Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мене ми е најмногу мило поради Syn, на раб на инфаркт беше со Рафа :pos:
Не, далеку од тоа, мене ме иритираше само фактот што гледав сценарио кое ни Хичкок не може да го режира, и онака, не ми беше јасно, како бе ... како успеа ова да го направиш од тимов.
Значи тука во пакет Се доаѓа, и изјави полни со карактер и контрадикторни изјави и тактички замисли со Мунтари и Дејо ко крила и однос тренер-играчи, милион идентични повреди и тн и тн, Се што не треба да биде карактеристика за тим кој атакува на голем трофеј, значи пази, тим кој атакува на голем трофеј ко Рома на пример, или моменталниов Јуве, а да не зборам за онаа карактеристика која треба да ја има тим кој до пред само неколку месеци ја заверуваше тројната круна.

И капак на Се, додади на ова дека типот ке ќари накај 3 милиони евра.

Инаку сезонава нит летаа далечински нит се трошеа нерви за тимот, онаа тројна круна делуваше ко еден долгорочен дијазепам за мене али вакви нефер појави во општеството ке те тангираат и ниту 1 седатив нема да може да ти помогне ...
 
Welcome to the Club. :D
Шала на страна, баш у дискусија со другар, фан на Милан, му имам кажано дека најдобро за Милан, покрај тимот што сега го имаат е и да го имаа Лео и оваа година со нив зашто со онаа повраќаница од тим лани, послаба и од тимот на Анчелоти кога се пласираа во УЕФА купот, изгледаше солидно а и загриза здраво за титулата од Јануари нагоре.

Немам големи очекувања како и да е ради сегашнава ситуација на табела, ама од наредно лето да, и очекувам минимум еден асален бразилец да се доведе, а зашто да не и повеќе. :))

Па вака да ти кажам можеби ептен онака гејски или проѕирно изгледаат тие оправдувања дека немаше тим со кој може да претендира за титула ...
Но да ја согледаме ситуацијата од почеток! Дојде како тренер кој наследува човек кој 8 години го предводеше Милан, во истото лето човекот го загуби играчот кој беше главен играч и единствена светла точка до тој момент.
Продолжуваме... Му го носат за засилување Хунтелар , а подоцна на полусезона и Мансини (коебилоWTFсмајли).
Сега сите необјективни фанови на Милан ќе почнат со приказните од типот на „Јуда“ , ОК јасно ми е фановите може се изиграни но што да рече Леонардо? За кој К** мораше он да биде експериментот од ланската сезона? Од старт беше десеткуван... Но како фан сум задоволен од неговата работа... Единствено може да му се замери на двомечот со Манчестер и двата натпревари со Интер... Но ај да напоменеме играше против Фергусон и Мурињо за кои што не ми се раскажува за нивното искуство и за нивните успеси во последниве 10 години.Ах да ќе заборавев, со Манчестер двете утакмици го немаше Силва а во втората и Неста се повреди! Но сепак до 5 кола пред крај беше во комбинација за Сериа А и доста добро се држеше, можеше и да премине во водство но за тоа да не се случи се погрижи WTF засилувањето!

Мислам дека е паметен потегов на Морати. Интер се доведе во ситуација да во екипата недостасува мотив кај играчите. Ова дефинитивно беше еден од појаките карактеристики на Лео... Од друга страна се надевам дека е доволно паметен и нема да изиграва кловн и да експериментира , ма всушност и што има да експериментира ако се знае дека го наследува истиот шампионски тим на Мурињо со тоа не гледам некоја поголема сериозност околу проблемот за кој беше најкритикуван ондосно поставувањето на тактикака...

Е сега не се надевајте дека ќе ви донесе чуда од бразил повеќе надевајте се да го видите вистинскиот потенцијал на тој бразилец што го имате во тимот, Коутињо.

Дефинитивно ситуацијата со бразилците кај вас и кај нас е иста така да средината ќе му одговара ...

Од моја страна ќе му посакам среќа :) јас го почитувам сеуште како и претходно и тврдам дека беше жртва на некој глупав експеримент во Милан... успех нема да му посакам од добро познати причини, но дефинитивно ќе бидам среќен ако ги заќути муцките на целата јавност а и на тие што го избркаа од Милан! Да оставиме простор

Пс. Ова е мој подолг пост по подолго време можеби требаше да биде напишан во друг фан клуб тука да не се свати како провокација , но ме фати страв дека повеќе провоцирачки би бил таму, зошто стварно необјективноста стана главна мана на форумов а со тоа и на многу членови и не им се дискутира и више не пишуваат на форумов !
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
Едина добра работа кај Љеонарду е што јако им го плесна на комшикиве.

Замислете што ќе биде па Кака ако дојде? А замислете се уште малку (не многу :wink:) па што ќе биде ако Интер со нинџа желкава освои титула оваа година?
 
Едина добра работа кај Љеонарду е што јако им го плесна на комшикиве.

Замислете што ќе биде па Кака ако дојде? А замислете се уште малку (не многу :wink:) па што ќе биде ако Интер со нинџа желкава освои титула оваа година?
И сето тоа е Science fiction :tv:
Барем за мене т.е за оваа година...
 
Едина добра работа кај Љеонарду е што читам интересни коментари на фановиве на Билан. Замислете што ќе биде па Кака ако дојде? А замислете се уште малку (не многу :wink:) па што ќе биде ако Интер со нинџа желкава освои титула оваа година?

За Кака никогаш лош збор нема да чуеш од 90% од фановите на Милан... Тој си е човек на место, со неверојатен квалитет. Како што напишаа кај нас, Милан од него не направи играч, ниту човек. Кака сите тие квалитети си ги имаше. Нема да ми биде мило ако отиде кај вас, но никогаш тоа не може да се изедначи со Леонардо...
 
За Кака никогаш лош збор нема да чуеш од 90% од фановите на Милан... Тој си е човек на место, со неверојатен квалитет. Како што напишаа кај нас, Милан од него не направи играч, ниту човек. Кака сите тие квалитети си ги имаше. Нема да ми биде мило ако отиде кај вас, но никогаш тоа не може да се изедначи со Леонардо...

Истото и јас сакав за Ибра да ти го кажам...
 
За Кака никогаш лош збор нема да чуеш од 90% од фановите на Милан... Тој си е човек на место, со неверојатен квалитет. Како што напишаа кај нас, Милан од него не направи играч, ниту човек. Кака сите тие квалитети си ги имаше. Нема да ми биде мило ако отиде кај вас, но никогаш тоа не може да се изедначи со овој потег на Леонардо...
Зашто ?
Лео е сега тренер, ваква прилика тешко дека друг пат во животот ќе добие ...
Тоа што лани имаше мизерни услови во Милан е друга работа, самиот Пејо на ваш фан клуб пишуваше дека ке му извалкаат само CV со начинот на кој функционираа оние од '' горе ''. Колку и да имал фантастичен третман во Милан, он како тренер, професија која се решил очигледно да си ја тера во животот у нареден период, имаше беден третман и тоа е тоа.
Ако ги одбиеше сега Интер, тешко дека ке имаше шанса да води ваков клуб во иднина, па не гледам причина зашто би се жртвувал сега за Милан. А за Кака, не гледам некоја разлика во случај да дојде во Интер, т.е., повеќе ќе боли неговото доаѓање тука за фановите на Милан отколку она на Лео, убеден сум дека ке добие третман сличен ко овој што сега Лео го добива, ако не и бетер.
 
Честито нов тренер. Искрено како фан на Милан никогаш не ми бил при срце, ама ќе видиме времето ќе покаже. Како и да е со среќе нека ви е.
 
За Кака никогаш лош збор нема да чуеш од 90% од фановите на Милан... Тој си е човек на место, со неверојатен квалитет. Како што напишаа кај нас, Милан од него не направи играч, ниту човек. Кака сите тие квалитети си ги имаше. Нема да ми биде мило ако отиде кај вас, но никогаш тоа не може да се изедначи со Леонардо...
A шо, Леонардо беше тапа фудбалер вие му направивте услуга? Од кога гледаш фудбал?
 
Едно прашање, Денес е Католички Божиќ?

Утре, денес е бадник.

--- надополнето ---

Пак нешто не се разбираме со гугл транслејт, ако може некој да ми каже што значи текстот на слајдот?

duped.png


Гугл Транслејт, стар заебант... :pos:
 
111049-500.jpg


Ова ги боли комшиите,, ко на пример Мурињо да потпише за Милан,, Од самата помисла да се наежиш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom