Дали на фудбалот му е потребен ремонт?

  • Креатор на темата Креатор на темата Turrican
  • Време на започнување Време на започнување
Боби[Мкд];3626872 напиша:
Еве едно добро правило, ваљда ќе се согласите:

За реми без голови тимовите да не добиваат поени, тоа ќе го отвори дефинитивно натпреварот. :) Во секој натпревар едниот тим ќе се труди барем гол да постигне, оти ако не постигнал исто му е ко да загубил. Ова ќе го подобри квалитетот.

За ремија со голови да делат по еден поен.

Е ова ти е паметно :)
 
Мене ми се свиѓа третото за црвен картон да не значи играч помалку туку замена и соодветна казна потоа и тоа од БОБИ(мкд) да нема бодови за реми без голови.Мислам дека овие работи би смениле многу...
 
Реформата на Арсен Венгер : За секој постигнат гол , над минималниот резултат за победа , тимот добива по 1 поен.:nesvest:

А , ако со резултат 0-0 не се добива поен , тогаш не е фер со резултат 1-1 и 4-4 да се добива пак 1 поен. Малкуте голови на првенствово се последица на тактиките што ги прават селекторите. Они се дојдени за резултат , а не за голови. А тоа што Бразил неможе да даде 5 гола против Кореја , значи дека Кореја се подобрила на репрезентативно ниво , а не дека голот е мал и дека има многу играчи на терен.


Сега се сетив. Реформа на Арсен Венгер 2 : Аутите да се изведуваат со нога.:nesvest:
 
Сега се сетив. Реформа на Арсен Венгер 2 : Аутите да се изведуваат со нога.:nesvest:

Тогаш би немало потреба од корнер и од секаде би се нафрлало што нема да е фер за одбранбената екипа!
 
Тогаш би немало потреба од корнер и од секаде би се нафрлало што нема да е фер за одбранбената екипа!


Знам. Уште истиот ден кога излезе со оваа идеја , сите го рекоа истото.
 
За направени 10 фаули да се изведува пенал.
Ако екипата се брани подолго од 20 минути, пенал.
За три остри фаули над играч што вреди над 20 милиони евра, пенал.
Ако на некој не му се допаѓаат овие правила, пенал
 
Глупости на кило. Па која би била убавината на играта ако нема изненадувања и тактички надмудрувања. Мене повеќе ме нервира што некои тимови владеат финансиски и се класи пред останатите во лигите и што се повеќе лигите се базираат на 2 (максимум 3 екипи) кои газат се пред себе. Како сакате една Алмерија да речеме да му се спротистави на Реал или на Барса.. Ако едниве можат да прават што сакаат со парите така и другите имаат право да се бранат на утакмици. Вие сите навивате за јаки тимови и сакате победи од по 100-0. Епа нема, тоа е фудбалот, НАДМУДРУВАЊЕ...
 
темава треба во чек дис аут...нема најави за смена на правилата во фудбалот ова се само пусти желби фантазии и пукање сеир...
 
Ооооооо ЧДА тема а!

Уште коа ги виде првите два поста на креаторот на темата (споредбата со баскет или кошарка) знаев дека е ЧДА тема!:toe:
:sport1:Ајде билдајте постови додека можете!
 
на фудбалот не му треба ремонт....треба да се забрани да се игра во кладилници САМО .....
 
Лично мене во фудбалот најмногу ме нервира ебеното "катанаџо".Една од мерките кои би требало да се преземат против тој убиец на фудбалската игра би можело да бидат и зголемените голови и тоа најмалку за 35 цм во сите правци,ова им го предложив на Фифа и ми рекоа дека е добар предлог и дека одамна размислувале за тоа.Зошто 35 цм,па затоа што дијаметарот на современата фудбалска топка е околу 35 цм,па автоматски сите стативи се претвораат во голови,што допринесува за поголема возбуда на теренот и ,меѓу навивачите.Кога некој серковци ќе формираат катанаџо пред голот,шутовите кон зголемениот гол би биле поефикасно с-во со кое би се постигнал гол.Исто така,за утакмица без голови не би требало да се делат бодови,тоа е исправно,не може 90 мин. да се игра без голови а потоа и бодови да се делат.Позз
 
Освен то да нема поени за 0-0 резултат, не гледам друга реална промена. Макар шо јас и со то не би се согласил, ама би прошло некако и кај мене.
А друг „ремонт“ само оти Бразил не ја „размонтирал“ Севрна Кореја е многу смешна работа.
 
Правилата си се јасни како ден,нема потреба од никакви ремонти или измени.
 
За направени 10 фаули да се изведува пенал.
Ако екипата се брани подолго од 20 минути, пенал.
За три остри фаули над играч што вреди над 20 милиони евра, пенал.
Ако на некој не му се допаѓаат овие правила, пенал


3 корнери, Пенал?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom