UEFA Champions League 2010-2011

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ја освои Лигата на Шампионите?


  • Вкупно гласачи
    171
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Не гледам како Арсенал би ја поминал Барселона. Минативе сезони се покажа дека само екипи кои играат одлична одбрана можат да им парираат на Каталонците. Резултатот од 2-1 е фантастичен ама не лаже, затоа што многу пати голот им висеше во воздух пред финишот, имаа среќа што Меси не беше попрецизен. Ако дојде работата до контри Арсенал ќе има шанса, но Барселона има цели 90 минути да си прави иницијатива без многу форсирање, посебно во првото полувреме. Теренот им е поширок и многу повеќе простор имаат за нивните комбинации.

Така да, не верувам дека е реално, но се надевам дека Арсенал ќе се надминат и ќе приредат изненадување. Ако го издржат првиот час во финишот се ќе биде на нивна страна, но тоа е многу тешко сценарио.
 
Очекувам да биде 0-3 на полувреме и да одам да се журкам. :))))
 
Ке видиме вечер кој е во право ...

Исто така Кошчиелни и Џуру не се ништо поарни од Абидал и Баскетс
 
Не гледам како Арсенал би ја поминал Барселона. Минативе сезони се покажа дека само екипи кои играат одлична одбрана можат да им парираат на Каталонците. Резултатот од 2-1 е фантастичен ама не лаже, затоа што многу пати голот им висеше во воздух пред финишот, имаа среќа што Меси не беше попрецизен. Ако дојде работата до контри Арсенал ќе има шанса, но Барселона има цели 90 минути да си прави иницијатива без многу форсирање, посебно во првото полувреме. Теренот им е поширок и многу повеќе простор имаат за нивните комбинации.

Така да, не верувам дека е реално, но се надевам дека Арсенал ќе се надминат и ќе приредат изненадување. Ако го издржат првиот час во финишот се ќе биде на нивна страна, но тоа е многу тешко сценарио.
На напад се спротиставува со напад. Посебно екипа како Арсенал што може долго да ја задржи топката во посед. Ни малце не верувам дека ке се брани Венгер и затоа сметам дека утакмицата вечер ке биде one of a kind!
 
Или Барселона ќе победи 5-0,или Арсенал на спектакуларен начин ќе ја испадне!
 
На напад се спротиставува со напад. Посебно екипа како Арсенал што може долго да ја задржи топката во посед. Ни малце не верувам дека ке се брани Венгер и затоа сметам дека утакмицата вечер ке биде one of a kind!
Да ама како заврши тоа лани? И Интер ги напаѓаше на Меаца, ама играчите имаат сигурност со добра одбрана назад. Ова со Арсенал, не знам... прашање дали ќе дојдат воопшто во ситуација, или ќе примат гол брзо па на сите маки ќе треба и да бркаат резултат...
 
брат челзи освојува 100%
а ако освои некој 3 тогаш никому ништо :smir:
 
Тие преценувања нон стоп ги слушам. И кога играме со Реал во лига и кога играме ЛШ.
Сигурно нема да има 2.5 коефициент Барселона, кога игра дома. Се знае дека можностите да не победи се сведени под нула :)

Реално, 1.30 е премалку. Ај 1.70 би било океј. Ќе си лупнам 2ка за 100ка, и да паднам ништо страшно.

Да ама како заврши тоа лани? И Интер ги напаѓаше на Меаца, ама играчите имаат сигурност со добра одбрана назад. Ова со Арсенал, не знам... прашање дали ќе дојдат воопшто во ситуација, или ќе примат гол брзо па на сите маки ќе треба и да бркаат резултат...

Насри и Аршавин, контрите на Арсенал, тоа е надежта. Особено со Абидал и Бускетс, шансата се зголемува.

Ма да, точно тоа дека Арсенал нема цврста одбрана, и тој висок пресинг може е со две острици. Или Барса ќе даде гол на тој познат начин, со пас на граница на офсајд и излегување на Меси, Виља уан он уан со голман, или изгубена топка таму ќе биде шанса за Арсенал од контра. :)
 
Не гледам како Арсенал би ја поминал Барселона. Минативе сезони се покажа дека само екипи кои играат одлична одбрана можат да им парираат на Каталонците. Резултатот од 2-1 е фантастичен ама не лаже, затоа што многу пати голот им висеше во воздух пред финишот, имаа среќа што Меси не беше попрецизен. Ако дојде работата до контри Арсенал ќе има шанса, но Барселона има цели 90 минути да си прави иницијатива без многу форсирање, посебно во првото полувреме. Теренот им е поширок и многу повеќе простор имаат за нивните комбинации.

Така да, не верувам дека е реално, но се надевам дека Арсенал ќе се надминат и ќе приредат изненадување. Ако го издржат првиот час во финишот се ќе биде на нивна страна, но тоа е многу тешко сценарио.
Терените за ЛШ имаат стандардни големини, ми се чини дека може да варираат до 1-2 метри, али Емирати и Кампот се исти по димензии, т.е. 105 × 68 metres.
 
Играв X за 250 денарчики
 
А што константно се спомнуваат Абидал и Бускетс.
Очигледно никој ја нема гледано Барселона од ланското 1/2 финале.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom