Мине лично не ми се свига глумењето на Бускетс али кога едниве се касапи и маваат како да им е последна можат и другиве да глумат. А и морам да ја спомнам глумата на Ди Марија која што гледам дека ја заборавате при првиот контакт со Алвес каде исимулира фаула а со тоа створи и добра шанса за Реал. Таму едноставно немаше никаков допир.
Што се однесува за легачењето, да, и јас несакам да гледам балет али несакам да гледам ни рагби. Кој ги гледал последниве 4 утакмици помегу Барса и Реал знае за што зборам.
За натпреварот, секоја чест само за Роналдо, само тој играше и само тој се трудеше од Реал. Другиве од Реал мислиш чекаат пијачка на шанк.
Гледам некој збори за безконечните додавања на Барса. Па на Бернабе се играше првата ако не ви текнува. На Барса и 0-0 им беше добар резултат као за на гости, Реал беше домаќинот, Реал играше пред 80 илјадна своја публика, на Реал му требаше победа. А и зашто Барса би нападнале кога другиве идеа стриктно на контри и чекаа некоја грешка во додавањата помегу одбраната и средиот ред.
Реал беше тој што требаше да нападне или во најмала рака да врши константен притисок врз одбраната на Барса и нејзиниот среден ред. Па не беше за џабе реакцијата на Роналдо у прво полувреме. Освен Роналдо другиве буквално стоеја во средината ко на коњопој.
Да нападнеа Реал ќе гледавме многу подобар фудбал, бидете уверени во тоа. Али тоа беше нивно право исто како што беше правото на Барса да си додава до сабајле помегу одбраната и средниот ред знаејки дека другата недела играат дома.
Што се днесува до црвениот картон, многу пати се доделувало директен црвен за ваков старт али исто така сме гледале како се дава и само жут картон за сличен старт, се е до критериумот на судијата, али како што кажа и Џони, мислам дека постои како запишано правило да се суди директен црвен картон за отворен ѓон на нога.