припритети во нашата сттратегија Русија ја нема..Тоа никако не можам да го разберам зошто е така кога и за многу членки на ЕУ односите со Русија имаат стратегиско значење.
Сакам да кажам дека тоа што сега во моментов сме се определиле за ЕУ и САД не би требало да ја брише Русија како стратегиски партнер која би била на третото место на наши приоритети.
Јас би сакал да биде Русија на првото место на нашите приоритети некој ќе тврдат дека тоа треба да биде ЕУ некој САД и со многу аргументи ќе тврдат дека е подобро тоа за Мекодинија но сепак мислам дека огромниот дел од македонскиот народ ќе сака Русија да ја види барем на третото место.
 
Е да, наместо Грција сум напишал Србија. Грешка е. Мене пак, воопшто не ми е јасен остатокот од твојот пост. Мислам јасно ми е дека Бугарија не призна, ама што барала таа 40.000 војска (ако воопшто била таму - овде е вообичаено вакви, конкретни тврдења да се поткрепат со некаков извор). Ти како да сакаш да кажеш дека Бугарите се претргнале да ги заштитат македонските национални и државни интереси и дека бугарските желби ја диктирале руската политика :) ??? Како што реков секоја држава си поаѓа од свои економски и државни потреби. Така и твојата, така и Русија.
За извор може да ги прашаш лугето кои седеха 3 месеца време во окоп, во тоа време 40 000 беа мал дел от бугарската воиска.Бугарија не сакаше воина с србија.Преди да прогласат македонија како независна страна македонските политичари прашаха бугарските дали ке имат поткрепа ако тоа го сторат,нашите има казаха да! Кога Бугарија призна Македонија като независна Србија понуди сојуз на Грциа да и го даде охрид и битола а да си го зачува останалиот дел от Македонија .Бугарија испрати 40 000 воиска на србската граница и сака подкрепа от Русија.Кога србите разбраха дека Борис Елцин ке иде во софија понудиха да има средба мегу БГ-ГР-СР да се дели Македонија на 3 дела ,Желев одби и каза че не сака да слушне за таква средба.
President Zhelev on the recognition of Macedonia by Russia
 
Кој не гледа денес кој е реалниот непријател тоа е негов проблем.
Не е Русија таа што бара "решение" за името за подобри односи...
 
Проблемот е што Русија секогаш работела против нас, никогаш не ни сакала да соработува со нас гледано назад низ историјата, а и сега исто така....
Патем:
Русија ќе го поддржи решението за името што ќе биде поддржано од двете страни, изјавил Владимир Путин

Атина, 30 април (МИА) - Русија сака да биде најдено решение за спорот меѓу Атина и Скопје за името и ќе го прифати решението за проблемот што ќе биде прифатено од двете страни, изјавил рускиот претседател Владимир Путин по разговорите со грчкиот премиер Костас Караманлис кој денеска ја завршува официјалната посета на Русија.

Караманлис изјавил дела Македонија ќе биде поканета во НАТО, откако ќе биде изнајдено решение за проблемот со името.

„Грција се стреми кон заеднички прифатливо, одржливо и консензусно решение за тоа прашање, кое ќе биде одобрено и од Советот за безбедност на ОН“, ја пренесуваат грчките весници изјавата на Караманлис.
http://www.idividi.com.mk/English/438855/
Исто како да бара решение за името....
 
Гледам некои овде на форумов односите на релација Македонија-Русија го сваќаат фаталистички,имаат огромни очекувања за после неисполнување на тие нереални очекувања да дојдат до големи разочарувања за после тоа да следат обвинувања за предавство и не знам уште какви не напади врз Русија.
Ако ние сами не работиме Русија нема да работи за нас за нашите интереси да се остваруваат.
Ние само на долг рок на дефинирани стратегиски односи со Русија можеме да си ги оствариме нашите интереси.
Најдобрите можни односи во прв ред со Србија Бугарија Русија Украина според мене се нашиот најважен стратегиски припритет.Веднаш зад нив односите со другите соседи Грција Албанија па и Турција и односите со ЕУи САД.
Грешката на нашата политика е што ЕУи САД ги има како припритети во нашата сттратегија Русија ја нема..Тоа никако не можам да го разберам зошто е така кога и за многу членки на ЕУ односите со Русија имаат стратегиско значење.
Сакам да кажам дека тоа што сега во моментов сме се определиле за ЕУ и САД не би требало да ја брише Русија како стратегиски партнер која би била на третото место на наши приоритети.
Јас би сакал да биде Русија на првото место на нашите приоритети некој ќе тврдат дека тоа треба да биде ЕУ некој САД и со многу аргументи ќе тврдат дека е подобро тоа за Мекодинија но сепак мислам дека огромниот дел од македонскиот народ ќе сака Русија да ја види барем на третото место.

Кнез, повеќе или помалку сличен став имам и јас. И постов држи вода, само има еден голем недостаток - се однесува на погрешна таргет група.
Еве на пример јас сум резервиран во однос на Руската политика. Значи НЕ ги мразам, не викам дека треба сосема да се откачат (нели реков дека со доста ставови се сложувам)само НЕ им верувам безрезервно. И сега, според логиката на болдираното (а има логика) - нема нереални очекувања = нема големи разочарувања= нема „обвинувања„ и „напади„. Пак викам, логиката е многу точна, ама важи за тие што веруваат во „братства„ во политиката, па чувствата им варираат од љубов до мразење и обратно, зависно од некоја изјава или потег во текот на денот. Има примери на нашите форуми, ама особено се карактеритични за некои соседни.

Да скратам - треба да се има алтернатива за ЕУ/НАТО, да се користи за преговори, економска корист па и за пазарења, зошто да не, ама дајте луѓе доста веќе со тоа дека некој „ни е брат, крв, не сака/мрази„ и слично. Од кога е светов немало такво нешто.

За вториот болд, убава мисла со „само една ситница„ - за добри односи треба двајца, во спротивно не зборуваме за однос туку за силување.
 
Проблемот е што Русија секогаш работела против нас, никогаш не ни сакала да соработува со нас гледано назад низ историјата, а и сега исто така....
Патем:

http://www.idividi.com.mk/English/438855/
Исто како да бара решение за името....
Па кога сами ќе си го смениме името,Русија ќе не признае под новото име.Путин меѓу редови ти вика дека ако сме глупи да го смениме името,тие ќе не признаат под новото име.
 
Кнез, повеќе или помалку сличен став имам и јас. И постов држи вода, само има еден голем недостаток - се однесува на погрешна таргет група.
Еве на пример јас сум резервиран во однос на Руската политика. Значи НЕ ги мразам, не викам дека треба сосема да се откачат (нели реков дека со доста ставови се сложувам)само НЕ им верувам безрезервно. И сега, според логиката на болдираното (а има логика) - нема нереални очекувања = нема големи разочарувања= нема „обвинувања„ и „напади„. Пак викам, логиката е многу точна, ама важи за тие што веруваат во „братства„ во политиката, па чувствата им варираат од љубов до мразење и обратно, зависно од некоја изјава или потег во текот на денот. Има примери на нашите форуми, ама особено се карактеритични за некои соседни.

Да скратам - треба да се има алтернатива за ЕУ/НАТО, да се користи за преговори, економска корист па и за пазарења, зошто да не, ама дајте луѓе доста веќе со тоа дека некој „ни е брат, крв, не сака/мрази„ и слично. Од кога е светов немало такво нешто.

За вториот болд, убава мисла со „само една ситница„ - за добри односи треба двајца, во спротивно не зборуваме за однос туку за силување.

Од друга страна, апсолутно го поддржувам ова, и како човек и од аспект на „односите„ :aplauz::

http://www.index.hr/vijesti/clanak/...oci-ce-u-gasenju-pozara-u-rusiji-/506653.aspx

Makedonski kanaderi pomoći će u gašenju požara u Rusiji
 
Па кога сами ќе си го смениме името,Русија ќе не признае под новото име.Путин меѓу редови ти вика дека ако сме глупи да го смениме името,тие ќе не признаат под новото име.

Па истото го кажа и Америка.Каде Америка нас не присилува да промениме име?Како и Русија така и Америка го поддржува процесот за изнаоѓање решение за името. Е сега, ако се почне со conspiracy theories како што вели од тука еден наш член, тогаш нема потреба од понатамошна дискусија, тоа е исто како да кажам јас на тоа, „Американците не се виновни, туку руски агенти работат на тој процес вршат саботажи во земјава се со цел да не натераат да најдеме решение со Грците“....
И патем, зошто Русија сака да најдеме решение за името, зошто едноставно не каже :„Ние цврсто стоиме зад Македонија и нема да ја промениме нашата одлука донесена во 1991 година“??
 
Поради 2 прости причини. На никоj сега не му се сака да има напрежение на Балканот,па затова и се бара решение и каквото и да е ке биде прието. И второ Русиja беше ставена во тази состоjба(во добрата смисла),а не бираше сама дали да ви признае или не.Баш затова Русиja не се меши толкова далбоко во този проблем.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom